Фан Клуб: Арсенал

Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Веројатно сите ние гледавме некој друг Денилсон, т.е барем повеќето... Никако не смее да игра Венгер повторно со Сонг и Денилсон... И тоа како фалеше Џек, а за Фабрегас да не зборувам....

Скилачи и Лорен, повторно некоординрано... Ако ние не шуткаме од 16-17 метри не значи дека и Клео нема да шутне... Тоа што Скилачи не го покри Клео, а со самото тоа замина нагоре, каде што беше Лорен доволно кажува за „самокоордираноста“ на нашите дефанзивци...

Насри, покажа дека е класа и наш најдобар, заедно со Чамак...

Аршавин, мајсторе бе... Шо ти се дешава ? Клупа ?!

Ван Перси и Чамак никако поќе заедно во тим... Никаква координираност, никаква тимска работа, двата одат на топка и двата се губат во мечот...Еден од нив на клупа, а во моментов тоа е Ван Перси... Едино може да игра полево, ако го нема Аршавин, но тешко е тоа, кај Арсен...

Волкот треба да почне на Олд Трафорд, се враќа во форма....

И да, покрај се, Партизан одигра фантастичен меч, заслужи бод, заради нивната поставеностна терен и нивната љубов кон фудбалската игра.... Не заслуживме победа, но стигнавме до неа благодарение на искуството... Сеуште е енигма, како ке играме против големите тимови на Емирати, енигма која ке се разреши ден после Боксинг Деј..

едит: Ебуе, на ниво, Гибс немаше среќа, чист црвен на Сања, Фабијански солиден...
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.319
Поени од реакции
2.846
Како што кажав небеше лош али сепак не направи нешто посебно според мене што би кажал дека имал добра партија. Финтата е што другите не се издвоија нешто посебно па затоа најверојатно беше еден од "подобрите".

И за одбраната дефинитивно Скилачи и Кошиелни тандем слаб. Кошиелни индивидуално изигра доста солидно овој натпревар, а Скилачи според мене потфрли, не заради голот туку некако како да игра сам во одбранана.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
И едит два: Наши единствени можни противници ни се Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Шалке 04... Само овие можат да ни се паднат, никој друг...

17. декември. 2010, ждрепка
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.477
Поени од реакции
10.206
Ајде дечки,добро е.Победивме одиме напред.Според мене никој не изигра катастрофлно,сите беа солидни некој со помали ,а а некој со поголми грешки , а нормално некој и без како Насри :).Само ме нервира тоа шо секогаш примиме гол во периодот од 5та до 10та минута после полувремето..И да горе напишав дека Кошченли-Скилачи добро играт,но очигледно ги урочив :raz:Ни фали Вермаа,фалии....А што бива за Цеск тешко да настапи против Јунајтед а?? :(

--- надополнето ---

И едит два: Наши единствени можни противници ни се Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Шалке 04... Само овие можат да ни се паднат, никој друг...

17. декември. 2010, ждрепка
Сигурен??
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
И едит два: Наши единствени можни противници ни се Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Шалке 04... Само овие можат да ни се паднат, никој друг...

17. декември. 2010, ждрепка
Реал - може не е лошо зашто немаат пројдено 1/8 финале.
Барса- не би сакал повторно со нив посебно со ваков тим лошо координиран моментално :/
Баерн- Не лошо , би сакал да ги победиме и знам дека можеме.
Шалке - ми се допаѓа нивната игра, одбраната им е ужсано слаба, јак напад. Можеби втор тим од овие 4 за да ни падне.

Со среќа на ждрепка!
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
100 %... Само овие можат да се паднат, пошто не можи нели Екипи од Англија, да играат еден против друг во оваа фаза, а имаме 3 првопласирани екипи од Англија, Јунајтед, Тотенхем и Челзи... Исто така и со Шахтојр не можеме да играме во оваа фаза, па математиката е јасна....

Сигурен сум дека паѓаме против Реал Мадрид... Мислам дека и Лоџикс истото го кажа, пред некое време ! Лоџикс, грешам ? :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
Ајде дечки,добро е.Победивме одиме напред.Според мене никој не изигра катастрофлно,сите беа солидни некој со помали ,а а некој со поголми грешки , а нормално некој и без како Насри :).Само ме нервира тоа шо секогаш примиме гол во периодот од 5та до 10та минута после полувремето..И да горе напишав дека Кошченли-Скилачи добро играт,но очигледно ги урочив :raz:Ни фали Вермаа,фалии....А што бива за Цеск тешко да настапи против Јунајтед а?? :(

--- надополнето ---


Сигурен??
А кој друг да ни се падне друже?

