Да те потсетам дека Голф 2 беше избран за возило на Европа во 1992? А голф 4 се продаваше на славата на 2-ката???
Немојте да плукате по меракот...
Јас моментално средувам Мерцедес 123. И ќе ме фати над 2000 евра. За тие пари знаеш што крш ќе довлечкав од германија? Башка ако го продадам Ескордот (некои 1500 евра) ќе можев да возам нешто над 2000-та. АМА меракот е Мерцедес од 78. Да имам избор нов или стар, јас ќе го земам стариот.
Така да нејќу да видам пљукање по темава. Сте се научиле земи си од германија, ко таму да не ги возат колите. Не е тоа тоа. Земи си она што ти лежи на душа. Ако стварно ти се погоди, ќе си го возиш долго време без потреба да го смениш.
Така да друже имаш целосна поддршка за возилцето шо ти прај мерак. Гледај, барај, ако имаш некое прашање, или совет слободно постави го, сигурно ќе се најде некој што ќе знае да ти одговори.
Поштујем и апсолутно се согласувам со ова што го збориш.!Браво за Џиш.
Вкус си е вкус.Некој сака да вози Мечка од 78 друг Голф2 друг Алфа.Се е вкус нели.
Сега од увозот навака веке и цените не ги знам најдобро.
Но според мене можеш да бираш за тие пари да возиш "што сакаш".
Можеш да бираш што ти душа сака.Имаш голема понуда.Не мора сите 9к да ги искористиш.
Јас би ти предложил убаво да размислиш пред да купеш било што.Го замолувам Џиш како еден од најдобрите на овој дел од форумот(според мене) и тој да ти даде совет.
Јас би разгледал:
Прво како ти што велиш Голф 2 дизел.Но јас не би одел на оваа варијанта.Затоа што и да најдеш дизел Голф 2 ке најдеш некој за 2500-3000евра што за кола од 1992 е реално премногу.Како пример ке ти кажам еден кој прашав колку се продава.Голф 2 1990година 1.6дизел такси возен со 700.000км не ремонтиран само крпен со не многу добар ентериер и не многу здрава предница 2500евра.Да така е не се чудете па што е многу многу е 1800да речеше ај така и така ама 2500е премногу.Плус на тоа стави некои други трошоци па си ја направи математиката.
Втор мој предлог Голф4 тди90коња 99 ке најдеш зависи од опремата,километражата,состојбата според мене некаде околу 5к-до 7к што е многу исто така.
Можеш да разгледаш некој мал дизелаш пр.Форд Ескорд 1.9д,Фиат Типо 1.9тд,Голф 3 ТДИ,Саксо 1,6д и некои други колички.
Но можеш да погледнеш и некое мече да си купиш сега има добри понуди за Мерцедеси.
Погледни Е класа турбодизел некои 5500-7000евра зависи од состојба и.т.н.
Е класа ЦДИ 6000 па нагоре.
Ц класа 5000евра.
Тоа е некое мое видување.И јас сакам да земам за некое време а најверојатно изборот ке падне на Пежо 407 2.0ХДИ 2005-2007г.