Филмски вести

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245

Имаме ли ново филмско ремек-дело пред нас?....

Режисерот на ("Trainspotting", "The Beach", "28 days later" и "Slumdog Millionaire"), Дени Бојл, деновиве го промовира својот нов филм "127 hours" чија премиера се очекува на Торонто Филм Фестивал. Филмот е всушност базиран на вистинска приказна за познатиот планинар Алан Ралстон (кој во филмот го игра талентираниот Џејмс Франко), и неговото петдневно "доживување" додека е заробен во планина во Јута.

Номинација за Оскар? Не се сомневам, филмот во стил на нискобуџетниот "Сиромаше Милионер" и неверојатната музика која ве остава без здив од А.Р.Рахман дефинитивно ќе ги освои публиката а и жири комисијата на големите награди.

 
T

Tetro

Гостин
Гламурозно отворање на најстариот фестивал

Со „Црниот лебед“ на Дарен Аронофски, започна 67-то издание на Венецискиот филмски фестивал. Вкупно ќе бидат прикажани 79 премиери на долгометражни филмови од 34 земји, а за прв пат учество има Доминиканската Република.

„Огромна чест ми е што не одбраа нас да го отвориме Фестивалот, затоа што е најдобриот и најстариот фестивал на светот, на најубавото место на планетата. Затоа работевме 24/7 во последните три месеци, се боревме да дојдеме овде. Повеќе се наспав во авионот, патувајќи наваму отколку во последните месеци. Толку многу мои идоли се овде. Чест ми е што сум меѓу нив“, изјави на отворањето режисерот Дарен Аронофски.

Во официјална конкуренција се 24 филма, од кои шест американски, четири италијански и три француски.

Добитник на „Златен лав“ за животно дело годинава е хонгконшкиот режисер Џон Ву, кој се смета за иноватор на современиот филмски јазик.

Македонија нема свој претставник на Фестивалот, но затоа „Девојчето што бере тутун“ на режисерката Билјана Гарванлиева ќе биде прикажан како македонски претставник на интернационалниот фестивал за краток филм што ќе се одржува истовремено со големиот фестивал.

Филмскиот спектакл ќе трае до 11-ти септември.



А1
 

Woofer

I'm a very neat monster.
Член од
21 април 2010
Мислења
854
Поени од реакции
325

Најновото од Аронофски. Премиера на 1ви декември.

Иако органски не ја поднесвам Натали Портман, имам високи очекувања за филмов.
Едвај чекам да излезе филмов, покрај тоа што Аронофски е директор има и музика од Клинт Мансел што го прави филмов уште по creepy. Само од трејлерот што го гледав се наежив
-What happened to my sweet girl?
-She's gone!
 
F

Frankie Yale

Гостин
Луѓе филмов е правен од студио кое прави нискобуџетни филмови таканаречени mockbusters... Се обидуваат да профитираат од успехот и популарноста на овие хитови

Примери: Pirates of the Treasure Island - Pirates of the Carribean
I a Omega - I am Legend
Transmorphers - Transformers
и многу други....

http://en.wikipedia.org/wiki/The_Asylum
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Џејмс Камерон никогаш не би направил продолжение на Титаник, а секое друго продолжение би било срање.
Камерон знај многу попаметни начини како да прави пари, од правење продолжение на Титаник (за кое сигурно без разлика колку е добар нема да биди прифатен).

http://kajgana.com/film-i-tv/avatar-i-titanik-repete
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
„Мајки“ на Манчевски премиерно во Торонто

Mothers (Milcho Manchevski): Docudrama about a film crew that sets out to find the truth about a sexual incident in a small town, where hard facts prove elusive.:nenene::nenene:

mada vo intervjuto veli>
Направив филм од Македонија, а не за Македонија
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=A2C859BE865BCA4CA345E38BEEB6D571
 
T

Tetro

Гостин
’Социјална мрежа’ - филм за Фејсбук или за најголемата кражба

Дејвид Финчер се врати! Еден од најталентираните автори во новиот Холивуд, креаторот на легендарните ’Seven’ и ’Fight Club’ после десет релативно сушни години повторно има фантастичен филм.Се работи за ’Социјална мрежа’, приказна за творецот на Фејсбук!

Марк Зукерберг денес е најмладиот милијардер на светот и најбогатиот човек во информатичката индустрија. Дека Зукергерг е компјутерски гениј и дека пред него стојат големи потфати, се знаело уште откако бил дете.

Меѓутоа, во неговите денови на Харвард Зукерберг бил обичен копук, желен за внимание (особено од страна на женскиот пол), неприфатен во социјалните односи и свесен дека околината, дури и во најелитниот американски универзитет, е интелектуално инфериорна.




’Не сакам пријатели’

Така барем го претставија Финчер и неговиот сценарист Арон Соркин. Првата сцена во Social Network е најдобрата реклама за виртуозноста на Финчер и Соркин - дијалогот меѓу Зукерберг и неговата девојка е напишан и изрежиран совршено. „Не сакам пријатели“ е една од речениците кои ги изговара Зукерберг и е одличен пример за иронијата која Финчер ја проткајува низ целиот филм.


Човекот кој го измисли фејсбук не сака пријатели? Човекот со 500 милиони пријатели, барем виртуелни, не е заинтересиран за другарување? Зукерберг каков што го претставуваат Финчер и Соркин е заинтересиран исклучиво за личната корист. Зукерберг од Social Network нема да се двоуми дали да ја украде идејата на која ја гради својата бизнис империја, ниту за тоа дали на најдобриот пријател и ко-основачот на фејсбук Едуардо Саверин да му забие нож в грб и да го исфрли од компанијата.

Зукерберг не е негативец
Колку е Social Network вистинита приказна и дали е Зукерберг навистина таков гад („Ти не си копук. Само силно се трудиш да бидеш“, во еден момент ќе му рече неговата адвокатка) се прашањата околу кои пред премиерата интернет заедницата е поделена. Но, откако ќе се погледне филмот ќе се сфати дека тоа и не е воопшто важно. Social Network е најавен како дело во кое творецот на Фејсбук е прикажан како Сатаната лично. Тоа не е вистина, пишуваат оние кои го погледнале филмот.

Марк Зукерберг во филмот е слика и прилика на речиси секој успешен бизнисмен. Некои негови потези не секогаш се на моралната страна на компасот, но тоа не го прави негативец.

Впрочем, невозможно е да не се воочи иронијата на приказната за создавање на фејсбук. Најпопуларната социјална мрежа во светот, според филмот на Финчер, ја направи еден тотален антисоцијален тип.

Марк Зукерберг не е нималку омилен во својот кампус. Токму спротивното. Па, во своето настојување околината да го прифати, ги натера сите нив да му се прилагодат нему. Создаде реален свет во виртуелно опкружување, покажувајќи дека фактички ја разбира динамиката на социјалните односи многу подобро од ’популарните’ клинци кои го игнорираат. И кои денес не може да живеат без неговиот изум. Поради тоа, според критичарите, Social Network има силен потенцијал да биде филм на годината.
Светската премиера на филмот е денес.

http://www.taratur.com/node/18024
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Овие денови треба да излезе по торенти, па ќе видам како е склопено и ќе дадам мој коментар. Порано сите копиљаци сакаа да бидат ко во Хакерс 1,2, Анти траст и сл. филмови, сега сите ќе се влезени во филмот „Зукерберг“.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
„Титаник“ се враќа во кино-салите во 2012 година во 3Д-формат

Филмот Титаник, чиј режисер беше Џејмс Камерун ќе се врати во кино салите во 2012 година во 3Д-формат, објави Холивуд репортер.

На префрлување во 3Д-формат на филмот работат студијата Фокс и Парамаунт.

Трошоците за конверзија се меѓу 10 и 15 милиони долари.

И Џорџ Лукас, кој ги осмисли Војна на ѕвездите, најави оваа недела дека сите шест филмови од тој серијал ќе ги префрли во 3Д-формат.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Џабе потрошени 15 мил долари...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Стварно, можда е интересно со она 3Д ефекти али ќе да се џабе потрошени пари.
Оно гарант ќе има профит...ама као да го прават Најдолгиот Пат во 3Д и со Ајрон Мен ефекти или... Фросина во боја...нема да го има она неговото. Ма нека праат што сакаат, тие си знаат.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Има ли некој информации кога треба да биде готов новиот Silent Hill, и дали воопшто е почнато со снимање и слично?
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Има ли некој информации кога треба да биде готов новиот Silent Hill, и дали воопшто е почнато со снимање и слично?
Вториот дел требаше да искочи уште у 2008, ама го заглавија филмов негде и сега на Имдб пишува дека треба да искочи 2011 ама нема никакви информации, така да нема брзо да биде изгледа...
--------------
Малу стара вест ама не знам дали била - Ридли Скот бара 250 милиони за новите Елиен прикквели ! Е неее, ќе се заебава :)

http://www.worstpreviews.com/headline.php?id=19164
 

Kajgana Shop

На врв Bottom