хехе Грција се вознемири од признавањето на Сирија пред еден месец, па Папандреу не сакаше да ја посети, а не пак од признавањето на Југославија.
Како и обично, гола вода е твојата логика, мислам дека е повеќе од очигледно.
Па уште тајни документи барал. :pos2:
Не е ова одделот на Каракачанов или на Спасиќ па да ги разменуваат папките на сред село. Некој има увид во документацијата, некој нема. Ти немаш. Крај.
--- надополнето ---
Мирка Велиновска повторно ја распорува темава по шавови:
Вампирите од 1914-та се враќаат на Балканот
Во зависност од аголот на гледање, настаните сврзани со уличната лустрација или со разоткривањето на содржината на пропагандата со која настапуваат ресетираниот СДСМ и неговите невладини сателити може да ве направат тажни или весели. Ако сте малодушна природа, со потценувачки однос кон себе, настаните ќе ви бидат уште еден повод да констатирате дека „Македончето не го бива за ништо“.
Ако имате развиено самочувство и самодоверба, веројатно ќе се израдувате дека настапил период на голема демистификација на политичките настани и луѓе за кои сте имале илузија дека се нешто особено и по памет и по значење.
Демистификацијата симболизира дефинитивен крај на еден мит, на една политика, на носителите на таа политика сосе логистиката. А тоа, во крајна линија, е добро.
Значи, деновиве откривме две важни работи: Второто антифашистичко востание, кое на 11 октомври го изведе СДСМ во Прилеп, било дел од пиар-сценариото на тројца агенти за пропаганда од Словенија, кои за фини пари му го напишале на СДСМ. На еден трошок како публика добивме „ретротрип“ за двегодишната активност на новиот СДСМ, кој, по словенечко сценарио, ги глуми некогашните комунисти во борбата против фашизмот: Бранко ја врати стегнатата тупаница, Фрчкоски ја формира „Платформа“.
Анонимната, но очигледно природно талентирана мадам Лидија Димова експресно стана лидер на „невладината“ проевропска „Центар за европско образование“, а Бранко Героски на „Граѓаните за европска Македонија“. Владе Милчин, кој од режисер во 2001 година, е деградиран во сценски работник-декоратер, формира „Плоштад Слобода“, архибригада што го дигна првото архитектонско востание, произведе и еден куп инстант-активисти и борци за човекови права каков што е извесниот Жарко Трајановски, кој мисли дека активизмот е професија.
Според словенечка режија, формираше и агит-проп за Европска Македонија и конечно потпиша коалициски договор со СДСМ за заеднички настап на изборите.
Сите тие како инсталации, заедно со пратениците од СДСМ, по директива на пропагандниве агенти го ширеа медиумски неопартизанскиот новоговор, зборувајќи за борба со фашизмот и за фашисти.
А фашистите во македонскиот случај се знаат. Тоа се вмровците на власт, нормално, без Албанците од ДУИ, кои им се коалициски партнери. Тие очигледно биле надвор од ова словенечко сценарио во очекување да го напуштат фашистичкиот брод, што не значи дека не се дел од едно друго „револуционерно“ сценарио на кое потеклото допрва ќе се утврдува. Како такви, безбедносно одработени од тајните југословенски служби, упаѓаат среде партизанскава претстава на СДСМ и настанува општ хаос, кој не може да го доведе до честит крај ниту Спилберг.
Во секој случај, политичко-пропагандниот игроказ во организација на СДСМ вреди секое исплатено евро од „народните пари“ зашто: откривме дека нашиве државотворни политичари, експерти, активисти секоја будала од странство може да ги работи како бавча, а тие, без да му ја мислат, секоја глупост да ја претворат во своја програма за работа. Ете зошто пратениците Шеќеринска, Макрадули, Шема, Минчев, Бендевска, кои ги исмеваа своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ дека се неписмени празноглавци, одеднаш го трансферираа Груевски во Хитлер, иако пред тоа го титулираа како ортодоксен комуњар, чавеист, сталинист, путинист.
И конечно осознавме дека во Македонија дејствува не петта, ами шеста колона, која по утврдено пропагандистичко сценарио, а претставувајќи се како жртва на фашизам, смислено ја подривала стабилноста на државата.
Непријатно е, иако поучно, сознанието дека во ова сценарио се впрегнати некои наши евроатлантски „пријатели“, кои трошеле народни пари од нивните граѓани за разработка на оваа валканица. Но не е првпат да се соочуваме со ваков вид странска активност.
И токму поради тоа, во очекување сме на нови откритија. Како она за потеклото на кампањата за антиквизацијата. Кој пак ли неа ја организираше!? Оти ни тоа сценарио не е дело на македонскиот автохтон национален ум. Организираноста, опсегот на зафатеноста, пропагандистичката моќ и на оваа акција упатува на фактот дека се работело за разработен план по одредено сценарио што имало цел да ја убие во поим нараснатата македонска самосвест и да ја компромитира македонската државна политика во полза на грчката, која, пак, 20 години се прикажува како жртва на македонскиот агресивен шовинизам што ги дестабилизира сите соседи.
Во тој контекст со неизмерна љубопитност ја очекуваме демистификацијата на причината и за оркестрираниот настап на Стојан Андов, Тито Петковски, Ѓорѓи Оровчанец и на Бранко Црвенковски, кои одеднаш станаа првоборци во борбата за промена на името на државата и прифаќање на грчките црвени линии.
Кој е инспиратор, а кој организатор
Се разбира дека есенската берба на полициски досиеја по дворовите, шупите, поштенските сандачиња на „случајни“ поединци или медиуми не е случајна случајност и надвор од контекстот. Од моментот кога Бранко Црвенковски во 2001-та пред својата врата најде тони материјал за прислушувани разговори, сценариово функционира. По него, пред врата си го најде своето досие Мендух Тачи, а сега, ете, чесни наоѓачи, за содржината на своите пакети, уредно ја известуваат јавноста делејќи им или печатејќи сечии досиеја.
Како и во горенаведените примери, јасно е дека се работи за планирана активност. Како и во расветлувањето на секој атентат, прашањето е кој е инспиратор, а кој е организатор. Извршителите се ирелевантни и речиси секогаш познати зашто егзекуцијата му се препушта на шљам, кој се смета за потрошен материјал. Но за да стигнете до првите две категории, мора да откриете која е целта за да сфатите кој и каков интерес би имал за да почне со таква активност.
Во македонското дведецениско искуство (и историското не е поразлично по секоја таинствена егзекуција на проминентни личности) научивме дека по атентатот врз Глигоров драматично се смени македонската реалност, која резултира со пауперизација на македонското население, збришување на асномските државотворни придобивки и отворање на патот за деконструкција на македонската државност.
Резултатот е познат: од 2001-та Македонија е еден вид мек протекторат со кој управуваат европскиот и американскиот амбасадор. Кој имаше најголем интерес за ваквиот развој е повеќе од јасно. По авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и неговиот кабинет, беше јасно дека настаните ќе добијат забрзување, кое требаше да доведе до остварување на стратегиската цел.
А целта ни ја соопшти токму Бранко Црвенковски кога во новогодишното интервју, значи на 31 декември 2005 година, ни ја честита новата година со пораката: „Сакам да го видам тој маж што на македонскиот народ ќе му соопшти дека му го сменил името“. Кога Никола Груевски киксна како маж (Шеќеринска за изборни потреби го облече во „женска сукња“), стартуваше сценариото за менување на власта. Објавените документи во анализата „Нечестива алијанса“ јасно укажуваат на првото ниво на интереси на Грција и Србија никогаш да не ги признаат ни националната ни државната посебност на Република Македонија.
Во студијата на Џон Шеј „Македонија и Грција“ овие интереси се разработени пошироко и на историски и на геополитички план. Кога ќе се сложи мозаикот, ќе добиете вознемирувачка слика за промената на западната политика кон Македонија, која до атентатот на Глигоров, и со мали поместувања, до потпишувањето на Привремената спогодба (во пакет со промената на знамето и Уставот), била сочувствителна кон македонската ранливост и обидите да застане на нозе, а потоа, сe до денес, таа е речиси отворено непријателска и гадлива кон Македонија.
Просто е непријатен впечатокот што го имате дека всушност две се причините за непријателскиот став на Европа кон Македонија: првата е изневерените очекувања дека таа брзо ќе умре, а втората е дека истата безначајна Македонија третпат во историјата оди спротивно на општите трендови - првпат кога тргна да ги описменува „дивјаците од исток“, вторпат кога во реставрираната империјална Европа почна да зрачи републиканизам преку Крушевската Република, заснована на идеалите на француската револуција за братство еднаквост и слобода, и третпат сега, кога зрачи мултиетничност и мултикултурност, кои Западот, на чело со Франција и со Германија, ги прогласи за мртвороденчиња.
И сега што да прават со ова жилаво сведоштво на антифашизмот, мултикутурализмот и функционалната мултиетничност?
Траен грчки политички адут
Мошне е индикативно дека во последниов месец секој европски функционер што имаше задача да ни ја повтори генералната порака да си го смениме името за да се одблокираат нашите евроатлантски интеграции во својата изјава ја истакнуваше безбедносната димензија на македонскиот случај. Што до лани не беше случај. Ова пак е траен грчки политички адут со кој настапува од почетокот на македонската независност.
Впрочем, да не заборавиме дека ЕУ му го предаде нашето досие на Советот за безбедност при ООН како безбедносно прашање. За да добие повторно на тежина, мора да се предизвика фактичка дестабилизација на државата, која ќе биде оценета од нејзините непосредни соседи како опасност за поширока дестабилизација.