Времето ќе покажи.
Дополнето:
со КУПУВАЊЕ НА ТЕЛЕВИЗИЈА К-15
ТВ Пинк влегува во Македонија
Газдата на ТВ Пинк Жељко Митровиќ вчера изјави дека ја купил македонската телевизија "К-15", а оттаму велат дека не можат да ја потврдат информацијата
Популарниот српски сателитски ТВ-канал "Пинк" наскоро отвора своја телевизија и во Македонија. Сопственикот на "Пинк" Жељко Митровиќ, за белградскиот портал "Прес онлајн" потврди дека "Пинк" ја купила македонската телевизија "К-15".
"Точно е дека неодамна купивме една телевизија во Македонија, но тоа сe уште е деловна тајна. Но веќе гледам дека знаете за што станува збор и, еве, признавам, ја купивме телевизијата 'К-15' од Скопје", вели Митровиќ во интервјуто за "Прес онлајн".
Од "К-15" велат дека не можат да ја потврдат информацијата за купувањето на нивната телевизија.
"Не можеме да ја потврдиме информацијата. Преговараме со повеќе заинтересирани телевизии за продажба", ни рекоа од "К-15".
"Пинк", освен во Србија, веќе се емитува и во Босна и Херцеговина, во Црна Гора, а од минатата недела влезе и во Словенија. Со голема забава и огномет, во средата во центарот на Љубљана, Словенците го прославија влегувањето на "Пинк" кај нив.
Интернационалната "Пинк" компанија е најголема балканска медиумска корпорација, составена од комерцијална телевизија, радиостаница и филмска продукција. Основана е во 1993 година. Според претставувањето од нивниот веб сајт, основната филозофија е: забава, информација и едукација. Од 1998 година доминира по гледаноста и остварува 40-45 проценти од вкупниот приход на маркетинг пазарот во Србија.
М. Џаровска
Извор: ВЕСТ