Фан Клуб: Арсенал

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
“He was looking at my Spurs hat and there was real hate in his eyes."

:back:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
имате една заостаната утакмица така ?
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567

Never Back Down- Arsenal!!!

Не се откажуваме поради еден лош месец и од оваа титула.
Можеби останавме со најлошите во одбраната ...повредите не убиваат... но сега ќе видиме дали и колку се паметни и желни за титула нашите , најпрвин Венгер кој е на потег да ги избере најдобрите кои треба да не претставуваат , оние 11-тмина кои не ќе не шиткаат како Алмунија+Скилачи+Дени ... и даље во зависност од утакмиците...
:helou:
 
D

D_NazGUL

Гостин
Кога и да му ги гледам клипоиве се ежам жими се. Знам дека нема везе со темава али мене искрено кога и да ја слушам оваа песна увек ми текнуе на АРСЕНАЛ и тоа особено на делот ДАВАЈ ДАВАЈ. Ќе земам ќе склопам и ја некој клип жими се.

 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Алмунија не беше продаден веројатно затоа што немаше никој кој би сакал да го купи и да му понуди финансии какви што ги има сеуште под договор во Арсенал. Затоа и беше оставен како трета опција, но се случи тоа што се случи.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
975
Поени од реакции
380
утакмицата не ја гледав ама јас за нерешениот натпревар со в.б.а грешката ја гледам во него,оти таа грешка со ја направи јас немаше да ја направам
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
И сега,тек у Април Арсенал :uvo:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Дали Фабрегас навистина ѝ e потребен на Барселона?

Тоа што беше најголема трансфер-сага во 2010 година, останува еднакво актуелна и во 2011-та. Дали Сеск конечно ќе се врати во матичниот клуб? Арсенал постави цена, а Барселона не изгледа дека особено брза да го доведе Шпанецот. Како поминува времето, така е сè помалку логично дека воопшто треба да го направи тоа...

Минатото лето Барса одлучи со парите што Арсенал ги бараше за Фабрегас да ги доведе Давид Вилја и Хавиер Маскерано. Ѝ требаше замена за неефикасниот Ибрахимовиќ и за Јаја Туре. Додека Чави и Иниеста одлично работат на средината, едноставно нема потреба нешто да се менува, особено не ако таа експериментална промена чини 50-60 милиони фунти. Барселона не погреши лани и резултатите во оваа сезона, каде што е најсериозен конкурент за нова тројна круна, најдобро го кажуваат тоа.

Во меѓувреме, Сеск во Арсенал е далеку од импресивен. Неговата игра стагнира. Годинава полни 24 години, а сè уште нема трофеј зад неговото име. Евентуален премин во тим што ја пишува фудбалската историја сигурно би му донел титула и логично е неговото инсистирање за враќање на „Ноу Камп“. Би се вратил, но каде? Чави Ернандез веќе е влезен во четвртата деценија од животот и иако е незаменлив на таа позиција, Пеп Гвардиола знае дека и тој не е вечен. Сеск изгледа како логично решение за овој проблем, како типичен плејмејкерски продукт на Барселона, но освен начинот на игра, малку е сличен со Чави во однесувањето на теренот и надвор од него.

Сеск ги живее последните седум години во Арсенал низ многу извинувања, отсуства и без притисок за победа. Приказната е комплетно различна во Барселона. На „Ноу Камп“ не ги интересираат судии, повреди или подготвеност на теренот на кој играат. Барселона ја интересираат само победи, а кога не доаѓаат, управата брзо реагира за да го врати клубот на вистинската насока. Преку оваа филозофија, бараат играчи од светска класа, но што е уште поважно, бараат фудбалери со победнички менталитет. Секоја година во сениорскиот клуб влегуваат млади и докажани победници, кои со време стануваат играчи од светска класа. Фабрегас во Арсенал го загуби, односно не успеа ниту да го оформи победничкиот менталитет.

По натпреварот со Барселона на „Ноу Камп“, Сеск доби многу критики... заслужени. Подоцна кажа дека се повредил уште во 15-тата минута, но не му кажал на Венгер за да не „го остави тимот сам“. Направил што? На сите ни е јасно колку тој натпревар му значеше на Сеск, но играње на важен натпревар со повреда не е херојски или лидерски, туку едноставно е... глупаво. Тешко можат да се замислат Чави, Иниеста, Меси како го саботираат својот тим на овој начин. Фабрегас веќе не изгледа дека има ДНК на играч на Барселона. Имаат нови и млади момчиња од младинската школа, кои ќе се појават да го заменат Чави. Момчиња како Алкантра или Жонатан дос Сантос...

Фабрегас сака во Барселона, но тоа треба да го заслужи. Ако Барса реши да ја даде бараната сума и да го врати во тимот, ќе одигра многу непотребно ризично. Од една страна, поради горенаведените причини, а од друга, поради лошиот пример што ќе го даде на младите на „Ноу Камп“ дека можат да заминат во кое било време и повторно да се вратат како ѕвезди. Одлуката на крајот ќе биде на Гвардиола и управата. А тие малку грешеа во последните години.

--- надополнето ---

- Legend
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Бендтнер си го повредил зглобот на тренингот.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Колку е глуп тој, сам ќе се убие
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
И би ни направил на сите услуга...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom