- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.587
Валканиот Али и чистите идиоти
Минатата недела го прашав јавно премиерот Никола Груевски дали знае кој е на власт во Македонија. Го повлекувам прашањето зашто го добив одговорот. Со Македонија и денес и вчера и завчера владеат тајните служби, џандарите (џандареску), кои ги држат за јајца своите вмрежени соработници во сите сфери и на сите нивоа. Тие се и натаму најголемите работодавци, кои за час отвораат и фабрички погони и фабрики за производство на отровен отпад. Технологијата е позната и вечна, суровината секундарна и обновлива, а бескрајно евтина, а производот чисто радиоактивно ѓубре.
И така, на ред дојде Али Ахмети! Тој да ти бил српски шпион. Како таков, демек шпион, тој за потребите на српските служби ја формирал ОНА и бил еден од основачите на ОВК. Ова го дознавме преку „Дневник“, пред чиј двор едно утро се нашло досието „Ибар“. Уредништвото, кое до вчера врескаше на власта дека во своите спектакуларни апсења ја прекршувала презумпцијата на невиност, а со тоа и демократијата, сега, без мува да го полази, го распосла „документот“. Од тој миг се отвори производствената линија што штанца „одјеци и реаговања“. Со индикативно отсуство на „активистите“ за човекови права.
Стокмиле загрижени фаци божем се нормални луѓе со развиена совест и свест за лична одговорност и штанцаат изјави за ретронастани полни со грижа за државата, даваат бесплатни совети како да се надмине ситуацијата, оти знаете што? Македонија пак е во криза! А кризите во Македонија со математичка точност можат да се предвидат: тоа е секогаш во период кога службите и нивните политички експозитури не се во директна врска со парите и со власта (значи моќта), тоа се периоди кога Македонија е пред нова фаза на државна демонтажа и секогаш кога се очекува нов извештај на НАТО или на ЕУ. Целта е името на државата и македонскиот народ. Операцијата е уникатна и многузначна. А мрежите се одамна инсталирани и евтини за одржување.
Али Ахмети денес на сопствена кожа гледа што значи за една секунда од угледна личност да станеш пачавра. Пред десет години Американците, оние чие знаме заљубено го вее како свој симбол на припадност, му го претставија на светот како востаник за човекови права и пасиониран љубител на книгата. Денес тајни служби им го прикажуваат на Македонија и на Албанците, каде и да се, како „Валканиот Али“.
И тогаш и сега има само една константа: за јавниот имиџ во новата фабричка епизода се грижат македонските журналисти.
Тоа се оние за кои ексминистерот за внатрешни Томислав Чокревски во 1997 година изјави дека „се во административен брак со полицијата и се толку многу трудни што само што не се породиле“. Тоа се истите оние за кои ексминистерот Љубомир Фрчкоски во 1994 година кажа дека се „полуинтелигенти, кои без прашање извршуваат сe што ќе им се каже“, односно дека се „печурки што ги одгледуваш во подрум и ги храниш со гомна“. А тие не само што не му се лути, ами го сметаат за свој пријател.
Истите тие новинари и невладини „активисти“ што на прв знак од американската амбасада и олеснувачите на НАТО во 2001-та потрчаа во Шипковица за да испијат кафе со балканскиот Че, додека неговите борци за човекови права го организираа масакрот на Карпалак, Љубанци, убиваа, палеа и киднапираа, без трошка срам, денес констатираат дека досието на Ахмети фрлало ново светло на настаните во 2001 година.
Тоа се истите вагонетки на новинарската композиција заведена во тајните служби под цинично име како „ресенски воз“ - Г17. Македонија нема железнички пруги, но оваа, бате, ем е виртуелна ем функционира, а плус е редовно проширувана и надградувана. Зашто бизнисот бележи процут, особено кога ЕУ е во криза, а НАТО е компромитиран. А кога ним не им оди, Македонија редовно страда.
Во прашање се истите „меинстрим“-новинари што без критичка задршка ја славеа промената на Уставот под закана од оружје (која Уставниот суд не ја коментираше) и го поздравија гранде-влегувањето на Ахмети во македонските институции. Ја глорификуваа коалицијата на победничкиот СДСМ со ОНА во 2002 година. Наапаниот Бранко Геровски, кој глуми жртва на репресија, сега е лут што не му се извинувале, а тогаш падна во севдах предвестувајќи го процутот на дудучкото новинарство под раководство на евроатлантски диригенти.
Му се нафрлија на новиот мандатар Груевски зашто во 2006-та го избегнуваше Ахмети. Му ја соборија владата заедно со СДСМ, ЛДП, ЛП, НСДП и ДПА во 2008 година, зашто бил тврдоглав и не го сменил името на државата и зашто не ја сакал ДУИ со Ахмети за коалиционен партнер.
Тоа се истите што потоа беа и против предвремените избори. Оние се што произведоа стотици коментари во кои го повикуваа востаникот Ахмети, откако влезе во Владата, да излезе од неа, зашто Груевски го понижувал „ел команданте“ Ахмети.
Без трошка совест, јавно ја спалија Македонската енциклопедија, која ги навредувала Ахмети и неговите соборци од ОНА, за сега, повторно по налог на тајните служби во регионот и секако со асистенција на конкретни амбасадори, на истиот човек да му објавуваат анекси на биографијата. Зашто денес пак е време Македонија да биде расчеречена.
Планот веќе е познат: компромитацијата на врвот на ДУИ, преку улична лустрација што ја вршат валкани новинари за целите на валкани политичари, а на штета на државата Македонија, значи отворање пат на старото грчко-српско сценарио (на Мицотакис, Самарас и Милошевиќ), кое е општо прифатено во НАТО и во ЕУ.
Тоа подразбира пад на непослушната влада и инсталација на уште еден пострамковен режим на чело со Бранко Црвенковски, кој заедно со добрите дуиџијки Теута Арифи и Ермира Мехмети, а под будното протекторско водство на странските пријатели, ќе ги прифати сите грчки црвени линии по кои Македонија како држава ќе престане да постои, на нивно задоволство.
Да заклучам: Васко Попетрески во името на уличните дилери на полициски досиеја ни предлага мораториум на озаконетата лустрација за претходно државата да се договорела која ќе и била целта со лустрацијата. Владо Бучкоски, шокиран од прилозите за новата биографија на неговиот политички содружник Ахмети и негов директен соборец за рамковна Македонија, бара ревизија на настаните од 2001 година, оти тој ништо не знаел. Владе Милчин, организаторот на фабричката пропаганда во 2001 година, јавно прашува што правеле службите во 2001 година, кои, демек, на таквите како Милчин им го подметнале валканиот Али, а извесен „аналитичар“ Нијази Мухамеди бара заседание на државниот совет за безбедност.
Е па, господо транзициски муватори, странски лобисти и исполнувачи на каквигоде агенди, не ја бива повеќе оваа драмолетка! Не зашто државата станала посилна, туку поради една проста „ствар“ што не сте ја разбрале, а зашто сте со кратка памет, ви ја запишал Блаже Конески во осумдесеттите години на минатиот век кога го цитирал Темко Попов, македонски револуционер, кој уште во 1898 година кажал: „Националниот дух во Македонија денес го достигна тоа ниво што дури и Исус Христос да дојде од Рајот, нема да може да ги убеди Македонците дека тие се Бугари или Срби“.
Автор: Мирка Велиновска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1029101040571&id=13&prilog=0&setIzdanie=22119