Ќе се пребројуваме во Македонија

Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
http://www.stat.gov.mk/pdf/kniga_13.pdf
Еве ви попис, за тие што не виделе да не пишуваат глупости.

Иначе кај нас се е политика , па нормално дека ќе има политика и пазарење за новиот попис.
На Албанците целта им е друга, ама нас нема кој да не заштити, за 40 до 50 години, во овие граници сигурно сме малцинство. Тоа може лесно да се спречи ама сите продадени души, дали така им е наредено или што е работата, мене стварно не ми е јасно. Како може никој да не работи за добро за својот народ, немам поим. Ама така и ни треба, ќе трпиме цел живот, за џабе не сме во ваква ситуација.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Селмани се заканува со бојкот на пописот
Наим Вренези Коментари (0)

29.09.2010 17:40

Имер Селмани

Опозициските партии на Албанците се посилно се закануваат дека ќе го бојкотираат најавениот попис. Имер Селмани тврди дека Заводот за статистика нема кредибилитет да гарантира објективен попис, поради премалиот број на вработени Албанци.

Тој ја обвини власта дека е неподготвена да го спроведе пописот за кој според него го промашила и тајмингот. Наместо април пописот да се одржи во Јули или Август, кога се враќаат иселениците во земјава, побара лидерот на Нова демократија.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=128071

Neznam sto mu e problemot na covekot (a fin covek bese dodeka bese minister)...Ova osven kako strav nemozam na drug nacin da go protolkuvam...
Pred neke vreme istiot covek izjavi deka samo vo dijasporata imalo okolu 400.000 (so zborovi:cetiristotini iljadi) Albanci...Neznam dali mu bese izvadena od kontekst izjavata ili ne bil razbran vo sekoj slucaj epten se zaigraa so brojkite...
No koga tolku im tezi popistot na dijasporata se prasuvam dali se svesni kolku etnicki Makedonci ziveat nadvor od granicite na Republika Makedonija, ako se popisat site (sto vo momentov e sekako nevozmozno) % na Albanci ke bide smesen, zatoa mislam deka ne treba mnogu da se manipulira i zaplasuva javnosta , osobeno ne so dijasporata na Albancite od Makedonija....
A ako saka vo popisot da se zapisuvat i Albanci od Kosovo togas matematikata mu e pogresna pomina vremeto na Buckovski i Crvenkovski...
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Neznam sto mu e problemot na covekot (a fin covek bese dodeka bese minister)...Ova osven kako strav nemozam na drug nacin da go protolkuvam...
Сака да добие гласови од тие што разбираат само радикалност, па нормално дека исто така и ќе се изразува. А штом бил министер, автоматски следува и дека не е фин.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Овој не знае ништо од светска статистика, но...изгледа му веруваат. Кој размислува трезвено, ќе знае дека причината е онаа која ја вели СтефанДГрејт -гласови, пари.
Прво, ги има доста у таа инститиција, друго пописите сегде у свет по пропис се прави у едно исто време во секоја 10-та година (1991, 2001...) осим кога па по нивна желба и желба на Јевропа се направи попис 1994. На крај краева, нека бојкотираат, ништо ново...но што со тоа.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Финта на албанските партии пред секој попис прават притисок, ова не чини тоа не чини, пред попис очекуваме таа и таа бројка за ако е не дај боже помала за 2 -3 проценти да се прават немири или којзнае што. А нашиве па чисто за да има мир у куќа без проблем ќе ги наредат бројките како што треба. Сите Албанци што коентираа одма шпекулираат со бројки, толку и толку ќе бидеме. И што ако не сте толку ? Јас сакам да иам реален попис па колку сме толку сме.

Во однос на преселбата на Македонците од Западна Македонија за тоа и не им се криви Албанците. За тоа е крива и стратегијата на оваа држава која пола провиницја ја насели во Скопје. Политика која развива и центрира се во еден регион. Еве видете ги последните примери каде и покрај факултети во Истчна Македонија сите доаќаат да студираат во СКопје без разлика што е поскапо и со никаква намера да се вратат од каде што дошле. Тој процес на иселување од Западна Македонија можеби бил убрзан и со добрите понуди за куќи и станови кои ги даваа АЛбанците порано, а покасно и самите Македонци не сакаат да живеат во наслеба или зграда каде што 90 посто се Алабанци. Ако регионите се развиваат горе доле подеднакво не верувам дека ќе дојдеше до талви драстични промени. Што се однесува до потегот од СКопје према Охрид, незнам што се пишуваат некои глупости. Мнозинско Албанси е потегот од Скопје до Кичево, понатаму е мнозинско Македонски. Зголемувањето на бројот на Албанци во Македонија во последните 30 години сите знаеме дека се должи на преселувањето од Косово.
 
Г

Господ

Гостин
Дали за овој попис ќе се симнат Албанците од Месечината за да на крај испаднат 117%?
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.323
Поени од реакции
8.327
Seaga ova e od edna pres koferencija na edna partija mozebi ne e smeam da go postiram a ako e taka neka go izbrisat moderatorite no vo sekoj slucaj dobro e da se procita vo konetest na izjavata(vcerasna) na selmani

Почитувани,

Со денешната прес конференција сакаме да упатиме драматична порака, дека на повидок е фалсификување на претстојниот попис во април 2011 година, како што беше фалсификуван и последниот попис во 2002 година, кога Албанците во државата лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто, со цел, да се задоволи потребата на рамковниот договор, кој предвидува македонските Албанци да ги добијат правата само ако учествуваат со над 20 отсто од населението.

Доколку дозовлиме да ни се случи уште еден фалсификуван попис како и во 2002-та, во очите на меѓународната јавност ќе делувавме како незрела држава, која, состојбите ги решава со фалсификати, неспособна институционално да ги одбрани националните интереси и која не води сметка за достоинството на сопствениот народ.

Историското значење на уште еден фалсификуван попис е поголемо од самиот факт за еден попис, затоа што Македонија со евентуалното фалсификување на пописот во април 2011 година, дефинитивно ќе го изгуби темелот на својата државност.

Господине Груевски, НДМ ве предупредува дека немате мандат од македонскиот народ да договарате со ДУИ уште еден фалисификуван попис, најмалку заради следните две причини:

Прво, запознаени сте со кривичната пријава на НДМ од 24 септември 2009 година, поднесена до Државното обвинителство за фалсификување на пописот во 2002 година. Од приложените факти и докази кон оваа кривична пријава, јасно се гледа дека албанското малцинство во државата е околу 17 отсто од населението.

Во оваа прилика ќе споменам само еден момент од кривичната пријава.

Имено, споредбените податоци за периодот од претпоследниот попис од 1994 година, до последниот попис во 2002 година, значи за период од осум години, јасно го покажуваат фалсификуваниот попис од 2002 година. Така, од 86.615 лица колку што е зголемено населението во земјата за периодот 1994-2002, дури 67.979 се Албанци, а, внимавајте добро, само 2.000 Македонци, и 16.636 од другите малцински групи. Овие податоци побудуваат серизоно сомнение, бидејќи произлегува дека во периодот 1994-2002, годишно се раѓале по 8.500 деца од албанска етничка припадност, а внимавајте повторно, само 250 од македонска, или сооднос, на едно родено македонско дете се раѓале дури 34 албански деца, што е надвор од здравиот разум и природните закони.

Значи, при очигледниот фалсификат на пописот во 2002 година, прашуваме, за кој процент од 34 отсто Албанци во државата зборува ДПА, или, за кои 30 отсто Албанци во државата брифираат деновиве од ДУИ, кога фактите во однос на пописот во 2002 година претставуваат само уште една потврда дека овој попис е фалсификуван во корист на Албанците, кои според приложените докази кон кривичната пријава на НДМ, изнесуваат 17 отсто!?

Второ, сега во пресрет на пописот во 2011-та, крајно опасен е податокот дека на повидок е нов фалсификат на пописните резултати.

Сознанијата на НДМ, дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе ги договориле пописните проценти се покажуваат како точни, имајќи ги во предвид одредбите соджани во веќе доставениот Предлог - законот за попис во Собранието.

Имено, сакаме да ја информираме јавноста дека пописниот фалсификат треба да се изведе преку членот 5 став 1 точка 3 и член 6 точка 6 и 7 од законот за попис. Согласно овие членови, во вкупното население на Р. Македонија ќе бидат вклучени бегалци и азиланти, и, внимавајте сега добро, цитирам: и други лица кои во време на Пописот ќе се најдат на територијата на Македонија, а кои не ги поседуваат документите од член 42 од овој закон.

Со други зборови, во вкупното население во Република Македонија ќе бидат вклучени и сите лица кои за време на пописот од 1 до 15 април 2011 година, ќе се затекнат на територијата на Македонија, а ги немаат потребните документи – лична карта, патна исправа или извод на родени

НДМ направи споредбено согледување со законите за попис во неколку земји членки на ЕУ, и притоа никаде не видовме законска одредба која овозможува во тамошното вкупно население, да се брои секој кој, ќе се затекне на нивна територија за време на пописот без да поседува валиден идентификационен документ.

На пример, било кој од вас, ако случајно се затекне за време на пописот во Холандија, Германија, Данска или било која друга земја членка на ЕУ, во никој случај нема да ве бројат во тамошното вкупно население.

Во Предлог-законот за попис се наведува дека е усогласен со правото на Европската Унија, па, се наметнува прашањето за Груевски - Дали може да посочи закон за попис на барем еден европска земја, кој дозволува во тамошното вкупно население да се брои секој кој се затекнал на нејзина територија за време на пописот?

Значи, уште сега е јасно, дека тие таканаречени други лица без никакви документи, ќе бидат стотината илјади Албанци од дијаспората кои престојуваат повеќе од 12 месеци во странство, како и од Косово и Албанија кои треба лажно да го прикажат процентот на Албанците во државата. Пребројување на исти лица по три пати: при спроведување на пописот во Косово, во Албанија и Македонија, за лажно да ја прикажат нивната бројка во регионот, бидејќи како што споменав, предлог законот за попис, доколку биде усвоен во ова форма, овозможува секој кој ќе се затекне на територијата на Македонија да биде попишан, иако дури не поседува и валиден идентификационен документ.