3/8 лидери во групите се од англија + со шахтјор не можеме ,сигурно знаете од кои причини :)

Од тие 4ри екипи кои ги спомнав предходната страна ,со 3 од нив имаме играно последниве 5 години...
само да ве потстетам

2005 -баерн 3-1 арсенал (арсенал 1-0 баерн) осминафинале
2006-реал 0-1 арсенал (арсенал 0-0 реал)-||-
2006 -Барселона 2-1 арсенал финале

другото памтите.

--- надополнето ---

Иначе мое мислење е дека подобро е да паднат барса или реал затоа што иако баерн и шалке навидум послаби, поради слабата игра во бундес ќе фрлат се на една карта -ЛШ.
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Да, реков дека со Реал ќе се паднеме,но ќе видиме,моменталната форма ништо не значи.До февруари многу работи може да се променат,повреди,пад на форма и сл.
Според играчкиот кадар,Шалке е најслаб,но немора тоа ништо да значи.
Ќе се играат 180 минути,кој ќе биде подобар,тој ќе помине.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Дени мотм?
нема шанси или сме глеале различен натпревар паметам барем 5-6 додавања кога требаше само да направи прост краток пас а он правеше грешка.

По мене Насри а по него Ебуе или Тео(иако не беше долго сепак он го смени натпреварот)

Иначе да резимирам пак, од играта тотално незадоволен...па добро бе зашто кога игра РВП со Насри во тим, Венгер го става РВП како креатор?
ќе беше милион пати подобро РВП да играше бочно а Насри како креатор во средина.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Дени мотм?
нема шанси или сме глеале различен натпревар паметам барем 5-6 додавања кога требаше само да направи прост краток пас а он правеше грешка.

По мене Насри а по него Ебуе или Тео(иако не беше долго сепак он го смени натпреварот)

Иначе да резимирам пак, од играта тотално незадоволен...па добро бе зашто кога игра РВП со Насри во тим, Венгер го става РВП како креатор?
ќе беше милион пати подобро РВП да играше бочно а Насри како креатор во средина.
Ама ако сумираме па сепак РвП и Насри беа токму тие двајца што изиграа најдобро на мечот!
А Ашра е човекот кој што треба да биде заменет. Со Јунајтед би го ставил на клупа, за да влезе со желба и волја од следните мечеви.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
На натпреваров немаше добри, повеќето беа просечни неколку лоши и еден катастрофален (да сите знаеме кој е, Венгер е будала го става да игра во 4 дена 2 патиа тој едвај еден натпревар игра)
Насри беше најдобар од просечните, а дека РВП беше најдобар заедно со Насри неможам да се сложам. Како прво многу ја успоруваше играта се гледа дека нема играно поголем период, како второ и он имаше безброј погрешни пасови кои исто така се резултат на подолгото неиграње.
Моментално РВП неможе да ја игра таа позиција кога во истиот тим од старт го имаш Насри.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
"Она што е најважно е да не се фокусираме на тоа со кои би можеле да играме, најпрво треба да се квалификуваме. Потоа ќе размислуваме за тоа".

Цитат од текстот на Венгер пред мечот со Партизан.... И самиот тој се плаши од самото тоа, дека неговата екипа размислува за иднина, а запоставувајќи ја сегашноста... Или попросто речено, веќе „ги добиле мечевите со ВБА, Њукасал, Тотенхем и денес Партизан“ и тешко е да ги предомислиш или насочиш на вистински пат, а особено е ако имаме предност на полувреме... А, моментално тимот ни е составен од такви играчи, кои имаат по 22-23-24 години, кои не се сеуште созреани како личности и фудбалери, иако некои од нив покажуваат големи ментални капацитети во такви ситуации...

Убеден сум дека ако изгубиме од конкурентите на домашен терен, тоа ќе биде фатално за нас, бидејќи поразите од ВБА и слични екипи, мора да ги надополнима надвор(за сега солидни, но и ни одат во корист резултатите на другите екипи) и дома против „големта 4ка`.... Едно е јасно, дербито го дочекуваме како Први на табелата, и очекувам тоа да биде мотив плус, и Венгер да го искористи, со тоа што освен победа ништо друго не ни е во игра, бидејки е реално Јунајтед да го добие тој меч, заостанатиот....
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Има време до понеделник ќе видиме што ќе биде само да нема некоја повреда нова...
И едно што би сакал е Џуру да стартува против Јунајтед...
За нив нема да играат најверојатно Фердинанд и Сколс меѓутоа да почекаме да дојде викендот прво. Ако игра Еванс место Рио тогаш тоа би ни идело во полза, дечкото беше катастрофален на последните неколку натпревари
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362

да се потсетиме на преубавиот гол на Анри
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Сања станува се подобар во набацувањата, моментално нашиот најдобар бек , за жал нема да го гледаме во осмина-финалето, но тука е Ебуе.
За ждрепката се надевам Шалке да го добиеме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom