- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Ќе се лансира првиот домашен сателит на Турција во 2012 година
06.10.2010 09:48
Реџеп Таип Ердоган
Турција планира да го лансира својот прв сателит за собирање на разузнавачки информации во 2012. година, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Сателитот ќе ја намали зависноста на Турција од американското разузнавање при операциите и против сепаратистите од Курдистанската работничка партија, кои напаѓаат турски воени цели од базите во северен Ирак.
„Разузнавачкиот сателит „Гоктјорк“ ќе биде лансиран во 2012. година", рече Ердоган пред членовите на неговата партија.
Турција користи разузнавачки информации од Вашингтон за зголемување на ефикасноста на операциите против ПКК во планинскиот Ирачки Курдистан.
Околу 40.000 лица загинаа во конфликтот од 1984. година, кога ПКК започна вооружен отпор. Едностраното примирје, што сепаратистите објавија во август, во последно време го намали насилството.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=128320