Која е најдобра лига според вас?

Што мислете која е Најдобра Лига од наведнативе?

  • Премиер Лига

    Гласови: 229 48,2%
  • Примера Дивизија

    Гласови: 88 18,5%
  • Сериа А

    Гласови: 109 22,9%
  • Бундес Лига

    Гласови: 33 6,9%
  • Некоја друга што не е на Анкетава

    Гласови: 16 3,4%

  • Вкупно гласачи
    475

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Навивач сум на милан ама Сериа А не си можи со Премиер Лигата. Убедливо најдобар фудбал играат англичаните
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.413
Поени од реакции
2.547
Премиер лига
Примера
Серија а
Бундес лига
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.719
Поени од реакции
43.767
До пред година две и шпанската можеше да и парира за првото место, но, веќе се изгуби интересното во таа лига. Гледав 3-4 кола на почетокот и се откажав, едноставно не ми е интересно да гледам како Барса и Реал ги пунат сите со по 3-4 гола, како противниците нивни уште од старт да се откажуваат од бодовите, така изгледа.
Тоа е тоа.. Вчера седнувам пред ТВ демек Еспањол - Барса да гледам, нели каталонско дерби.. 0:2 до 20та минута и што ќе се гледа после?? Исто и Реал-Атлетико... И уште многу утакмици, кои сум седнал да ги глеам, демек интересни ќе се.. Ама во 20та минута веќе се знае победникот.. Овие италијаните пак, многу досаден фудбал играат.. Едвај ако може некое дерби да седнам да го гледам..

Во Англија, можеби оти навивам за Јунајтед, можам да гледам било-кој меч.. И овие помалите екипи кога играат, обавезно се интересни и паѓаат по 3 гола и прават добри акции.. :)
 

derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Премиер Лига
Како прво таму се игра најубав фудбал, има најдолга фудбалска традиција и најдобра фудбалска култура.
Таму нема дивеење по трибини и се помалку и надвор од стадионите, тоа е и благодарение на одлучните интервенции на властите во 80 те, луѓето фино и културно одат да гледаат фудбал во едни од најмодерните стадиони во светот.
Во првите три најскапи клубови 2 се од Англија, Јунајтед(иако плива во долгови) и Арсенал.
Другото е се веќе кажано
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.595
Поени од реакции
22.583
Според кој критериум најдобра, каде се вртат најмногу пари или каде се полнат стадиони или каде се игра најотворен фудбал??

Иако сум фан на Барселона, според мене, во целина најдобра лига е Премиер Лигата. А, најзаслужна за тоа е ФА(фудбалската асоцијација на Англија). Секоја им чест за распределбата на ТВ-правата.
Во Англија сите екипи играат ист фудбал, брз, технички поткован најдобро што е можно, дисциплиниран и отворен. Не можеш да најдеш екипа која ќе се брани со 10 играчи. Кога игра последниот против првиот како да гледаш дерби-натпревар. Наместо последниот тим да постави автобус пред голот, игра со цел да освои 3 бода. Тоа е за РЕСПЕКТ. Стадионите се топ. Навивачите одлични, бебе да го оставиш само на трибините ништо нема да му се случи(освен што може да му пукнат тапанчињата, ама тоа е далеку од насилство:)).

Втора, според мене, е Примера Дивизион. Виновници што не е прва, се федерацијата на Шпанија. Лоша, катастрофална распределба на ТВ-правата. Иако сум фан на Барса, сум против моменталната распределба. Реал и Барселона ги кркаат 90% од парите, а за другите - ако остане. Е, во таа грешка лежат сите останати лоши работи. Да земаат помалите клубови повеќе пари од ТВ-правата, и тие ќе си купат поквалитетни играчи и ќе имаат поразвиена школа, па до некаде ќе можат да им се спротистават на поголемите клубови. А, сега, нормално дека со аматерски играчи, со по две леви нозе, ќе мора да се бранат со автобус пред голот. А, и навивачите не се на тоа ниво како во Англија(иако мене повеќе ми се допаѓа ова во Шпанија), понекогаш се случуваат инциденти(додуша, немало одамна поголеми, ама за разлика од Англија, многу се почести).
Шпанија, има многу голема и богата традиција, мислам дека во моментот најдобрите играчи играат токму во Ла Лига и затоа заслужува подобра организација, пред се во распределба на ТВ-правата.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Нема да бидам EPL bandwagoner и ќе речам дека според мене таа е трета лига. Зошто? Еве зошто:

1. Она што сите EPL fanboys ќе го речат за останатите лиги е дека нема конкуренција, демек Примера била 2 клуба, Бундеслига била само Баерн...а што зборуваат фактите? Од оформувањето на EPL, баш таа лига има најмалку различни прваци, помалку и од Бундеслига и од Примера споредено во истиот тој период. Секоја година е или Јунајтед или Челзи, порано се вмешуваше и Арсенал.

2. Бундеслигата има талент. Примера ги има најдобрите фудбалери на светот. Што има ЕPL? Најголема делузија на светот е онаа на англичаните дека нивните фудбалери се всушност добри. ЛОЛ. Пола од првиот состав на Јунајтед не би биле трети резерви во Барса или Реал, а освојуваат кажи-речи секоја година.

3. Конкурентноста на помалите тимови во EPL e поголема. Не, само Барса и Реал се премногу јаки. Погледнете им ги составите, мислите дека еден Блекбурн или Стоук би изиграле подобро од 11-пласираната Севиља која го има првиот напаѓач на Бразил и еден од најдобрите африкански фудбалери во својот напад? Па и Херкулес ги победи Барса на гостински терен, и Леванте играше нерешено со Реал.

4. Стилот на игра во EPL е подобар. Ова е веќе прашање на вкус. Мене ми изгледаат како коњи без техника. Преферирам техника и добро изградени акции во однос на коњски трки. Доколку веќе не ве бендисува Примера, Бундеслигата според мене има најдобра игра. Редовно си паѓаат голови, не се знае кој е прв кој е последен, огромни таленти што се покажа на СП итн итн.

5. Англиските тимови се најконкурентни во Европа. Затоа што минале групна фаза? ЛОЛ. Се согласувам дека англиските екипи имаат значителен прогрес во Европа, но на крај се гледа само победникот. Интер - Барса - Манчестер. Не гледам доминација. Лани во полуфинале на ЛШ - Барса, Интер, Баерн, Лион. Каде е англиската екипа? Најголем прогрес во Европа има Бундеслигата, а тоа се гледа и по поените кои ги добива.

Има уште милион причини зошто EPL не е ниту прва, а според мене ниту втора лига. Она што се случува е само bandwagon ефект.
Ах, за Сериа А. Тоа е веќе бавна смрт. Ако сакаш да ти изумрат мозочните клетки, седни гледај Сериа А. Единствено што се гледа и слуша е туп-туп-туп кога удараат топка, поради тоа што има едно 5-6000 во публика. Убедливо најслаба лига од 4-те водечки.
Завршно рангирање:

1. Primera
2. Bundesliga
3. EPL
4. Serie A
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Нема да бидам EPL bandwagoner и ќе речам дека според мене таа е трета лига. Зошто? Еве зошто:

1. Она што сите EPL fanboys ќе го речат за останатите лиги е дека нема конкуренција, демек Примера била 2 клуба, Бундеслига била само Баерн...а што зборуваат фактите? Од оформувањето на EPL, баш таа лига има најмалку различни прваци, помалку и од Бундеслига и од Примера споредено во истиот тој период. Секоја година е или Јунајтед или Челзи, порано се вмешуваше и Арсенал.

2. Бундеслигата има талент. Примера ги има најдобрите фудбалери на светот. Што има ЕPL? Најголема делузија на светот е онаа на англичаните дека нивните фудбалери се всушност добри. ЛОЛ. Пола од првиот состав на Јунајтед не би биле трети резерви во Барса или Реал, а освојуваат кажи-речи секоја година.

3. Конкурентноста на помалите тимови во EPL e поголема. Не, само Барса и Реал се премногу јаки. Погледнете им ги составите, мислите дека еден Блекбурн или Стоук би изиграле подобро од 11-пласираната Севиља која го има првиот напаѓач на Бразил и еден од најдобрите африкански фудбалери во својот напад? Па и Херкулес ги победи Барса на гостински терен, и Леванте играше нерешено со Реал.

4. Стилот на игра во EPL е подобар. Ова е веќе прашање на вкус. Мене ми изгледаат како коњи без техника. Преферирам техника и добро изградени акции во однос на коњски трки. Доколку веќе не ве бендисува Примера, Бундеслигата според мене има најдобра игра. Редовно си паѓаат голови, не се знае кој е прв кој е последен, огромни таленти што се покажа на СП итн итн.

5. Англиските тимови се најконкурентни во Европа. Затоа што минале групна фаза? ЛОЛ. Се согласувам дека англиските екипи имаат значителен прогрес во Европа, но на крај се гледа само победникот. Интер - Барса - Манчестер. Не гледам доминација. Лани во полуфинале на ЛШ - Барса, Интер, Баерн, Лион. Каде е англиската екипа? Најголем прогрес во Европа има Бундеслигата, а тоа се гледа и по поените кои ги добива.
1. Буквално истото важи и за Шпанија. Или е Реал или Барса, порано се вмешуваше и Валенсија (само што Арсенал има едно 10 пати повеќе шанса да освои ПЛ отколку Валенсија да ја освои Примера).

2. Играчите што не би биле ни трети резерви ги елиминираат неколку години по ред Реал уште во осмина-финале. Ама ако, само нека се преценуваат.

3. Ааааа Херкулес ја тепал Барса и Леванте извадил икс кај Реал, стварно израмнета лига, запрепастен сум :). Најбедниот факт во целиот пост. Ако е затоа, тогаш Арсенал има 3 порази дома од пониско рангирани екипи од него, Јунајтед 6 икса од 7 гостувања исто така кај пониско рангирани екипи, Челзи со 4 пораза од послабо рангирани екипи од нив.

4. Прашање на вкус точно. Не би коментирал тука, тебе ти се свиѓа повеќе шпанската лига, мене англиската. Толку.

5. Англиските екипи не се најконкурентни, ама се меѓу најконкурентните. Тука се стандардните Јунајтед, Арсенал и Челзи, плус напредокот на Тотенхем е огромен што можеше да се види оваа година во ЛШ. (За жал) Манчестер Сити во иднина исто така ќе стане редовен учесник во ЛШ, лани Фулам стигна до финале во Лига Европа што своевидно беше огромно постигнување (ама не може да се мери со иксот на Леванте со Реал).
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.719
Поени од реакции
43.767
Реал и Барса ги имаат најјаките тимови моментално, оти имаат најмногу пари.. Си трошат над 100 милиони на лето и ги собираат најдобрите фудбалери од секоја лига.. Барса додуша ја има една од најдобрите фудбалски школи на светот.. Ама, пак знаат да испуштат добра пара и тоа за резерва.. (Маскерано на пример).. Ќе се смени и тоа, неможат они вечно да бидат богати...ќе ги фати нив финансиска криза, кога-тогаш..
 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Во зависност од то шо е дефиниција за најдобра лига........имат појке поделби :
Убав фудбал - Дефинитивно Ла ЛИга.Од првата до дваесеттата екипа имаат играчи,техничари,кои прават добри потези,даваат по 2-3 голови по наптревар,играат брзо,немонотоно,и слободно мојш да застаниш да гледаш дуел Америја - Хихон, и да си ја чекаш 5+.Во последно време тука е и Бундес Лига,дали шо имаат повеќе странски ичрачи,незнам,али има секој викенд некое дерби////баерн-Волзбург,Баерн-ХСВ,Баерн-Б леверкузен,Шалке-Борусија и сл.....

Традиција и ривалитет - ПЛ дефинитивно.Само да се видат фаците на навивачите после победа или пораз,се ќе стане јасно.....прајслес :)

Публика - Бундес лига.Немат терен испод 45 000 луѓе.А имат екипи кај шо во 90 % од сезоната,трибините се затка....Борусија,Шалке,Баерн....

Мислам дека голем фактор игра тоа колку репрезентативци дава шампионот на земјата.На прм, Барса имат 8 репрезентативци,Баерн 7,.....Челзи 4.марсеј 3....Интер 0.Сега друга работа е то шо цела шпанска репрезентација играт во 3 клуба Реач,Барса и Валенсија......додека во ПЛ секоја екипа има по еден репрезентативец..малте-не.Уствари,кај шо се парите,таму се и репрезентативците.....

и да сумирам,сепак по мое мислење е дека ПЛ БЕШЕ најдобра до лани,но аку Барса или Реал својат ЛШ,тоа ќе се смени....Потоа следуваат ЛаЛИГА,ПА БУндес лига,па Сериа А.....и ЛИГА1! :)
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Според мене најдобар фудбал моменално се игра во Германија, со најмногу голови со безброј пасови. Најмладите и најталентираните фудбалери моментално играат во Германија. Иако сум фан на Интер, Сериа А е моментално втора најдобра лига заедно со Премиер Лига затоа што многу тимови се со мала бодовна разлика, додека пак Премиера има голови само на натпреварите каде што играат Барса и Реал.
:pipi:
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Реал и Барса ги имаат најјаките тимови моментално, оти имаат најмногу пари.. Си трошат над 100 милиони на лето и ги собираат најдобрите фудбалери од секоја лига.. Барса додуша ја има една од најдобрите фудбалски школи на светот.. Ама, пак знаат да испуштат добра пара и тоа за резерва.. (Маскерано на пример).. Ќе се смени и тоа, неможат они вечно да бидат богати...ќе ги фати нив финансиска криза, кога-тогаш..
Го знаеш она „има се,може се“?:)
И немој бе Барселона трошела секое лето 100 милиони.Маскерано е привремена резерва.Уште колку време ќе биде резерва,зависи од него највеќе и секако Бускетс.

Како и да вртиш,Барса пак секогаш вади највеќе играчи од младинскиот состав во прв тим.Само оваа сезона Тиаго и Фонтас,догодина можеби Муниеса,Дос Сантос,Бабунски:icon_lol:
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.595
Поени од реакции
22.583
'Најдобар фудбал' - па тоа е работа на вкус.
Ако сакаш брз, динамичен фудбал, без многу прекини, гледај Англија.
Ако сакаш технички фудбал, со многу убаво изградени шанси, гледај Шпанија.
Ако сакаш колективна игра, со многу голови, гледај Германија.
Ако сакаш бавна игра, за резултат, зачинета со 5минутно лежење на тревата после секое чепнување меѓу играчите, гледај Италија.

--- надополнето ---

Според мене најдобар фудбал моменално се игра во Германија, со најмногу голови со безброј пасови. Најмладите и најталентираните фудбалери моментално играат во Германија. Иако сум фан на Интер, Сериа А е моментално втора најдобра лига заедно со Премиер Лига затоа што многу тимови се со мала бодовна разлика, додека пак Премиера има голови само на натпреварите каде што играат Барса и Реал.
:pipi:
ОМГ. Сериа А втора, на рамниште со Премиер, а Примера последна. :pos2:
Сега, се работи за вкусови, ама некој стварно кажувате вицови.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.477
Поени од реакции
10.206
Да си бидеме реални и да не се залажуваме и и сто така да не зборуваме со срце,ама Премиер лигата шо е на 1 место е и нема да биде симнет уште многу време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom