Гледам појќемина ми постирале, односно одговориле, па јас еве ќе ја разложам и степенувам "дебатава" (со надеж дека нема да бидам дестабилизатор на државава) и ќе ве прашам сите шо ми одговоривте и шо не ми одговоривте:
Стабилна е сега државата или не е стабилна?
--- надополнето ---
Мирка ја постирам бидејќи таа е предвесник на некои работи кои што можат допрва да се случат. Жената има директен увид во работите затоа што со голема веројатност добива информации од одредени гарнитури. Не случајно е колумнист, коментатор и чест гостин на ТВ емисии.
Со тоа што Мендух Тачи почна отворено да ги напаѓа властите на Косово заради поддршката што му ја даваат на Али Ахмети (“Ибар’’) започнува отворена битка меѓу сите албански субјекти. Не бадијала еден познат Македонски разузнувач рече пророчки дека последната војна на Балканот ќе се води меѓу Албанците.
Мендух Тачи, раскрстува со политика, ја пее лебедовата песна (онаа тажната). Можеби, после 50-100-200 години, засега не војуваат меѓусебно албанците.
Убаво, нека им дадат сега држава и на Чамерците во Грција, и нека им дадат и во Прешево-Медвеџа-Бујановац, па нека ја кантонзиираат Македонија, па пак нека си останат Аљи и компанија српски кодоши и соработници.
--- надополнето ---
Добро разработен шаблон со кој се уништуваат сите обиди за стабилизација на Македонија. Секако цунамито кое континуирано удира однадвор не може да направи поголема штета, ако внатрешните кртици не провртат дупки за полесна ерозија на земјата. Во сето ова недостасуваат вреќи за песок со кои ќе се запишат провртените дупки, оти некој вреќите за песок континуирано ги краде за да ги наполни со пари кои континуирано надоаѓаат донесени од плимата при цунамито. Така народот самиот се соголува и со делови од својата облека постојано запишува дупки, додека над него преку разгласот континуирано некој го силува во здрав мозок...(во позадина зад сцената, полнењето на вреќите, трае, и трае и трае....)
Значи Македонија не е стабилна, односно е веќе дестабилизирана, со или без Новинарите "платеници".
--- надополнето ---
Едноставно да се формираат сигурно протести си во големи размери пред се организирани од опозицијата, потоа да се разбие моменталната влада ВМРО - ДУИ која очигледно има голема подршка од двете страни Албанци и Македонци зошто опозицијата не може да најде чесен начин па сега започнаа и со оцрнување на личности. Желбата за власт е преголема на БЦ и останата опозиција на која единствен успех им е во последно време гостување во А1 телевизија.
А да и сигурно ќе се направат и повторно некакви проблем ако случајно еве за Али Ахмети се потврди дека соработувал со некакви си тајни служби па потоа неговите приврзаници ќе прават проблеми/протести и нема крај искрено. Наместо да се замараме со попаметни работи ние ќе гледаме сега по 20 години кој бил шпиун итн.
Ебати државата што дозволува протести да ја дестабилизираат. ВМРО ужива сепак мнозинство кај сељаците (а тие се 90% од гласачкото тело), значи СДСМ-Братот Љубе-Платените новинари идр., можат да ги носат од град во град тие нивни полтрони и да мафтаат со знамиња, пак ништо нема да направат.
Е арно ама, види, ако во народот стои незадоволство, ОП, се јавува коризитетот, треба само некој да поттикни, и ќе поттикни, и јас сум за да се поттикни. Или ќе ја биде држава, или нек не води некој што е слеп, ама на едно око.
Значи нешто гнило е во државата Македонија.