Кафичи и дискотеки за запознавање на осамени личности

  • Креатор на темата Креатор на темата osamen1
  • Време на започнување Време на започнување
Значи од неколку поста главен заклучок е дека жените се актерки невидени, едвај чекаат да ви бапнат корпа, а нема врска што се сами и чекаат светлосни години за некој да им пријде. Очигледно сечие искуство е приказна само по себе, така да кога станува збор за запознај се во кафиќ или дискотека приказните кои ги знам се бројат на ситно. Има и причина за тоа која искрено ја разбирам. Ви пристапува комплетен странец за кој не знаете ни дали името точно го кажал, а да се разбереме јас стојам на ставот кој само си се потврдува со секој изминат ден во ова Скопје дека луѓето се тачки без разлика на пол и не знаеш што да очекуваш од нив. Нормалните луѓе денес се на цена, ретки се и се вистинско откритие што е смешно. Се деформиравме целосно.
Цела тема е посветена на тоа како жените се дрски при прв пристап, па нормално дека ќе имате и такви реакции, секакви жени има, ама да ставите минус на цел женски пол зашто некоја си ви ставила двојка при прв пристап е трагично, сам себе го убијал работава.
И пак ќе кажам, Скопје и не е така голем град, луѓето се тие, а башка ретко ги менуваат навиките, ако излегуваат на едно место не се мрдаат на друго, е сега кога веќе знаете кој оди таму си знаете со кого си фаќате работа отприлика. Гледате како одма знаете во кој кафиќ кој излегува и што може да се очекува.
Кралиците на ноќниот живот во Скопје ви се лоша услуга за егото. Знаете што ве чека.
И ако смеам да додадам нешто што за жал морам да го признаам макар што сум женско, не давајте жена да почувствува очај или барем само мал трепет во пристапот, е тука имате шанса да видите змија на дело и ќе ве мота како сака во мнозинството случаи. Јас се надевам дека нема да го стрефите баш тој тип.
Тоа е точно дека постојат исклучоци но ако добиеш да кажеме 5 -10 корпи во една дискотека која ти е мотивацијата да продолжиш и да го бараш исклучокот? Зошто девојката да не го направи првот чекор или бар мал знак дека е заинтересирана за тебе
 
Ајде да бидеме реални кој е тој што добил 5 -10 корпи во една вечер? Ако постои таков тогаш има многу лош пристап, друг одговор нема зашто и статистика го тепа во случајов. Ако планираш да се откажеш од барање знаеш како ќе завршиш, ама тоа е избор, тука нема судење ниту мешање. Твоја работа.
И друга работа, нели мажите се ловци? Барем другарите околу мене постојано го истакнуваат тоа, некако признале или не не се фанови на тоа девојка да им пријде прва.
 
Хехе тогаш јас имам може и гинисов рекорд за добиоени корпи во една вечер и приоѓаш фино и велиш може да се запознаеме а таа само чекај да те погледам па ќе ти кажам:nesvest: ств нз може имам лош пристап или ко што викаат немам среќа
 
Tи добро си проаѓал бе :)

Заден пут ми беше ова кажано "а што пиете" и коа и кажав пиво - мн. јасно дека си се сврте :pos2::pipi:
 
За почеток, “може да се запознаеме“ е доста лош начин да се пуштиш на девојка. Instant fail.
 
Хехе тогаш јас имам може и гинисов рекорд за добиоени корпи во една вечер и приоѓаш фино и велиш може да се запознаеме а таа само чекај да те погледам па ќе ти кажам:nesvest: ств нз може имам лош пристап или ко што викаат немам среќа
Без навреда, не те знам кој си што си, ама мислам дека е до тебе штом добиваш толку корпи :) Секој добива од време на време, ама па ако ич не му оди мора да е нешто и до пристапот :)
 
И што викате кои кафичи се за осамени?
Немам слушнато некаде да одат самци и да се обидат да си најдат сродна душа.Макар и во Џубокс се излегува во друштво.Значи во Македонија нема кафич или дискотека каде можеш да отидеш сам и никој да не помисли дека ти фали даска во главата.Најдобро би било да најдеш некој за друштво и да се пушташ на девојки.
„Може ли да се запознаеме“-ова го немам слушнато од средно,дефинитивно нудл е во право,лош пристап.И немојте да бидете нападни,ако некој несака да стои со вас/дружи/пие/спие - значи не и се допаѓате,што е тоа толку тешко да се сфати.
 
ај тогаш кажи што да направиш за да и пријдеш? Макар што женска што несака ќе ти најде 10000000000000000 зошто не а таа што сака не и треба многу значи битно е да и се допаднеш
 
:)

Мене “Може да се запознаеме“ ми е баш ок пристап. Не очекувам машко да праи пируети за да се запознае со мене. Oh wait.. па чекај, не памтам кога машко ми пришло у дискотека. Сите на форум пишуваат како пристапуваат, а јас не сум наишла на некој воопшто да дојде да поразговара, освен ако од претходно не сум го знаела.
 
Е да си ми жива и здрава за постов..:)
Посилниов пол само се жали колку жените се недопирливи и дрски во дискотеки и кафичи, а во суштина и да не знам човек кој и пришол на девојка да се запознае на такво место. Се оди преку другари и познанства од друг тип.
 
У пракса не, ама бар си замислуваме. :)
 
Е да си ми жива и здрава за постов..:)
Посилниов пол само се жали колку жените се недопирливи и дрски во дискотеки и кафичи, а во суштина и да не знам човек кој и пришол на девојка да се запознае на такво место. Се оди преку другари и познанства од друг тип.

Еве зошто

-Може да се запознаеме-Инстант феил
-Частење пијачка-Инстант феил
-Ако имаш дрмнато некоја чашка плус-Инстант феил
-Девојко татко ди да не е терорист, пошто ти си бомба-Инстант феил

Препорачувам на некоја девојка, да напише книга Како да и пристапиш на девојка во клуб а да не е инстант феил? И (со апостроф на и-то) гарантирам бестселер барем кај нас. Оти за аристократкиве Македонски мора да бидеш добро скоцкан, мора да бидеш оригинален, пристапот мора да ти биде директен односно да не вртиш од околу или не дај Боже преку другар оти не си тогаш Мудоња, ама па не и предиректен оти тогаш си нападен. Не смееш да си поднапиен, јазикот не смее да ти се сплетка, мора да бидеш инветивен, оригинален, забавен, да и го погодиш тајмингот оти ако денес нејќе вчера сакала односно синдромот Доџи ми јуче, да знаеш каков муабет да и направиш, да ја шармираш, да ја импресионираш со паметниот разговор, да си над метро и осумдесет по можност со мускулеста градба, истакната вилица и очи во кои таа ќе се стопи како снегулка во огнот.

Ако ги исполнуваш следниве услови преоѓаш од статус инстант феил во моуст пробабли феил.
 
Е да си ми жива и здрава за постов..:)
Посилниов пол само се жали колку жените се недопирливи и дрски во дискотеки и кафичи, а во суштина и да не знам човек кој и пришол на девојка да се запознае на такво место. Се оди преку другари и познанства од друг тип.
Сум пробувал и без да ја знам сум приоѓал ами таа може сум налетал на погрешни
 
Зашто ако си awesome, не ја прашуваш девојката дали може да ја запознаеш. Идеш и ја запознаваш.

Dammit, мужи, каде отиде она “посилниот“ пред вашиот пол ако сте дојдени до ниво да прашувате жена за основна работа од типот на запознавање? Баталете кога ви викаат дека сте шовинистички свињи. Ниедна жена не сака да се осеќа пожена отколку што во моментот е жена.
 
Бог да чува зарем мора во кафич а и ако е таму дај комплимент на пример добро денсаш бла бла али сепак најдобро е преку конверзација директна каде има повеќе учесници ја ебаго во кафич 4 женски сакаа да се сликаат па ме замолија да ги сликам-го сторив тоа па реков хммм добро испаднавте на сликава ама може уште една за секој случај:)

потоа им го вратив апаратот и реков едноставно нема да ви пречи моето друштво па порачав кафе а нив ги советував да земат топло чоколадо чунки има појќе фенилетиламин и прави посреќен...штознам можеби оти сум комуникативен најверојатно ама лесно се адаптирам на секакви услови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom