Сте биле ли разочарани од вашите пријатели?

  • Креатор на темата Креатор на темата green apple
  • Време на започнување Време на започнување
многу пати имам разочарано но сепак никој не е совршен јебига
 
Наводно ние сме совршени, не сме разочарале никого :)
 
хехе никој не е совршен но има некои што се поблиску, а некои сосема далеку од совршенство :)

А и има некој кој не ни им е грижа ни дали се далеку или блиску до совршенството.

Не ме разочарал никој до сега , најверојатно бидејќи не споделувам секакви информации ,и тешко се доверувам на некој. Тешко е во овие времиња на некој да се довериш ,дури и оние свештеницине за исповод се лабави. А дали сум разочарал некој ,најверојатно.
 
Мислам дека токму овој другар треба да каже дека ти си го разочарал зашто кога се навлекувал на хероин не си бил таму за него да го расшамараш...
Ама ај...

Лесно е да се кажи нели? Јас престанав да излегувам со него 4 години пред да се навлечи на хероин, после тоа смени 2 друштва...и тие го одебаја. Само дружењето со личност која не може да си воспостави контрола кога ќе го запалат хормоните можи да ја долови ситуацијата која те оддалечува од дотогашното т.н.пријателство.
Можеби во случајов требаше некој друг да се жртвува...една себична личност заслепена од своето ЕГО...

--- надополнето ---

Секој си гледа само за себе, а за другите воопшто не ни помислува, а не пак да погледне... али тоа е животот

Е тука си во право...гледањето за себе може да ти го заеби животот 200 %...Секогаш е прашање на перцепција...Трагичните приказни секогаш лесно се продаваат без разлика на вистината...
 
Мислам дека токму овој другар треба да каже дека ти си го разочарал зашто кога се навлекувал на хероин не си бил таму за него да го расшамараш...
Ама ај...
Се кладам дека не ни познаваш лично некој што бил навлечен на хероин.
Во теорија да, треба да си крај него, да го опаметиш, да го рашамараш, да го заклучиш на таван ако треба, само да му помогнеш, ама хероинот е играчка која човекот не може да ја управува. Тој негов пријател, како и секој друг хорсаш, од моментот кога почнал да се хорса, веќе не бил Петко, на Магус пријателот, туку бил Петко на хероин. И кога човекот ќе ја изгуби контролата врз сопствената волја, што секогаш се случува кога човек ќе се навлече на хероин, никој не може да му помогне да си ја врати, ни мајка му, ни пријателите, ни рихабот у Кисела Вода.
Верувај ми дека лично познавам дечко (кој денес е на долгогодишна метадонска терапија), чиишто родители буквално го врзуваа за радијатор во соба и човекот најпосле пак наоѓаше начини да стигне до фикс.


Ептен офтопик муабет си напраив, а на темата:
Секако дека сум била разочарана, луѓето се крајно креативни кога се работи за начини како да разочараш некого. Кога бев помала некако беше полесно, секој ми беше најдобар пријател, сродна душа, сестра, брат, брзо простував иако често грешевме, ќе гинев за сите другарки и сите ќе гинеа за мене и во тоа време глава на трупче ќе стаев дека тие пријателства ќе траат со години.

Ама како поминува времето, контактот (не физичкиот, оној душевно блискиот, тој што не` поврзува) постепено изчезнува и иако имам милион другари и другарки за кафе, за муабет, за дружба, за споделување, сепак меѓу нив дали има едвај двајца кои ми се вистински блиски, на кои им верувам и на кои сметам дека можам да се потпрам.
Како што созреваме/старееме, критериумите за односи со луѓето се повеќе ни се повишуваат, потешко простуваме, повеќе бараме, а помалку наоѓаме...
Се е полесно кога си дете... :toe:
 
Ние луѓето функционираме на тој начин што кога ќе снемаме корист губиме интерес за нештото. За било што да се работи. Пример јадеш чоколадо со убава амбалажа. Кога ќе го изедеш амбалажата ќе ја фрлиш. Така ти е и со другарството, дружиш додека имаш корист. Инаку, зошто?
Јас функционирам на тој начин. Ете во средно имав добар другар, многу пати ми се наоѓаше за многу работи, а и јас него. Го сретнав пред некое време, не е веќе тоа тоа. Едноставно јас и тој немаме муабет. Сега кога и да го видам не застанувам со него. Затоа што едноставно нема потреба. Јас повеќе немам никакви заеднички интереси со тој човек. Ниту муабет. И немам потреба да дружам со него.
Другарки сум имала многу досега и друштва. Додека беше интересно се дружевме... Почна да ни досадува секоја си фати на своја страна во животот. Па потоа друго друштво, па друго... И се така додека се има заеднички интереси со одредени личности. Кога се губат тие работи, се губи и муабетот, станува бош... И толку веќе, нема причина повеќе ниту корист да се дружиш со таа личност.
Мразам лицемерие, а знам дека сите функционираат на тој начин. Колку пати сте помислиле дека сосетката е ужасно досадна кога ќе ви клапне дома по цел ден? А сепак ништо не сте и рекле... Колку пати сте се смрштиле кога другарка ви ќе ви побара некоја блуза? И пак дружите :smir:
Нели, ние сме човечки суштества и не сме безгрешни. Сите носат зло во душата, кој помалку, кој повеќе.
Бидејќи знам дека луѓето се во глобала лицемерни суштества не запаѓам во приказни дека постои вистинско пријателство. Може да постои, додека имаш корист од таа особа.Кога ќе ја снема користа, ќе го снема и другарството.
 
Вистинските пријатели, ти се само родителите. Тие ти се единствените пријатели без интерес. Сите други гледаат како да те искористат, манипулираат, баталат кога ти имаш потреба од нив и сл.

Не за џабе рекле „Боже чувај ме од пријатели, од непријатели сам ќе се чувам“
 
Пријателите се за тоа,да ни донесат среќа и разочарување во различни делови од животот,нема да го осетиш разочарувањето ако прво не осетиш среќата со нив.
 
Вистинските пријатели, ти се само родителите. Тие ти се единствените пријатели без интерес. Сите други гледаат како да те искористат, манипулираат, баталат кога ти имаш потреба од нив и сл.

Не за џабе рекле „Боже чувај ме од пријатели, од непријатели сам ќе се чувам“

Токму така, но освен родителите во вистински пријатели спаѓаат и браката односно сестрите.
 
Токму така, но освен родителите во вистински пријатели спаѓаат и браката односно сестрите.

Каква заблуда ! Ако си во крвно сродство со некој не значи дека ти е близок пријател, мислам нема потреба од објаснување. После имало разочарување, е ќе има кога на ваков начин се дефинира кој ти е вистински пријател.

Едно прашање: во вистински пријатели мора да спаѓаат браќата односно сестрите и родителите, или тоа е постепено и долго нешто кое не може да ти се наметне и се случува спонтано и природно...!?
 
sum razocaruval isto tka kak so me imat razocaruvano... tva e se so imam da kazam okolu temata...
 
eheee само колку пати сум бил разочаран од пријателите во овие 18 години :jaj:
 
Разочарани се оние со големи очекувања...во т.н. вистинско пријателство не постојат ОЧЕКУВАЊА, постои само РАЗБИРАЊЕ...ама тоа е толку ретко што ретко кој верува дека постои.

:)
 
Да, сум била. Мислам дека и нема човек кој не бил. Истиве личности да ги прашаш ќе ти речат дека се разочарани од мене и така, а стварно нема никаква причина, тоа ти е кога се многу субјективни и мислат само на тоа што нив им одговара. Кога тие прават едно нешто тогаш е ок, а друг кога прави тогаш не чини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom