Има ли во Македонија хакери?

Статус
Затворена за нови мислења.
Не можам, а да не коментирам на темата. Има лица што даваат многу интересни коментари на темава, просто мерак да те фати да читаш или да земаш да си ја трескаш главата од масата. Не сум некој стручњак, ама барем ги знам што значат поимите.

и да има сигурно нема да се појават од некаде!

Зошто да не се појават и од кај знаеш дека на форумот ги нема? Што имаат лошо направено хакерите за да се плашат да се појават? Што е хакер според тебе, не сакам копирана дефиниција од дада ти Вики?

Препорака до @Bidikov да направи една тура до КИКА за да им разјаснат некои работи :)
 
значи хакер е и еден вид умешност за на луѓето да не им оставиш впечаток или пак да не бидеш откриен.. од тој аспект спетам дека хакерите не треба да се рекламираат и воопшто да се претставуваат како такви..
 
V1p3rОВ е хакер бе...
Тера по туторијали на хакинг комјунити,,,,
има еден д профет.. ги лаже, им дава програми со тројанци...
а такви хакери, тешко се наога..
 
Дал да се смеам ил да плачам...

1. Отвараш тема, со 1 збор ?
2. Не правиш разлика помеѓу хакер и кракер.
3. Ако не се лажам, процентуално по број на евидентирани информатичари Македонија се наоѓа во топ 10 (ако не и топ 5) држави со најдобри информатичари.
4. На темава нема да има ниту 2-3 издржани мислења од 100+ вкупно, такада... :toe:

Не ми е јасно.
Процентуално по број на информатичари во Топ 5? Правиш ли разлика помеѓу информатичар и некој што само научил да клика со глуфчето и да куца на тастатурата?
 
хакер = кракер!? како да не!!!
тоа се глупости. само луѓето така го запамтиле и тоа благодарение на новинарите. така они ги завикале пошо не биле упатени и така и останало. инаку хакер и кракер немаат врска еден со друг.

пред се разликуваат во филозофијата на работењето. па така:
хакер - најмен од компанија да го проверува системот, да го нападне и да ги најде недостатоците со цел да ги подобри перформансите. нормално, за тие напади копманијата е запознаена и хакерот е платен од нивна страна.
кракер - може дури и системот да го урне поради некои негови "X" (читај: икс) причини. пробива програми кои се плаќаат и прави да бидат бесплатни на пошироката јавност. а од што живеат кракерите? господ знае!

дали ги има кај нас? не! ги нема во буквална смисла на зборот, а инаку има програмери и мрежни администратори кои ги извршуваат и тие задачи. кај нас во држава е општо познато дека еден човек треба да работи повеќе работи па затоа кај нас нема исклучително „хакер“.
 
Не ми е јасно.
Процентуално по број на информатичари во Топ 5? Правиш ли разлика помеѓу информатичар и некој што само научил да клика со глуфчето и да куца на тастатурата?

Ако за тебе „евидентирани информатичари“ се и оние кои знаат да кликаат со маусот ондак незнам зашто би продужил со муабетот :)
Иначе, ти шо мислиш, правам или не ? :)))
 
хакер = кракер!? како да не!!!
тоа се глупости. само луѓето така го запамтиле и тоа благодарение на новинарите. така они ги завикале пошо не биле упатени и така и останало. инаку хакер и кракер немаат врска еден со друг.

пред се разликуваат во филозофијата на работењето. па така:
хакер - најмен од компанија да го проверува системот, да го нападне и да ги најде недостатоците со цел да ги подобри перформансите. нормално, за тие напади копманијата е запознаена и хакерот е платен од нивна страна.
кракер - може дури и системот да го урне поради некои негови "X" (читај: икс) причини. пробива програми кои се плаќаат и прави да бидат бесплатни на пошироката јавност. а од што живеат кракерите? господ знае!

дали ги има кај нас? не! ги нема во буквална смисла на зборот, а инаку има програмери и мрежни администратори кои ги извршуваат и тие задачи. кај нас во држава е општо познато дека еден човек треба да работи повеќе работи па затоа кај нас нема исклучително „хакер“.


Значи според тебе Хакер или Кракер е оној кој ГО ПРАВИ САМО ТОА ВО ЖИВОТОТ? (ете и оди во WC чат-пат).

Не ли може некој да си оди на работа од 09:00 до 17:00, да оди во кино, кафич, да игра баскет.... и ете навечер (пример) ќе си работи на некој негов проект или ќе пишува програми/вируси.... или па да бара сигурносни дупки......
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom