Интернет Кафе или Продавница за компјутери?

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Кљапо уше си е пун.
Па сеа ти види :)
Интернет кафе не е идеш, се ставаш на мирц, седиш саат време и искачаш...
Претпоставувам дека под тоа "интернет кафе" он мисли на играчница, а тоа е више епска работа.
Сајбер спортот е сегде во подем, и нема никад да згасне, така да, ако ја имаш најдобрата "играчница" у градот (најдобри машини, монитори, мауспади, мауси, тастатури, вип соби, кафе мати и местенце за седење и чилање) ондак местото ќе ти биде фул 24/7
Ко шо беше инсомнија, ентер, кљапо и остали.. :)


Да сумираме се на се 30.000 евра, не мислиш дека се многу? значи веќе тоа не ти е ни микро бизнис тоа е нешто повисоко ниво, не ми се верува дека дечкото на 18 години има 30.000 евра меѓутоа доколку има зошто да не.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ајде јас ќе се потрудам исцрпно да ти одговорам и да ти ја разрешам дилемата. Најпрво да ти кажам дека ако сакате да отворате бизнис мора сериозно да ја сфатите работата единствено само тие што играат по правилата и што сериозно ја имаат сфатено работата само тие успеваат, јас искрено на бизнисот гледам света работа и единствена работа во која што можеш да се докажеш кој си и што можеш да направиш, најпрво треба да ми кажеш со колку финансиски средства располагате во кој град сте и какво ви е окружувањето односно дали околу вас има интернет кафе или некаква продавница за компјутери, меѓутоа пред да ми ги кажеш одговорите на овие прашање од прилика знам во каква ситуација сте и во основа знам и каква е застапеноста на овие бизниси низ Македонија. Пред да ти кажам што е вистинскиот избор за бизнис прво сакам да посветите внимание и да вложите труд во тоа да сте единствени и иновативни да внесите некоја новост во пазарот и се разбира максимално посветено да работите, сите кои лакомеле за пари во првите 2,3 години пропаднале така да во првите години посветете се на иновациите и на промоцијата а парите и профитот сами ќе си дојдат едноставно бидете претприемачи. Е сега мојот избор од овие два бизниси ќе биде продавница за опрема за компјутери и лаптопи, со самиот наслов на дејноста што ти ја насочив има иновативност односно многу малку се продавници само за опрема за компјутери сите почнуваат така и потоа купуваат по еден или два лаптопи или еден или два персонални компјутери и сакаат бизнис и профит нема шанси да го остварат тоа, затоа што сите одиме да купуваме од големите продавници каде што има поголем избор е сега мислам дека вие немате толку финансиски сретства да отворите продавница од калибарот на АМЦ, КУПИЛАПТОП, НИКО и слични. Затоа ќе се задржите на опрема за компјутери и лаптопи и тоа не обична опрема каква што можеме од секаде да купиме туку опрема која ќе биде необична и која ретко или никогаш ја немаме сретнато на пазарот, тука пред се станува збор за некои интересни мауси тастатури гаџети кои се приклучуваат на усв, светилки, додатоци за лаптопи и за компјутери, интересни усб стикови и слично, се разбира дека ќе набавите и производи кои се стандардни.
Зошто го одбирам баш овој бизнис причината е следна: со малку пари ќе можете да имате голем избор на опрема за компјутери ќе можете да имате разновиден асортиман, и ќе имате нешто што другите го немаат а тоа се несекојдневните производи.
МОЈ СОВЕТ ПРЕД ДА ПОЧНЕТЕ БИЛО ШТО ДА РАБОТИТЕ НАПРАВЕТЕ БИЗНИС ПЛАН ЗАДОЛЖИТЕЛНО,
Кога ќе го направите ќе сфатите зошто ви реков да го направите

П.С. За бизнис идеи бараат пари, а јас ви давам бесплатен совет и бесплатна идеја ова само на кајгана на форумот можете да го најдете :)
За било што понатаму слободно контактирајте ме и кажете ми што направивте и за што се одлучивте ( пред се затоа што максимално поддржувам млади кои сакаат да започнат свој бизнис)





Се надевам дека од кај вас ќе можам да купам вакво мини фрижидерче и пивото да ми биде ладно додека седам на компјутер.
Да преминам одма на главното што ме праша. Незнам дали во скоро време си бил тука во Струмица ( BTW од Струмица сум ) но пак ќе ти кажам, продавници за компјутери има на секоја улица и тоа од секоја поголема позната фирма што имаш слушнато, АМЦ, Риверсофт, Нико Компјутери, Купи Лаптоп...има уште многу повеќе фирми кои ги има само во Струмица. Истото важи и за интернет кафињата, 7 интернет кафиња има во радиус од 300 метри, значи сите се од 20 до 50 метри оддалечени, а има и некои помали така маалски но полека полека гледам почнаа да умираат половината ги затворија и сега најмногу работат овие што ги спомнав погоре. Инаку за добро сајбер кафе во Струмица и да ти кажам нема, мислам на Сајбер кафе во светски рамки, значи VIP соби, друг избор на играње освен на компјутер и уште многу други работи. Само едно или две ги исполнуваат половина од овие работи. Финансиски еве да кажеме можеме заедно околу 10000 евра да вложиме заедно со братучед ми. Знам дека тие пари не се ништо за отворање на вакви бизниси и најверојатно доколку се склучи договор и се одлучи да се отвара вакво нешто ќе се оди и на варијанта "КРЕДИТ" ( ствар што најмногу ја мразам бидејќи знам колку луѓе заглавиле од ова ) Е сега да ги кажам според мене неколкуте негативни работи, како прво морам да го издвојам започнувањето бизнис со близок, значи роднина, пријател итн. Знам дека голем дел од луѓето кои започнуваат бизнис го започнуваат сами, никако со бизнис партнер. Веројатно затоа што по извесен период целата работа се претвора во кошмар и на крај и бизнисот пропаѓа но и пријателството завршува. ( па јас сум го доживеал ова дури и за работи сосема поинакви од бизнис, уствари и немаше потреба да го спомнам ова али ај нема везе ) Значи ова е првата работа од која најмногу ме лазат морници. Второ, тешко е во денешно време да имаш оригинална идеја, има премногу конкуренција и скоро и да нема маркетинг кој никој не го промовирал. Трето, се прашувам од каде и како ќе се снабдува со производи...? Хммм мислам дека ова е се што моментално ми дојде на памет, ако ми текне нешто друго ќе направам Edit. Поздрав! :smir:

--- надополнето ---

На кој жити се сеуште му треба интернет кафе?
Сите скоро имаат интернет по дома.
А продавници за компјутерска галантерија има на секој чекор.
Продавница за копмјутери (хардвер) е посложено и бара голем влог - и има јака конкуренција.
Размисли убаво. 18 имаш, терај школо па после.
Хмм, а мислиш ли дека ако одев уште на школо ќе се замарав со вакви работи? Средното го завршив туркајќи насила, за факултет па ич да не правиме муабет. Не дека сум глуп, и не сакам да се фалам но оние луѓе што се блиски до мене знаат дека имам потенцијал но едноставно немам желба да продолжам со учење. Има поважни работи во животот отколку да поминам добри 20-25 години од мојот живот за учење. Па УПМ и со факултет на денешно време неможеш да најдеш работа, братучедка ми пред 4 години заврши факултет по англиски па уште неможе да најде работа. Тоа што сакам да го знам можам да го научам и без одење во школо.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Мислам дека и од двете опции пазарот е презаситен..на кафеата едноставно им помина мода, мислам дека тука многу многу ќе немаш ќар, туку само губење живци..додека пц продавница,што знам..ги има на секој чекор, а конкуренцијата е жестока,пред се од големите фирми како АМЦ,НИКО,АНХОЧ...
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Да преминам одма на главното што ме праша. Незнам дали во скоро време си бил тука во Струмица ( BTW од Струмица сум ) но пак ќе ти кажам, продавници за компјутери има на секоја улица и тоа од секоја поголема позната фирма што имаш слушнато, АМЦ, Риверсофт, Нико Компјутери, Купи Лаптоп...има уште многу повеќе фирми кои ги има само во Струмица. Истото важи и за интернет кафињата, 7 интернет кафиња има во радиус од 300 метри, значи сите се од 20 до 50 метри оддалечени, а има и некои помали така маалски но полека полека гледам почнаа да умираат половината ги затворија и сега најмногу работат овие што ги спомнав погоре. Инаку за добро сајбер кафе во Струмица и да ти кажам нема, мислам на Сајбер кафе во светски рамки, значи VIP соби, друг избор на играње освен на компјутер и уште многу други работи. Само едно или две ги исполнуваат половина од овие работи. Финансиски еве да кажеме можеме заедно околу 10000 евра да вложиме за еден од овие два бизниси, значи 5000 евра од мене, 5000 од братучед ми. Знам дека тие пари не се ништо за отворање на вакви бизниси и најверојатно доколку се склучи договор и се одлучи да се отвара вакво нешто ќе се оди и на варијанта "КРЕДИТ" ( ствар што најмногу ја мразам бидејќи знам колку луѓе заглавиле од ова ) Е сега да ги кажам според мене неколкуте негативни работи, како прво морам да го издвојам започнувањето бизнис со близок, значи роднина, пријател итн. Знам дека голем дел од луѓето кои започнуваат бизнис го започнуваат сами, никако со бизнис партнер. Веројатно затоа што по извесен период целата работа се претвора во кошмар и на крај и бизнисот пропаѓа но и пријателството завршува. ( па јас сум го доживеал ова дури и за работи сосема поинакви од бизнис, уствари и немаше потреба да го спомнам ова али ај нема везе ) Значи ова е првата работа од која најмногу ме лазат морници. Второ, тешко е во денешно време да имаш оригинална идеја, има премногу конкуренција и скоро и да нема маркетинг кој никој не го промовирал. Трето, се прашувам од каде и како ќе се снабдува со производи...? Хммм мислам дека ова е се што моментално ми дојде на памет, ако ми текне нешто друго ќе направам Edit. Поздрав! :smir:



Ајде да почнам и да ти одговорам на сите прашања прво најважно што ми падна во очи е тоа што тврдиш дека тешко е да имаш оргинална идеја МАКСИМАЛНО не се сложувам за тоа немој идеја нова да го сфатиш како нешто револуционерно да измислиш тебе ти треба само мала идеја која ќе ја немаат другите мислам дека идејата која ти ја дадов искомбинирана со неколку интересни твои идеи би можела да биде полн погодок. Второ имав можност да работам во Стопанска Банка краток период и искрено да ти кажам нема шанси да добиеш кредит за бизнис, можеш да добиеш потрошувачки кредит на физичко лице ама сепак мислам дека нема да се доволно, денес банките доколку кредитот не е добро осигурен никогаш нема да ти го одобрат сега малку надвор од темата ама морам да го напишам имаше еден со перфектен бизнис план за правење на гориво од шеќерна репка, од една страна економично од друга страна ќе почне пак да се одгледува репката во Македонија и трето многу е по економично од нафтата или бензинот меѓутоа немаше ништо покритие немаше со што да го осигура кредитот и не ми одобрија кредит а идејата му беше прекрасна со прекрасен изработен бизнис план, така да тоа со кредитот баш и нема лесно да ти оди има начини ама те советувам немој да пробуваш со алтернативните начини (хипотека на недвижен имот).
Трето во врска со тоа што ми пиша дека имало многу продавници за компјутери, јас свесен сум за тоа зато ти реков продавница за опрема, на еден начин ќе се надополнуваш на големите продавници за компјутери, (што ако се големи кога не можам да си купам фрижидерџе за пиво). Четврто со 10.000 илјади или нека се 15.000 илјади евра тешко дека можеш да отвориш некое луксузно интернет кафе, една проста математика 20 компјутери со се опрема со се бироа по 1000 евра тоа ти се 20.000 евра КРАЈ НА МУАБЕТОТ. Четврто во Струмица знам каква е ситуацијата има неколку бизнисмени што успеа да се пикнат во секој можен бизнис со многу пари така да иако во моментот нема такво интернет кафе ти тоа што ќе го отвориш и што ќе ги вложиш последните пари да почне да работи перфектно, олигарсите во Струмица ќе намирисаат пари и за 1 година ќе видеш 10 пати поголемо и полуксузно од твоето интернет кафе. Петто доколку се решиш за продавница за гаџети тука ја имаш Бугарија мислам дека нема да ти е проблем за набавка на гаџети во основа сите зафаќаат малку простор и ќе можеш во 2 куфери цела стока да ја донесеш. Шесто, за тоа со партнерството и слични работи се твои лични работи ти си тој кој треба да одлучиш дали братучед ти е правиот човек со кој можеш да соработуваш. А да ќе заборавев не знам дали имате во Струмица Еми-Медиа, таа е продавница кој што продава само опрема за компјутери, во моментот е проширена во половина Македонија така да.....
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Знаеш кој ќе ја купи фотељава у мкд?
Јас и уште неколку стотици жители на мкд.
кога се фрлаат по 3к $ на масажерски фотељи и по 4-7 к еура на брајтлинг саати.
а вакви има и за по 300-400 евра.
и нормално ова ќе биде атракција, ќе му биде исплатливо една во три месеца да продава.

постојат корисни алатки за домаќинствата, само треба да се прочуе и ќе неможеш да сопреш со набавки.

а тука се и профи шпионските направи, налик 007 :)



спај скаут со контролер... се знаат намерите.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Јас и уште неколку стотици жители на мкд.
кога се фрлаат по 3к $ на масажерски фотељи и по 4-7 к еура на брајтлинг саати.
а вакви има и за по 300-400 евра.
и нормално ова ќе биде атракција, ќе му биде исплатливо една во три месеца да продава.

постојат корисни алатки за домаќинствата, само треба да се прочуе и ќе неможеш да сопреш со набавки.

а тука се и профи шпионските направи, налик 007 :)



спај скаут со контролер... се знаат намерите.


Не мислиш дека малку забега....... Значи тој ако почне да купува од овие скапи играчки ќе може да купи само 10 нема да може ни толку е па сега види ти на што ќе му личи продавницата, идејата беше да почне со некои гаџети кои вредат околу 10,20 евра. Пред се тоа од почеток е важно за да има обрт на парите а вака ако купи вакви 10 ако не ги продаде во теков на месецот ќе нема пари за месечните даноци, закупнината на дуќанот и слично.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
@Брокер

Значи не дека ТЕШКО ке му дадат кредит , или потрошувачки за физички лица или незнам каков.. значи нема да му дадат НИКАКОВ ... како прво треба да има работа и месечни доходи со што може да докаже дека ке може да ги покрие трошоците за враќање а ко што глеам 18 години има ... и да има некоја работа со 200 евра примања нема да добие кредит.
а веќе ако е сериозен во намерата да отвара нешто такво 10.000 евра не го крпат , за нешто ексклузивно за таков тип на бизнис што ке привлече луѓе му требаат едно 30.000 ( од ракав кажано ) има еден куп пресметки и варијатни што може да се направат што не се за лаици. да набројам нешто
- Простор ( за убаво сајбер кафе треба голем простор на убава локација)
-Свој простор неверувам да има , значи кирија
- Високи парични издатоци за уредување ( значи можеш комотно да почнеш од едно кречење и глетување , па местење електирчна инсталација , светла , каси , маси столици па тука треба и мајстори да се платат и тако даље којзнае уште што ке излезе )
- Пари за регисрирање фирма
и тако даље уште многу работи

па после планирање колку пари ке му требаат за ова треба да испланира за колку време ке ги врати , колку профит ке остварува , да има во предвид дека има за плаќање комуналии , даноци , вработени , сметководители и уште триста глупости. па откоа ке пресмета за колку време ќе ги врати парите секако тргнувајќи со минималец па да почне да заработува. е тек тогаш нека се реши дали ке го отвара бизнисот...

