Незнам сеа темава дали има врска со „ЗДРАВЈЕ“, но мене ме интересира дали можам сеуште да растам во висина иако имам 16,5 години, затоа што мислам дека сум низок со моите 170cm.
Да за во здравје е, и да можеш да растеш сеуште.
Дали можеби има некои посебни вежби кои можат да ми помогнат
Има вежби за истегнување:
Клик за секое поединечно.
Исхраната исто така има голема улога во растењето. На твоето тело повеќе му требаат протеини, витамини и минерали отколку јаглехидрати и масти. Протеините се основните компоненти на сите живи клетки и содржат многу супстанции, како што се ензимите, хормони за растење, и антитела кои се неопходни за правилно функционирање на организмот.
Најправилен режим на исхрана за внесување на протеини ќе го добиеш преку храна која содржи најсоодветна дистрибуција на амино киселини како што се: риба, јајца, млеко и мешунки( пример грав )..
Оваа храна ги содржи повеќе од 20 амино киселини, вклучувајќи ги осумте есенцијални амино киселини кои не се синтетизираат во твоето тело. Затоа замени ги оризот, лебот, хамбургерот со: риба, јајца, обезмастено млеко..
Најважниот минерал е калциумот. Немој да консумираш кафе, безалкохолни пијалоци со рафиниран шеќер, концентриран засладувач, премногу сол, масти, алкохол и цигари.
Замени ги со гореспоменатите: јајца, мешунки, животински црн дроб, многу овошје, зеленчук, обезмастено млеко, млечни производи и морски плодови.
Спиењето исто така е еден од факторите за раст. Тоа ја регулира способноста на твоето тело да се развива природно. Затоа и сме повисоки во утринските часови отколку во текот на ноќта.
За време на спиењето 'рбетниот столб е во релаксирана состојба и се шири.
Се надевам дека колку - толку, ти помогнав. Со среќа.