Банкоматите на Стопанска банка спори ко судбина

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ако сте корисник на платежна картичка на Стопанска банка, верувам дека и вие се чувствувате ко мисир пред банкомат секогаш кога имате потреба да извадите готовина. Банкоматите се ужасно спори и невидено фрустрирачки од кориснички аспект. Некој со иста фрустрација?
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Да сум забележал дека мојата мастер кард е тотално бавна. Дури премногу, а имам забележано дека тоа не се случува кај сите од стопанска банка, на пример, другар пред мене што ја користи неговата ВИСА исто од стопанска побрзо му работи, иначе за мојата МАСТЕР е претерано бавна, незнам што е проблемот. Дури еднаш кога вадам и чекам пари да ми извади, еден човек чека зад мене и вика, дечко ако не вадиш да извадам јас ?!?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Што знам, јас се навикнав и добро ми оди. Мене ме нервираат што немаат ставено онакви стреи, па кога ќе има сонце ништо не се гледа на тој екранот. Па ако се погоди некој дедо пред тебе, го обра бостанот.

Втора работа што ме нервира што ептееееееееееееееен малку ги има, а тие што се скриени не се напишани на официјалната листа на банкомати низ Скопје.

Во БТ да речеме 125 000 граѓани има САМО 3! банкомати!
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.617
Досега 10 пати се има случено да не свршам некој битни работи заради тие банкоматите смрдени од СБ!:nerv:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Да сум забележал дека мојата мастер кард е тотално бавна. Дури премногу, а имам забележано дека тоа не се случува кај сите од стопанска банка, на пример, другар пред мене што ја користи неговата ВИСА исто од стопанска побрзо му работи, иначе за мојата МАСТЕР е претерано бавна, незнам што е проблемот.
И мојата е Мастер, можда е до тоа.

Дури еднаш кога вадам и чекам пари да ми извади, еден човек чека зад мене и вика, дечко ако не вадиш да извадам јас ?!?
Ја кога вадам стално се осеќам ко глуп, си викам тие позади мене што чекаат на ред си викаат у себе: "Ајде бе овој, не знае пари да извади".
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Јас се нервирам само кога одам да извадам плата,ставам картица гледам салдо 0,00.Досега не сум приметил да е нешто споро,дури и сонце ми ја испече картицата и цела е искривена али пак работи.Можда е споро на Стопанска али пошто не сум вадел од друг банкомат (друга банка) неможам да приметам.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
имав еден ОК кредит и со картица од банкомат додека да подигнам кеш, муда ке ми потечеа од чекање. она текстот СЕ ВЧИТУВА на нерви ми идеше ептен... шукур сега више нема таков проблем... во тутунска се МУЊА БРЕ... додека кликаш пасвордот, немаш време да ја тргнеш раката а веке те прашува за сума. додека си откуцал за сума, веке ти свири да си ја подигнеш картицата, таман ја зимаш, излага ќешот, додека посегнеш да го земеш излага и потврдата. цела операција не трае подолго од 20 секунди... муња да пофторам... мислам дека на стопанска не им е проблемот во банкоматите, туку до спората конекција помеѓу банкоматот и систем салата т.е центарот на податоци. знам дека тутунска имаат за секој банкомат отворена линијапреку сим картица, а за стопанска како е појма немам...
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Мене не ми е спора. Ок е, задоволна сум, дан ја урочам.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
А од кога вие Стопанска Банка ја сметате за банка?
За мене тоа е една обична менувачница кај што работат само мрзливи баби и дедовци кои не знаат да ракуваат со компјутери па кога чукаат на тастатурата ти се присерува од нервоза :pos::pos::pos:
Баш заради тие работи одамна се откажав од Гејската Банка, сега раат чинам со Тутунска Банка...
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
ептен ги искудивте и банката и банкоматите...
користам дебитни картички од комерцијална и од стопанска некоја посебна разлика во брзината на банкоматите нема, е сега во Прилеп има најмалку 6 банкомати на комерцијална а само 2 на стопанска ама барем од стопанска можеш да вадиш и по 100 денари... за другите банкомати не знам

оф топик
а какви "баби" од по 30 години има во стопанска.... ццццц
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
А од кога вие Стопанска Банка ја сметате за банка?
За мене тоа е една обична менувачница кај што работат само мрзливи баби и дедовци кои не знаат да ракуваат со компјутери па кога чукаат на тастатурата ти се присерува од нервоза :pos::pos::pos:
Баш заради тие работи одамна се откажав од Гејската Банка, сега раат чинам со Тутунска Банка...
Не да си у право, туку ептена си у право! По мрзилва услуга не сум добил у ниедна банка освен у Стопанска, пола саат им треба една проклета уплатница да напишат тоа бабите. Еднаш сум влегол и веќе се надевам нема да имам потреба таму да влегувам.
За банкоматите не знам да кажувам зашто не користам нивни картички, но не ме чуди тоа да се спори ко и вработените.
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Не знам за другите банки, ама Тутунска rulez!!
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Многу пати досега сум вадел пари од картичките на мајка ми и не сум имал проблем со банкоматите на Стопанска, барем овде во Струмица не сум забележал таков проблем. Внесувам пин, пишувам износ и за 20 секунди парите ми се во рака. Незнам како е со другите банкомати и банки.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.220
Поени од реакции
34.502
за 20 секунди парите ми се во рака
20 секунди?

Изгледа јас сум еден од среќниците што има картичка од Тутунска, па чекам само 1-2 секунди за секоја акција :)

Стопанска се споровозни, како на шалтер - така и со банкоматите. Брзи се само само нивните кол-центри за дрочење по телефон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom