Другар ако тргнеш од Скопје па се до Охрид 99% од селата по патот се албански.Тетово пред 10 години едвај имаше 20% Македонци,а оттогаш знаеш ли ти колку продадоа и се преселија во Скопје.Во Тетово,Гостивар,Кичево,Струга на секоја 5 македонска куќа пишува КУЌАТА СЕ ПРОДАВА ти мене ќе ми збориш тоа продавање куќи било реткост ајде де.Има 100% македонски села ама тие едвај 300 жители да имаат и тоа се ретки плус, така да твоите примери се банални.Во Тетово и Гостивар ако продолжи со ова темпо на продавање за 20 години максиум нема да има жив Македонец ,а не па за 100 години кога нема ни да постои оваа држава поради нискиот степен на наталитет и тоа што оваа држава само од себесе се распаѓа одвнатре.Во Куманово Македонците се мнозинство но 20км од Куманово имаш 100% албанска општина Липково којашто има жители како пола Куманово,а се села ЧИТАЈ .Јас сум бил ако не 100 пати 200 пати во Куманово и плус имам полно пријатели.Прашај еден обичен кумановец од градот или од ФОРУМОТ тука ќе ти објасни дека веќе Куманово половина е албанизирано и дека веќе западно или северно Куманово како ли ќе дојде веќе станува етнички чисто со албанско население .Еве јас последен пат бев за Куманово пред 3 месеци кај пријател којшто живее во претежно албанска населба и он самиот вика дека пред 10 години неговата улица биле се Македонци,а денес едвај 3 куќи се македонски(пошто ти упорно ми тврдиш дека продавањето било реткост).Што е битно дали во Куманово Македонците се мнозинство кога територијата којашто е зацртана како Голема Албанија и на којашто работат веќе е чисто албанска.Прашај .Македонија нема да биде поделена можеби за 5 години но за 15 години самата ќе се подели природно без војни.Само е прашање на време.И така во оваа форма државата не функционира.Што ќе ти е тебе Жегљане,Арачино,Липково(освен браната) кога никогаш нема да отидеш да ги посетиш.Што на кафе или излет ќе одиш таму да се рекреираш.Само на карта ќе ти фигурираат,а како дел од оваа држава никогаш нема да функционираат.Они ни сега не функционираат,а камоли за 20 години.Ти другар живееш во бајка очигледно излези малку и види ја реалноста и помири се со фактот дека не ја бидува оваа држава за жал.Али што е траги комедика главен прииритет на овој народ е задржување на идентите,а на кој територија ќе го задржуваат не ми е јасно?Ем шуто ем се боде.Покажува сила на Грција од кадешто нема никаква опасност напротив пола Македонија живее од грчки пари,а се молчи на 5 Албанци во велешка касарна.Види траги комедија на Александрова држава.Ова не е песимизам ова е реалност.Умреа 90те години кога се веруваше „Солун е наш“ ама очигледно ти уште веруваш во тие идеологии.
--- надополнето ---
Сега и ти ептен ја претера и отиде во илузија.Ептен ја намали бројката, Чаир ќе се зголеми за 10 000 жители.Која глупост!.Како прво во последните 10 години албанскиот наталитет е драстатично намален во сите региони на Македонија.Како прво вујко ми е во инспектор во образование,а како второ скоро во сите албански училишта бројот на запишани првооделенчиња е двоструко намален.Во училиштето набрзо каде што правеле контрола имало само 60 ученика запишано во прво одделение,а е градска школаПред десетина години во оваа школа се запишувале и по 200-300 ученици Албанци.Бројот на Албанците нема во ниедна мера да се зголеми напротив може и да е опаднат поради намалениот наталитет,а пред се и миграцијата во Европа.
За првиот дел сме на иста линија , а тоа е дека малку е важно колку албанци има во овие чисто албански средини , сега важно е колку албанци ќе има во градовите , а пошто селата се преголеми , во иднина и албанците ќе го поминат тоа што го поминаа македонците, голем дел од селани ќе се населат во градовите , е тогаш уште повеќе ќе има промени , македонците веќе не можат да ги наполнат градовите со селани , пошто такви ги има се помалку.
Јас предвидувам дека во иднина во Куманово , Скопје , Тетово , Гостивар , Кичево и Струга , ќе се изградат нови населби во кои се се сместат албанците од селата , односно ќе се купат уште многу куќи од македонците , кои заради добрата цена не можат да одолеат на можноста , со тие пари да изградат куќа во некоја македонска населба или во друг град , плус да купат некоја кола , и да им остане за живеачка , све за пари другар , умреа патриотите.
Додека за вториот дел , ќе ти кажам дека Чаир обавесно во наредниот попис ќе има плус 5000 жители.
Ако не ти е јасно како , рачунај сам :
Секоја година во Чаир се раѓаат над 1000 деца , додека умираат над 500 жители , што значи ,за една година Чаир има плус 500 жители , множи со 10 = 5000.
Истото е во сите општини , така да , мислам дека моите предвидувања , ако нема некоја манипулација , се точни.
Бројот на албанците во наредниот попис ќе се зголеми за околу 35.000-40000.