и да резимирам мене ова ми е MISSION IMPOSIBLE за некој што има 18 години и 10.000 евра почетен капитал за бизнис кој бара многу влог кој тешко се враќа
-
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
@Брокер

Значи не дека ТЕШКО ке му дадат кредит , или потрошувачки за физички лица или незнам каков.. значи нема да му дадат НИКАКОВ ... како прво треба да има работа и месечни доходи со што може да докаже дека ке може да ги покрие трошоците за враќање а ко што глеам 18 години има ... и да има некоја работа со 200 евра примања нема да добие кредит.
а веќе ако е сериозен во намерата да отвара нешто такво 10.000 евра не го крпат , за нешто ексклузивно за таков тип на бизнис што ке привлече луѓе му требаат едно 30.000 ( од ракав кажано ) има еден куп пресметки и варијатни што може да се направат што не се за лаици. да набројам нешто
- Простор ( за убаво сајбер кафе треба голем простор на убава локација)
-Свој простор неверувам да има , значи кирија
- Високи парични издатоци за уредување ( значи можеш комотно да почнеш од едно кречење и глетување , па местење електирчна инсталација , светла , каси , маси столици па тука треба и мајстори да се платат и тако даље којзнае уште што ке излезе )
- Пари за регисрирање фирма
и тако даље уште многу работи

па после планирање колку пари ке му требаат за ова треба да испланира за колку време ке ги врати , колку профит ке остварува , да има во предвид дека има за плаќање комуналии , даноци , вработени , сметководители и уште триста глупости. па откоа ке пресмета за колку време ќе ги врати парите секако тргнувајќи со минималец па да почне да заработува. е тек тогаш нека се реши дали ке го отвара бизнисот...

и да резимирам мене ова ми е MISSION IMPOSIBLE за некој што има 18 години и 10.000 евра почетен капитал за бизнис кој бара многу влог кој тешко се враќа
-

Мене тоа за интернет кафето ми е многу јасно, прочитај го мојот прв пост и ќе видиш за што го советувам јас, мислам дека со 10.000 евра тоа е ИДЕАЛЕН БИЗНИС, а за кредитот за него нема шанси може да добие кредит некој од неговата фамилија и затоа напишав да не се ни обидува со тие алтернативни решенија за кредит.
 

pap

Член од
18 април 2007
Мислења
12
Поени од реакции
4
Кој бараше фрижидерче за пиво? Еве ви го во соседството http://www.gedzet.com/proizvodi.php?proizvod_id=114 или за многу геџети истиов сајт http://www.gedzet.com/ . Мислам дека курсот е 107 динари = 1 евро. Оваа не е реклама туку само информативно.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
После сите овие "муабети" мислам дека и не баш добра идеја да се започне некој од овие бизниси, барем како што правиме муабет нели, потребни се многу повеќе од 10000 евра за тоа. Пак ќе разговарам со братучед ми вечер и ќе видам што ќе решиме. Фала ви на сите за помошта! Поздрав.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
ваков усб “фриџ за бирата да ти е куул“ цело време има во спаива центар...
Каде е тоа, каде поточно? Слободно послужи се со http://skopje.on.net.mk и дај ми ги координатите :)

И ако му ја знаеш цената? Да не го чекам од ибеј.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
тешко е отварање на интернет кафе со акцент на сајбер спортот
чим една фирма како сет нет отиде во загуба и мораше да го затвори 2риот по големина гејминг клуб во
земјава тогаш што останува на тебе ? за интернет кафе се огромни трошоците
дури мислам дека продавницата за компјутери ќе бара помалку пари во старт за да се отвори
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
100
Поени од реакции
7
Леле Ацо стварно жално , каде ли сега ќе праиме турнири ?

Јас мислам дечково најубаво да ни отвори едно нет кафе само за ние турнири да праиме:vozbud:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Кој бараше фрижидерче за пиво? Еве ви го во соседството http://www.gedzet.com/proizvodi.php?proizvod_id=114 или за многу геџети истиов сајт http://www.gedzet.com/ . Мислам дека курсот е 107 динари = 1 евро. Оваа не е реклама туку само информативно.
абе јас ви пишав дека во скопје го имате ова а не во соседството.. иди и купи си го... не треба да чекаш преку и беј да стигне, поштарини глупости... спаива точка ком точка мк. во центар на скопје е продавницата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom