Американски бокс офис
Американски бокс офис за викендот (29.10 - 31.10)
1. Saw 3D ($22,530,123) вк заработка: $24,230,123
2. Paranormal Activity 2 ($16,508,107) вк заработка: $65,665,972
3. Red ($10,729,636) вк заработка: $58,823,430
4. Jackass 3-D ($8,504,163) вк заработка: $101,657,558
5. Hereafter ($6,422,327) вк заработка: $22,263,797
6. Secretariat ($5,005,657) вк заработка: $44,708,804
7. The Social Network ($4,515,105) вк заработка: $79,520,984
8. Life As We Know It ($4,055,473) вк заработка: $43,533,312
9. The Town ($1,975,260) вк заработка: $87,626,867
10. Conviction ($1,831,111) вк заработка: $2,383,725
Премиерни филмови за: 5 ноември 2010
4 милиони евра за новите филмови
додека допрва следува еуфоријата околу новиот македонски филм "Мајки", добрите вести поврзани со македонската филмска продукција сеуште не престануваат да пристигнуваат. Се работи за буџетот кој Владата го одвои за новите филмови на Столе Попов и Дарко Митревски. Сумата е милионска, а двата филма би требало да бидат готови до 2012 година. Повеќе дознаваме во извадокот од дневниот весник Нова Македонија.
Четири милиони евра за филмовите на Попов и на Митревски
И двата филма - „Приказни од Дивиот Исток“ на Столе Попов и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски со години не можеа да почнат да се снимаат зашто немаа затворен буџет. Со милионската сума што ќе им ја даде Владата, филмовите треба да бидат готови во 2012 година
Со четири милиони евра Владата ќе го финансира снимањето на двата македонски филма „Приказни од Дивиот Исток“ на Столе Попов и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. За филмот на Попов предвидени се 2,5 милиони евра, а за „Трето полувреме“ на Митревски - 1,5 милион евра.
Двата филма ќе се снимаат во Македонија, а треба да бидат завршени во 2012 година.
- За прв пат досега Министерството за култура дава јасно одредена назнака за посакуваниот правец во кој треба да се развива македонската кинематографија и изразува желба за продукциска финансиска поддршка која е навистина значајна, не само за македонски, туку и за регионални услови - вели режисерот Дарко Митревски. Филмот „Трето полувреме“ веќе осум години не може да почне да се снима зашто нема затворена финансиска конструкција.
- Освен уметничка, филмот има и комерцијална природа, а нашите амбиции се големи и на двата плана - вели Митревски.
Дејството на филмот се случува во 1942 година и е базирано на автентична приказна за фудбалскиот клуб Македонија, воден од тренер-Евреин, со чија помош тимот успеал да го освои шампионатот на тогашната фудбалска лига на фашистичка Бугарија. По казна, тренерот е пратен во концентрационен логор, а фудбалерите од тимот успеваат да го спасат од возот кој го носел за Треблинка и го препраќаат во Албанија, каде што се крие неколку години.
- Ова е вистинска приказна која многу постарите Скопјани од Дебар Маало ја знаат. Тие се сеќаваат на тренерот Шпиц, кој по војната бил тренер на Вардар, а умрел на фудбалскиот терен за време на натпревар меѓу Вардар и ОФК Белград - вели Митревски.
Првата верзија за сценариото на „Приказни од Дивиот Исток“, Попов почнал да ја пишува пред 20 години во соработка со Горан Стефановски.
- Досега немаше слух да се направи овој филм. Имаше многу неуспешни обиди, многу влади ветуваа на празно - вели режисерот Столе Попов.
Според него, оваа поддршка од Владата е храбар потег кој ќе покаже дека Македонија може да има сериозен кинематографски капацитет за правење филмови од историското минато, филмови што реконструираат епоха, со богата костимографија и сценографија, комплексни од секој аспект, кои на меѓународен план ќе го лансираат високиот професионализам на македонските филмски работници.
Во реализацијата на „Приказни од Дивиот Исток“ освен Македонија, вклучени се и продуцентски куќи од Бугарија, Србија, Грција и од Хрватска.
Филмот обработува историска приказна, но не преку конкретни настани и личности. Дејството се одвива на почетокот од 20 век во Македонија.
- Филмот има универзален естетски пристап и преку него проговорува и за суштината на македонското битие, за она што било и ќе остане супстрат на македонската кауза, исконското чувство за слобода, самостојност, достоинство. Опфатени се и темните страни, разочарувањата, предавствата, измамите, кодошењата... Во голема мера темата и идејата кореспондираат со денешните збиднувања. Мислам дека ќе биде многу актуелен и атрактивен не само за Балканот, туку и за Европа и за светот - вели Попов.