girl_girl
пловам на асфалт
- Член од
- 13 јуни 2010
- Мислења
- 913
- Поени од реакции
- 132
Не, јас тоа го мислам само за приватните универзитети и факултети во Макдедонија, затоа што тоа што овде се прави со нив го нема никаде во светот. Само сме свесни за многу познати и реномирани универзитети во светот, ама ние сме далеку од нив, може само името да ни е исто, а друго ништо.А ти што мислиш, најдобрите универзитети во светот се државни? Хаха.. Значи приватниот факултет ти нуди многу повеќе шанси за едукација отколку државниот како семинари, едукативни викенди со посета на разни институции во државата и странство, дебати со професорите итн.. Значи тоа е нешто што го нема кај државниот универзитет.
Лошо е тоа што кај нас во државата студентите кои се запишуваат на приватен се повеќе оние кои имаат вишок пари, си имат обезбедена иднина од родителите сакат едноставно да си уживаат додека студираат и едноставно да лудуваат бидејќи тоа ти е младоста .
Поентата ми е дека ако навистина се трудиш и сакаш да научиш на приватниот универзитет имаш повеќе услови и можности отколку на државниот, се зависи од студентот колку тој сака и колку тој е спремен да научи.
За болдот: Хехе си влегла у Европски универзитет некогаш? Дојди види прошетај низ салите, канцелариите, погледни ги условите, види го начинот на кој ти се обраќаат тие на студентски прашања, направи муабет со професорите па ќе правиме муабет за 1000-2000 евра. На секој му се отвара дупчето само зависи од цифрата.. ја знаеме твојата
Извини за латиницaта несредените мисли и долгите реченици .. хех
Добра ти е поентата, ама тешко остварливо во реалниот живот, зашто секој гледа да скршне, да измами и на нелегален начин да се стекне со слава и моќ.
За болдот: Сакаш да кажеш оној кој што има диплома на медицина од приватен има повеќе знаење и пракса од оној кој има диплома од државен медицински факултет? Или дека дипломиран информатичар на ФОН, Европски и т.н. знае повеќе од дипломиран информатичар на ПМФ или ФЕИТ? Е тука си во голема грешка!