Многу луѓе не ме сфаќаа кога се радував ко мало дете кога дојдовме у финале на Карлингтон купот. „Боље сами да си испечатат дипломи и да си ги поделат“ беше заебанцијата у кратко. Карлингтон купот од секогаш имал големо значење за англискиот фудбал на психолошко ниво. Ако прочитате статија од било кој озбилен спортски коментатор во Англија ќе ви каже дека секогаш имало тенденција победниците на овој куп да добијат огромен BOOST и обратно, лузерите да изгубат многу од својата самодоверба иако е „само“ Карлингтон куп. Ете тоа ни се случи и нас. Нас ни се случи КАрлингтон купот. Нас ни се случи недозреаноста на голем број од играчите. Нас ни се случува повторно да при крај на СИТЕ сезони (Лига, Премиер, ФА, Карлингтон) да ни се повредат 60-70 % од првотимците без никаков изглед во скоро време да се појават на терен. Ајде еднаш да се случи, да си рече човек - Баксуз работа, вторпат да се случи - Лоша среќа, трет пат да се случи - Местена работа, четврт пат да се случи - Преодна година, петти пат - Многу било топло итн итн итн. Мислам дека е премногу од очигледно дека и покрај навремената фантастична игра на играчите сепак им недостига една дисциплина и цврстина што ја прави една Германија голем тим, една уиграност и размислување со глава што го прави Бразил уживање да се гледа. Многу сме млади и неискусни а А.В. не остави ниту еден ветеран кој би им маал заушки на терен кога ќе почнат да се лигават. Многу значат тука еден Гигс или Балак, можеби стари, но сепак потребни играчи на тимот (да не ја заборавиме нашата легенда Беркамп). Некако имам дојам дека играме ко Маедонска репрезентација, првиот дел трчаме ко луди за вториот дел да изгубиме душа и КЛАП. Еве на што мислам:
dwwwwdwlwlwwwwwllwwllwwwwlwdwddlwwwwwwdwwdwlwd
w-win d-draw l-lose
Неможеме веќе секоја сезона да ги бараме кривците на друго место кога повеќе од очигледно е дека се меѓу нашите редови. Па дај ви се молам зарем уште 6 сезони ќе ни треба да сфатиме дека нешто се прави погрешно. Или подобро би било за нашето его да ги банираме аутсајдерите кои доагаат овде на форумов да ни се исмеваат на нашите грешки.
Секој верен навивач на одреден тим останува покрај него и во добро и во зло, но тоа не значи дека треба да остане слеп на сите случувања околу него. Време е за промени. Ние лично не можеме да смениме ама баш ништо во тимот, но во нашиот однос можеме!
Сеуште не е готово, теоретски имаме шанси да освоиме три титули (со кои играчи незнам, осим ако А.В. и клупата не облечат дресови и не излезат на терен). :helou: