Најголемите македонски "идоли" оваа година :)

Мислам дека детево е најбоље од сите до сеа:zver:
за дечково браво. секоја чест и со гитарчето и без гитарчето си испеа точно и коректно без ниедна грешка!

што се однесува до монтирањето... многу очекувано бидејки кај нас неможе да се направи подобро шоу за разлика од бугарското или некое друго.. а тоа фактите дека е монтажа држат вода.. поготово тоа со ехото !

и трето.. мене не ми е јасно што кур бараат во жири ТОНИ и ЏАМБАЗОВ !!! ај калиопи океј сепак е пеачка и има познавање и разбирање у мусиката.. ама ТОНИ ??? кој никогаш го немам слушнато да пее или да свири.. кој увек си наоѓал жртви за ремет и онака колку да си направи да му е интересно?? или ЏАМБАЗОВ шо водеше на времето џандар збира??? благе везе си нема со музика.. премногу вештачко направено.. подобро ке беше да ставеа некои музичари или пеачи него ли овие двајца!!!
 
Од каде да почнам, не знам.

Првенствено, оној кој Идолов го смета како своја ЕДИНСТВЕНА (или не дај Боже ПОСЛЕДНА) шанса за успех, тешко него.
Како што гледам, треба да се сфати како нешто забавно, интересно, ако пројдеш во нареден круг или евентуално победиш на крајот - супер за тебе.
Инаку, факт е дека на нашава естрада и` требаат нови, свежи музички лица кои ќе знаат да пеат и ќе пеат нешто навистина квалитетно, нешто што ќе се слуша (како што е случајот со Ламбе и Елена Ристеска, како победници на М2).

Од она што имав прилика да го изгледам до сега, има некои пријавени со навистина добар глас, но и некои што не сфаќам зошто дошле таму. Во последната емисија имаше една симпатична девојка со едни розови обетки, испеа многу лошо ама на Тони му беше забавна и ја пушти. Искрено, и мене ми беше забавна и и јас би ја пуштил во следен круг. Но таа џабе се радува, затоа што знае дека лошо пее и за џабе ќе се измалтретира во наредните кругови. Или пак, еден учесник што рече дека “Не знаел да пее ама затоа знаел да кажува шеги“. :toe:Тие што пеат турбофолк, зарем не гледале од претходни избори дека не се бара фолк идол?! За тие што рапуваат, немам коментар. Не мора да имаш некои особени гласовни способности за да рапуваш (мое лично мислење, не ме напаѓајте веднаш). И

Од друга страна, што забога бараат Игор Џамбазов и Тони Михајловски во жири кое треба да избере МУЗИЧКИ идол? Ајде на Игор ќе му прогледаме низ прсти, своевремено пробуваше и тој да се пробие на музички план, па имаше и некаков успех во тоа, ама Тони ви се молам?! Не знам кои се во жири на Идол од други земји, само знам дека и во бугарскиот идол лани, жирито беше катастрофа, ама малце од малце имаа врска од музика.

И водителката претерано ми оди на живци. Воопшто не е интересна, вештачка е, беспотребно ги плаши кандидатите пред да влезат внатре.
 
Малку оф ке идам ама глеам сите се чудат зашо Тони и Игор у жирито.Стварно ли мислете дека Хеди го праве шоуто за музиката и за да се даде шанса на добри таленти и да и се овозможе на натпреварувачите фер жири ,ма јок бре боле го него една педа под попоко за талентите, Игор и Тони се ваљда за забава ремет и нормално поголема медиумска покриеност.Секавате се пред да почне на најавите повеке акцент имаше на жирито отколку на самото шоу.Ама му се може бе и ке си прае шо сака и никој не му може ништо и тоа е тоа колку и да е жално и трагично.
 
за тони незнам , али за игор немате право да кењате што барал во жири зашто знае многу повеќе за музика од некој македонски Wanna be пејачи , водител е , глумец , музичар свири клавир , гитара , пее .. немора ни да е пејач доволно е да е добар музичар само од областа на свирење некој инструмент па да се разбира доволно во пеење

легендарна преработка
 
Петнаесет години има пуууууууууу што ти е природна убавина, онаа скопјанкана што е нашминкана како вештерка и што прави фаци покрај нејзе можи вода да и носи....

Мхм да добар си. :tv:
 
за тони незнам , али за игор немате право да кењате што барал во жири зашто знае многу повеќе за музика од некој македонски Wanna be пејачи , водител е , глумец , музичар свири клавир , гитара , пее .. немора ни да е пејач доволно е да е добар музичар само од областа на свирење некој инструмент па да се разбира доволно во пеење
Јас колку што знам Игор има музичко завршено...
 
Мислам дека детево е најбоље од сите до сеа:zver:

Ејј детево ми е омилено од сите досега. Како убаво пее, златоооо:pipi:

Кога ќе се сретне жирито за прв пат со кандидатите? Јас мислам дека, дечките кои беа навредени слободно можат да пишуваат писма со поплаки до А1, на Вецко само уште тие му фалат сега :pos: :pos: :pos:

Па прв пат се сретнале со нив во Скопје. Она знаеш сите си го очекувале жирито што им било во градот и кога виделе дека се други сите биле поисплашени и повеке трема имале :)
Иначе јас да сум на местото на реметениве, дефинитивн би ги тужела!

Јас колку што знам Игор има музичко завршено...

Да и ја мислам така. Ај за него се јаде, али за вој Тони дефинитивно чист промашај за ваков вид на шоу!

А дали забележувате дека сите "идоли" се од Велес!???
Легенди сме значи, просто неверојатни таленти имаме. Среќна сум што ми се сограѓани:vozbud::pos2::pos2::pos2:
 
Наместо цитат, цитат на „црвенко“ :icon_lol:
glupocig.jpg


Како да им помогнеме ние да се појават НАШКОЛО? Ние ли сме криви што знаат толку добро да пеат и успеаа да стигнат до врвот на естрадата? :pos:
Бај д веј, како може обичен член да избрише тема? :vozbud:

Да не е hebocig еден од пријавените, пошто гледам дека е многу засекиран... :D
 

детето мислам дека држи наспати по скопските локали,(мислам дека беше во инсајд беверли хилс)
ете тони си беше мирен

дрога алкохол жени:music3:
 
Наместо цитат, цитат на „црвенко“ :icon_lol:
glupocig.jpg


Како да им помогнеме ние да се појават НАШКОЛО? Ние ли сме криви што знаат толку добро да пеат и успеаа да стигнат до врвот на естрадата? :pos:
Бај д веј, како може обичен член да избрише тема? :vozbud:

Да не е hebocig еден од пријавените, пошто гледам дека е многу засекиран... :D


Да не е третиот? :vozbud:

Господ да чува и да бранко :) небаре некој со сила ги тера да се пријават :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom