Нема да бидам EPL bandwagoner и ќе речам дека според мене таа е трета лига. Зошто? Еве зошто:
1. Она што сите EPL fanboys ќе го речат за останатите лиги е дека нема конкуренција, демек Примера била 2 клуба, Бундеслига била само Баерн...а што зборуваат фактите? Од оформувањето на EPL, баш таа лига има најмалку различни прваци, помалку и од Бундеслига и од Примера споредено во истиот тој период. Секоја година е или Јунајтед или Челзи, порано се вмешуваше и Арсенал.
2. Бундеслигата има талент. Примера ги има најдобрите фудбалери на светот. Што има ЕPL? Најголема делузија на светот е онаа на англичаните дека нивните фудбалери се всушност добри. ЛОЛ. Пола од првиот состав на Јунајтед не би биле трети резерви во Барса или Реал, а освојуваат кажи-речи секоја година.
3. Конкурентноста на помалите тимови во EPL e поголема. Не, само Барса и Реал се премногу јаки. Погледнете им ги составите, мислите дека еден Блекбурн или Стоук би изиграле подобро од 11-пласираната Севиља која го има првиот напаѓач на Бразил и еден од најдобрите африкански фудбалери во својот напад? Па и Херкулес ги победи Барса на гостински терен, и Леванте играше нерешено со Реал.
4. Стилот на игра во EPL е подобар. Ова е веќе прашање на вкус. Мене ми изгледаат како коњи без техника. Преферирам техника и добро изградени акции во однос на коњски трки. Доколку веќе не ве бендисува Примера, Бундеслигата според мене има најдобра игра. Редовно си паѓаат голови, не се знае кој е прв кој е последен, огромни таленти што се покажа на СП итн итн.
5. Англиските тимови се најконкурентни во Европа. Затоа што минале групна фаза? ЛОЛ. Се согласувам дека англиските екипи имаат значителен прогрес во Европа, но на крај се гледа само победникот. Интер - Барса - Манчестер. Не гледам доминација. Лани во полуфинале на ЛШ - Барса, Интер, Баерн, Лион. Каде е англиската екипа? Најголем прогрес во Европа има Бундеслигата, а тоа се гледа и по поените кои ги добива.
Има уште милион причини зошто EPL не е ниту прва, а според мене ниту втора лига. Она што се случува е само bandwagon ефект.
Ах, за Сериа А. Тоа е веќе бавна смрт. Ако сакаш да ти изумрат мозочните клетки, седни гледај Сериа А. Единствено што се гледа и слуша е туп-туп-туп кога удараат топка, поради тоа што има едно 5-6000 во публика. Убедливо најслаба лига од 4-те водечки.
Завршно рангирање:
1. Primera
2. Bundesliga
3. EPL
4. Serie A