- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.085
- Поени од реакции
- 1.254
Албанците сакаат референдум во Црна Гора
08.11.2010 10:33
Во Црна Гора би требало да се организира референдум на кој Албанците ќе се изјаснат дали сакаат да живеат во заедничка држава со своите сонародници, смета претседателот на Листата за природна Албанија, Кочо Данај.
Тој за црногорскиот весник „Вјести“ изјавил дека во Црна Гора би можела да расте поддршката за заедничка албанска држава доколку властите ги игнорираат проблемите на тоа малцинство. Данај ги отфрли критиките на албанските политичари истакнувајќи дека некои од нив не ја поддржуваат Листата, бидејќи се плашат дека може да ги расипат односите со црногорската влада.
„Постои едноставен начин во Црна Гора да се испита поддршката на Албанците на нашата партија, а тоа е референдум,“ истакнал Данај.
Според неговите зборови, кога е основана Листата за природна Албанија во салата биле присутни 45 Албанци од Црна Гора.
„Можеби на некој овој број му се чини мал, но од односот на државата спрема правата на Албанците зависи дали тие луѓе ќе останат малцинство или нивното мислење ќе го делат повеќето сонародници од Црна Гора,“ рекол Данај.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=129900
http://www.time.mk/read/8d7878259e/96507bce69/index.html