Во оваа насока, пропишаното во предлог - законот дека Државниот завод за статистика ќе ја потврува веродостојноста на попишаните податоци на посочените стотина илјади фантомски Албанци, е тешка измама и голема манипулација со граѓаните.

За да се одвива беспрекорно фалсификатот, замислете, пописот ќе го организира и спроведува Државна пописна комисија составена од партиски предлози, која само треба да го аминува фалсификаниот пописен резултат, во соработка со Државнит завод за статистика кој е сведен на своевидно помошно тело, иако во сите современи земји пописот го спроведуваат тамошните заводи за статистика.

Затоа, НДМ нема да прифати уште еден фалсификуван попис во април 2011, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ!

НДМ, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалисфикување на пописот ќе го смета за опасна авантура и тешко велепредавство спрема Република Македонија.

Дотолку повеќе, власта може и понатаму да ја замајува јавноста дека резултатите од пописот ќе се користат само за макроекономски планирања, за научни и други истражувања и за статистички цели, но, останува непријатната вистина дека пописот во Република Македонија е првенствено политичко прашање од највисок национален и државен интерес, бидејќи, во Републиката е воспоставен концепт на колективни права стекнати врз принципот на процент, кој се добива преку спроведен попис, а, не концепт на уживање на гарантирани индивидуални права на граѓанит како што е во сите цивилизирани земји.

Затоа, и во услови на целосна концентрација на моќта кај премиерот Груевски, НДМ ги повикува пратениците од владеачкото мнозинство во Собранието да покажат одговорност со тоа што, ќе му го одземат правото на премиерот Груевски да прифати фалсификување на пописот во април 2011 година, со тоа што во собраниската расправа ќе ги избришат посочените законски одредби за фалсификување на пописот, или, во краен случај нека ги попишат и овие стотина илјади наменски фантомски Албанци, односно, таканаречени други лица без идентификационен документ, но, во никој случај да не се сметаат во вкупното население на Република Македонија, туку овие лица да бидат одделено, посебно публикувани како обичен статистички податок.

Ви благодарам,
:salut:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034

На сите ни е јасно само што да правиме?Што можеме,еве да гласаме на следните избори против оваа влада.Исти курац - ќе дојдат бетер.Знаме дека е предвреме изрежирано али тоа е.Еве и НДМ поднела кривична пријава ама шо фајде?Кој треба да пресуди - пак истите.Значи мора да играат нашиве како ќе им свират.Не мислам на Албанциве туку на Америте (они се свирачите).Незнам колку памтиш од последниот референдум што нели "не заслужуваше одговор" според сдсм како помина матно како и промената во фиром од 95.Све е тоа изрежирано пред време.Америка не признава ден-два пред референдумот и ни праќапорака - успешен референдум е чекор наназад.Памтиш К-15 ,Цацко се изгубил кога слушнал дека САД не призна :D.И што ни донесе (неуспешниот референдум)?Нели чекор нанапред - градоначалник албанец во Струга и на уште неколку места.Немоќни сме да смениме нешто - еве веќе дваес два-три века.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Селмани се заканува со бојкот на пописот
Наим Вренези Коментари (0)

29.09.2010 17:40

Имер Селмани

Опозициските партии на Албанците се посилно се закануваат дека ќе го бојкотираат најавениот попис. Имер Селмани тврди дека Заводот за статистика нема кредибилитет да гарантира објективен попис, поради премалиот број на вработени Албанци.

Тој ја обвини власта дека е неподготвена да го спроведе пописот за кој според него го промашила и тајмингот. Наместо април пописот да се одржи во Јули или Август, кога се враќаат иселениците во земјава, побара лидерот на Нова демократија.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=128071

Neznam sto mu e problemot na covekot (a fin covek bese dodeka bese minister)...Ova osven kako strav nemozam na drug nacin da go protolkuvam...
Pred neke vreme istiot covek izjavi deka samo vo dijasporata imalo okolu 400.000 (so zborovi:cetiristotini iljadi) Albanci...Neznam dali mu bese izvadena od kontekst izjavata ili ne bil razbran vo sekoj slucaj epten se zaigraa so brojkite...
No koga tolku im tezi popistot na dijasporata se prasuvam dali se svesni kolku etnicki Makedonci ziveat nadvor od granicite na Republika Makedonija, ako se popisat site (sto vo momentov e sekako nevozmozno) % na Albanci ke bide smesen, zatoa mislam deka ne treba mnogu da se manipulira i zaplasuva javnosta , osobeno ne so dijasporata na Albancite od Makedonija....
A ako saka vo popisot da se zapisuvat i Albanci od Kosovo togas matematikata mu e pogresna pomina vremeto na Buckovski i Crvenkovski...
Koлку се лигавеше ѓубрево док беше претседателски кандидат..
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
korektno ke bide da ima izbor za gragzanstvoto se iznese kako cistokrvni i novokonponirani za da nema zabuni
 
Kajgana Shop

На врв Bottom