Знаењето е сила, умешноста е моќ. Да, факт е дека има цури кои мислат дека треба да си го испотиш газот за да ги освоиш и на крај пак ќе ти се прават фуфици. Сум имал искуство со такви бајаги, ама од самиот човек зависи како ќе гледа на целата работа. Не секогаш треба да се иде како слеп за стап. Да, ти се свиѓа девојката, ама ако воопшто не е заинтересирана за флерт или мување или било што, џабе ти е што и да се трудиш. Таквите девојки лесно можеш да ги приметиш. Повеќе се заинтересирани за друштвото со кое се дојдени отколку за било кој околу нив. Штом не можеш да воспоставиш првостепен контакт од типот шмекање, па ненадејно погледнување очи во очи итн, значи типката не е вечерта за фаќање, флерт, мување или било што. Доколку од некоја причина не може да те примети, а сепак сакаш да се обидеш кај неа, никогаш не се оди директно. Мораш првин да си поставиш атмосфера, да го опипаш теренот на нашки кажано. Тука спаѓаат оние глупите фори као случајно поминување пред неа (истото го прават и девојките) за да видиш дали ќе ти обрне внимание, „девојко упаљач“ бла бла и сл. Доколку и тогаш не ја заинтересираш, џабе везеш. Додека пак моментот частење пијачка од самиот почеток те открива дека не те бива за муабет, не знаеш како да пријдеш освен со пари и затоа не може ни ништо друго да очекуваш, освен ако не се најде девојка што само пари ја интересираат па да упали.
Се имам запознавано со девојки на милион начини: во воз, во бус, на снимање реклами, на одмори (добро ова е стандард, ретко да нема некој што не запознал некоја на одмор), по кафиќи, дискотеки... скоро секаде. Со некои сум имал нешто, со некои не, но не е тоа најбитната работа. Најбитното е секогаш да оставиш позитивен впечаток. Дури и кога губиш, губи со насмевка.