Абе ти уште си у Македонија..? уште ли се мачиш со оваа не етичка вмр-овска влада..? тажно .!:
Иначе добро почна темава,ама застрани скроз..цурата што сака да вложи кај нас 20к $ слободно нека дојде,нека не ја разочаруваат провокатори :salut:
се мачам, заради такви ОПТИМИСТИ кои тврдат дека тука супер се живее и нема никакви проблеми, се е мед и млеко, а од чешма вино тече. од левата бело од десната црно. на улица ака па излезеш секој со насмевка те чека и ниеден не е разочаран зашто никој не е во долгови до гуша, никој нема земено кредит за да преживее, сите имаат одлични плати, а храната е живо џабе. од друга страна бензинот е толку евтин што до ќенеф со кола се иде, зашто па да не, кога има одвишок. дома на секои година де мењаме намештај, не за друго, незнаеме што да им правиме на парите што ни остануваат на крај од годината, па како и не би, кога нај обичниот т.е. нај нискиот вработен, со нај ниски примиња има, ама СТВАРНО ИМА повеке од 30.000 бруто плата... АБЕ МЕРАК ДА ТЕ ФАТИ, ама овој филм тешко дека некогаш во оваа држава ке биде... па дури ни на сон нема да се деси, зашто дпмневциве и последната желба ми ја убија, и последниот надеж ми го згасија... и ми останува да ринтам како коњ, за да заработам цркавица за мене и моето семејство (сопруга и две мали дечиња), додека таквите како некој што си го лади во буџет, партиски вработен, ниѓа врата, зима плата... а зима плата од каде? од моите пари, од моите даноци што јас ги плакам... неможе бе од сите вработувања, повеке од 70% да се на буџет а оние 30% приватници да работат и да заработат за сите...
што се однесува до советот за желбата за инвестиција на цурата со 20 гранд$... јас па обратно би и рекол... топло ти препорачувам: седи си таму кај што си и ни чекор накај мк со вложувања... ке ти ги украдат. побарај го тони димитриевски, сопственик на ГОЛД КРАУН УСА, македонец во уса, со кеш у рака дојде да инвестира во нова идеја и дпмневциве го соголеа до гола коска... прибра што можеше да се спаси и си ја запали пак назад во уса... човекот нејке веке ни на вести да слуша за македонија... до толку го усраа што си ја змрзе сопствената држава заради некои бедотилаци кои му ги направија актуелниве на власт...
да би можел... би запалил и јас со се фамилија подалеку од тука... уса би било таман, доволно далеку само за да слушам и гледам што се случува тука, ама мене да не ме боли по џебот, секој еден гаф направен од политичариве... да, да... сите политичари.. и грујо и црвенковски и братот љубе и тито петковски ама баш сите... сите се едно те исто.. лајна лоповски, а во позадина седат нивните измиени-испрани мозоци кои доагаат тука таму или онаму да ти кажат КОЛКУ Е ТУКА ДОБРО да се живее, ПОГОТОВО одкако се они на власт... и еве, глеј како секој ден е се подобро и подобро. во оваа прапсихологија, сега за сега се нај успешни актулените дпмневци... зашто ги викам дпмневци а не вмроовци? затоа што да бидеш вмроовец треба да си нешто многу повеке одколку обичен член на партија или можеби љубител на истата (читај наклонет кон дпмне)....
серем ти се ја у ваква држава кај што човек едва живурка, а не по прашање на темава ке разработуваме идеи за сопствен бизнис... која црна идеја кога валста ти ја зима и последната капка надеж за подобро утре... со ова темпо, за 2-3 години ке бидеме чисти роботи, бизнисот ке го водат големи, ма ОГРОМНИ компании кои се полни со пари и ке се полнат секој ден се повеке и повеке.
цуро, твоите 20 комада долари, се ПРЕМАЛКУ за да ги заситиш гладните усти на вастодржците... подобор ако си решена да дојдеш и стварно да почнеш нешто да работиш, а да не се вракаш во уса, спреми цифра со уште една 0 за да нараниш и напоиш тука се што треба па после да ти остане доволно да почнеш... во спротивно седи си таму и не прашувај глупи прашања (така изгледаат за нас тука) што бизнис да отври америчка македонка со 20.000 долари во рака... одговорот е никаков...
жал ми е ако се најде некој навреден, ама таков може да биде само ако вистината го боли, т.е. се прочита тука негде во редовиве што ги пишав...
ајде сега, удрете со безвезни коментари....