Не размислувам ниту како доктор, ниту како партиски полтрон! Јас сум жена и мајка, и мислам дека е срамота за жена во 21 век да иде на абортус при толку контрацептивни средства на дофат на рака, а како мајка, недозволиво е за мене, детето што ми било во стомак а сега тука песнички ми кажува некој да го вика паразит! (а и донекаде ми е разбирливо кога гледам отприлика кој поддржува абортус, затоа што сум сигурна дека кога ќе почне бебе да им мрда во стомакот ќе го сменат мислењето)
Неписмени одат на абортус (и малолетни) .Писмени си купуваат антибеби апчиња и не им е срам да си стават спирали, за контрацепција да разговараат со доктор.. итн!
А оваа тема е општо за абортусот, затоа и пишав дека има политичка тема за абортусот во политика!
мојот став е НЕ за абортусот! ама со агресивна едукација во комбинација!
Еве јас во врска со контрацепција,и такви ми ти работи сум описменета максимално за 18 годишна.Уште и пред да стапам во интимна врска бев описменета.А не како некој прости суштества шо поставуваа прашање од типот:
Имав однос со перниче,дали е можно да забременам?
Па и јас оправдувам абортус
во одреденени случаеви да не ги повторувам смачено ми е,сигурно не од мила волја-нејќам дете и точка.
и... значи мене ме нарекуваш неписмена? Би отишла на абортус,и како описменета може да ми се случи да забременам и кога не би било изводливо никако да го задржам бебето-би морала едниствено за добро на сите околу мене.Прво,не би сакала бебето да го фрлам во дом навистина од моја гледна точка тоа е многу,многу,многу полошо од абортусот затоа што абортусот е болка за фетусот,бебето.. како сакаш наречи го(за едни тука е фетус,за едни човек)... тоа е пократка болка отколку за човечкото суштество што шета во искинати партали по домовите и чија судбина е во пропаст затоа што не сите деца имаат среќа да бидат посвоени.
Сега за накосеното. =)
Зошто викаш дека писмени си купуваат антибеби апчиња,си ставаат спирали.Еве кажи ми како јас на 18 години да си ставам спирала во мене?
Антибеби апчиња-не сакам ни да слушнам за нив,сум се советувала со гинеколози,често одам на такви прегледи,уште откако ја добив првата менструација пред 5 години јас редовно одам на гинеколог и секогаш тема на зборување ни била секс и контрацепција без разлика дали сум била сексуално активна.Секогаш ... и од гинеколог сум слушала - за младите само кондом и ништо друго.Ама видиш ете некогаш се случува и со тој пусти кондом да забремениш колку и да се пазиш нели се случува шо вика мајка ми секош кај тие шо не треба(ќе се штитиш ти,ќе се пазиш,ќе одиш на прегледи и тамтамтамтамтамтам .. а некоја со сите ќе ги турка гаќите-поинаку не знаев како да се изразам,значи без никаква заштита и нема да забремени,а тебе ќе ти се случи...
или да станува збор за силување,и јас и ти(ти како повозрасна) знаеме дека тој чин е една болна работа за жената,маж можам да речам дека не би разбрал доволно..ама ти би ме разбрала.Еве се случува,знаеш јас пред некое време бев нападната од манијак пред мојата куќа,ништо не ми се случи само ме бркаше и избегав среќа што се најдов пред куќа па премн. сум исплашена и страв ми е навечер до продавница да појдам и знаеме двете како мене би ми било НЕДАЈБОЖЕ(никогаш,никогаш,никогаш) да бев силувана.Кажи ми,како јас би го задржала детето на таа гнаса,на тој габор... нз како да го наречам,кога би ме затруднил ?
И на крај,да додадам по не знам кој пат.
ОПРАВДУВАМ АБОРТУС,
во одредени случаеви! :helou::smir: