- Член од
- 24 декември 2007
- Мислења
- 346
- Поени од реакции
- 42
и јас стојам на тоа дека треба да се разгледаат прво околностите па потоа да се види што ке се прави ... сигурно многу нема да се согласат со менеВиди, не сум тапа колку што ме направивте, знам некои основни работи (и не, не верувам дека девојката забременила од залутан сперматозоид во базенот).
Јас не гледам на бебињата како несакан ефект од сексот. Тие би требало да претставуваат радост за родителите. Но во реалноста не е секогаш така.
Свесна сум и дека абортусот носи лоши последици по физичкото и психичкото здравје на жената. И сум ЗА користење контрацептивни средства по секоја цена, доколку партнерите не сакаат да имаат бебе. И не ми е мило кога ќе слушнам дека некое девојче (дали поради случајност или глупост, не е важно) забременило и абортирало... некогаш луѓето навистина треба да се соочат со својата неодговорност и да ги прифатат последиците(несакано, непланирано бебе)... но некогаш има и такви ситуации кадешто не е потребно да се измачуваат ни родителите, ни нероденото детенце.
Муабетот со судењето(во првиот пост кој го напишав на темава) ми беше тоа што не можеме да ги разбереме луѓето кои се нашле во состојба во која размислуваат дали да абортираат или не, бидејќи на нивно место не знаеме како би постапиле ние.

па чекајте бре зарем има смисла некое девојче (да баш така девојче) кое наполнило 18 години направило белја и сега да си го расипува животот поради таа грешка....што ако го роди? треба да и го бапне на нејзините родители да го гледаат .... не е тоа тоа луге
подобро нека го абортира... значи јас сум за абортус во такви критични ситуации и нема да жалам ако абортусот помине како што треба т.е да биде девојката во ред ... а ако и се деси нешто нема да си го опростам секако али да не размислуваме песимистички
лесно е дете да се направи ...тешко е да се одгледа