Хрват измисли автомобил на вода

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Поради големото загадување и скапото гориво, Маријан Раданец од Бјеловар, пред три години го конструирал првиот генератор кој создава гас од вода.

Тоа е изум на Тесла, кој предвидувал дека во иднината возилата ќе се движат со помош на водата, вели познатиот еколошки активист од Бјеловар Маријан Раданец(63). Тој веќе три години вози автомобил кој како гориво користи бензин и гас кој е произведен со помош на тој генератор.

Генераторот троши 1 децилитар вода и произведува околу 190 литри гас. Струјата потребна за хидролиза ја зема од акумулаторот, кој се полни како и кај другите автомобили – со работата на моторот.

Раденец, за хрватскиот портал 24сата тврди дека троши 2 литри бензин на 100 километри, додека остатокот енергија ја добива од водата. Гасот што го произведува во генераторот, преку цевки оди во филтер на воздух. Добиената смеса му овозможува ефтино возење.

Најкомплицираниот дел била изработката на електродите, кои се клуч во хемиското разложување на водата во гас. Неговиот начин на произведување на електроди е меѓу подобрите во светот. Раданес вели дека од тоа би можело да се направи добар производ, но за жал тој нема пари за целиот проект.

„Околу 20 милиони Американци користат сличен систем. Во Унгарија, каде што 1.000 луѓе имаат вградено слични системи во своите возила, Американците изградија фабрика. Но, Унгарците се уште доаѓаат по моите електроди, бидејќи тие се поефикасни“, тврди Раданец.

Своето "откритие" тој го инсталирал во повеќе од 30 автомобили и до сега немало никакви приговори. Тој тврди дека заштедите се огромни, бидејќи со помош на генераторите потрошувачката на бензинот или дизелот, во зависност од типот на возилото, се намалува од 60 до 80 проценти, во зависност од видот на генераторот, кој чини од 500 евра па нагоре. Тој вели дека системот може да се инсталира и во автомобили, кои веќе имаат вграден гас. Според Раданец со вградувањето на генераторот моторот на автомобилот ќе трае подолго и ќе се вози подобро.

Со својот изум, Раданец го реализирал предвидувањето на Тесла дека ќе дојде денот кога возилата ќе се движат на вода.

извор
___________________________________________

Бааш фино, меч со две острици според мене, прво, самиот проект и пронајдок е прекрасен бла бла бла бла. Второ проектов и пронајдоков се чисто срање кое ќе не уништи, наместо фосилни горива на кои буквално им ја е*авме мајката а попатно и ние си прострадавме сега ќе користиме... вода која моментално како некогаш фосилните горива ја има во изобилие... последиците на ваквото користење на водата сами пронајдете ги - хинт водата ја пиеме - нафтата не :)
 
H

Hombre

Гостин

Интересно размислување,
колку сме ние луѓето алчни би можеле да ги потрошиме сите резерви на вода.:)
 
Член од
10 септември 2010
Мислења
273
Поени од реакции
25
е да ако цел свет почне да вози на вода ке треба да почнеме да пиеме нафта
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Интересно размислување,
колку сме ние луѓето алчни би можеле да ги потрошиме сите резерви на вода.:)
Ехее од кога јас трубам наоколу за ова :) не ни се исплаќа ни автомобил кој би одел на воздух т.е кој директно би цицал... ама па така може побрзо ќе се потрошиме отколку да се мачиме со водата која ќе стане драгоцена... и онака веќе е во некои краишта, а замисли сценарио некој умира за 3 голтки вода тешко издехидриран а некој се вози наоколу со вода... *и не неможе да ми најдете контра аргумент на ова бидеќи бензин/нафта не даваат живот и не одржуваат живот.

*се однесува на тие кои ќе бараат влакно во јајцето

--- надополнето ---

е да ако цел свет почне да вози на вода ке треба да почнеме да пиеме нафта
Ќе пиеме бе :) се дури не измислат автомобил кој ќе оди на дехидрирани тела.
 
H

Hombre

Гостин
Добро не сум многу по хемијата ама гасот што го добива најверојатно е водород
дали тој агрегат во атмосверата испушта кислород?
Може некој да објасни...
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
последиците на ваквото користење на водата сами пронајдете ги - хинт водата ја пиеме - нафтата не :)
Хинт: водата се разложува на водород + кислород. Водоротод кога ќе согори погоди шо се добива. 2H2 + 02 = 2H20 или во превод, горивото ја надоместува изгубената енергија (во топлина и слични срања) а водата само го менува својот хемиски состав.

Така да грешка си друже, и тоа голема. Патем, чудово работи и на солена вода, а неверувам дека ти пиеш таква.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Stara prica mnoguuu stara ne e negov izum ova e HHO generator procitajte na net. Isto ima tvrdenja deka e mnogu mnogu steten za motorot
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Влакно?
Цел слон има во теоријава...сосе крдо гнуа шо пасат настрана...

Светот троши дневно 86,5 милиони барели нафта.
Светскиот сообраќај троши 60% од оваа цифра,другото е во индустриската примена на нафта.
Тоа ти се 52 милиони барели нафта на ден.
Годишно 19 милијарди барели.
Во научно-фантастичен случај ете сите возила да се преориентираат на вода ќе требаат 19 милијарди барели вода годишно.
Само Викториините водопади во Африка имаат просечен проток од 1088 кубни метри вода во секунда.
Кубик вода има 1000 литри.
Тоа ти се 94 милиони кубни метри вода на ден или 591 милиони барели вода дневно или 215,79 милијарди барели вода годишно. (Барел - 159 литри)
Само еден единаесетти дел од водата која ја даваат Викториинте водопади (реката Замбези поточно) би било доволно во случај да се замени нафтата со вода (што секако нема да се случи) во цел свет.Значи не би имало никакви умирања од жед по улици заради тоа.
Или поинаку кажано,водата која ја дава Замбези за 6,5 години би ги наполнила светските резерви со нафта.

Да течеше нафта вака...хеххеххееее

Колку литар вода се троши нет по произведен литар нафтен дериват за воопшто тој да стигне до резервоарот во колата...поарно да не прашувам...:)
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Хинт: водата се разложува на водород + кислород. Водоротод кога ќе согори погоди шо се добива. 2H2 + 02 = 2H20 или во превод, горивото ја надоместува изгубената енергија (во топлина и слични срања) а водата само го менува својот хемиски состав.

Така да грешка си друже, и тоа голема. Патем, чудово работи и на солена вода, а неверувам дека ти пиеш таква.
Не пијам солена ама ти кажи ми од каде солена вода среде континент и зарем некој ќе чека солена вода која патем ќе треба да ја плати кога има... вода на која автомобилот исто така ќе си вози? Кој будала ќе плаќа кога може без пари.

Што со искористената вода? Ќе ја пие некој??

И ајде сега штом веќе ти оди хемија објасни како тоа ќе влијае на атмосферата... промените ослободувањето на вишок кислород... итн
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не пијам солена ама ти кажи ми од каде солена вода среде континент и зарем некој ќе чека солена вода која патем ќе треба да ја плати кога има... вода на која автомобилот исто така ќе си вози? Кој будала ќе плаќа кога може без пари.

Што со искористената вода? Ќе ја пие некој??

И ајде сега штом веќе ти оди хемија објасни како тоа ќе влијае на атмосферата... промените ослободувањето на вишок кислород... итн
Процесот е едноставен... водата ја разредуваш на водород и кислород. Во моторот, водородот го согоруваш со кислород (истиот онај шо го доби одвишок) и добиваш вода + топлина + кинетчика енергија. Ништо не губиш, ништо не добиваш, немаш влијание на атмосверата освен што ти е потребна енергија за да го добиеш водородот.

Сега незнам точно како функционира склопот на човечето, можно е да го меша водородот со фосилно гориво и да го прави процесот на согорување поефикасен. Инаку, таа е математиката. Два атоми вород се врзани со еден атом на кислород во водата. Кога ќе се разделат се добива водород и кислород, а кога ќе го согориш водородот се врзува со кислородот и се добива вода. За малку перпетуумобиле (пази да не види Војо од некаде :vozbud:)
 
Ќе видиме како ќе биде во пракса :) инаку чикава како што видов меша водород и бензин/нафта.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ќе го “кикнат“ овој кај и да е.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нема да го кикнат... ќе заврши патентот негов како куп истомисленици. Во некоја фиока на некоја фабрика за автомобили, или некој шеик....
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Нема да го кикнат... ќе заврши патентот негов како куп истомисленици. Во некоја фиока на некоја фабрика за автомобили, или некој шеик....
ех тие шеици, та не се саде тие... ги имаш газдите на автомобилските индустрии...
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Има мал милион вакви видеа по Youtube. Јас и онак долго време ја думаме за ваков систем. :)

Kajgana Shop

На врв Bottom