Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Како може змијата во градината еденска да е лукавиот, кога во тоа време лукавиот бил во божја милост и негов ангел, а тек покасно паднал од небесата, како што ни кажува Исаија...
Кој бил тој “лукав“ кој постоел пред ѓаоло?

Исаија: 14:12
Како падна од небото Деницо (Светлоносецу), сине Зорин? Како ли си симнат на земјата ти, угнетувачу на народите?
Ако го прочиташ конктестот, ќе видиш дека тука пророкот не му се обраќа на ѓаволот, туку на Навуходоносор - вавилонскиот цар.

И дали Рајот, т.е. градината Еденска се наоѓа во денешен Ирак, бидејќи Бог многу јасно ни дава географски координати...и по страшниот суд душите на праведните ќе одат во Багдад, Басра или Тикрит?
Немаме доволно информации за тоа каде се наоѓала Едемската градина, а исто така и по глобалниот потоп топологијата на Земјата е променета и веројатно делови од таа градина се некаде под денешната Земјина површина (почва).
Душите на покајаните верници по судниот ден ќе ги наследат новото небо и новата Земја.

„И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа“ (Откровение 21:1, Библијата)
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Еј кој ја труе темава сега, едноставно имаш опција игнорирај. Прекини веќе и ти...
Абе со Мики1 ќе се разбереш ти, туку ај да се посмееме малку. Не коментирам повеќе :salut:
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Немаме доволно информации за тоа каде се наоѓала Едемската градина, а исто така и по глобалниот потоп топологијата на Земјата е променета и веројатно делови од таа градина се некаде под денешната Земјина површина (почва).
Душите на покајаните верници по судниот ден ќе ги наследат новото небо и новата Земја.
Поточно, немате никакви информации за тоа каде се наоѓала Едемската градина и дали воопшто постоела додека за ова второво не те сфаќам баш.

Дали ти веруваш дека потопот од приказната за Ное навистина се случил???
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ако го прочиташ конктестот, ќе видиш дека тука пророкот не му се обраќа на ѓаволот, туку на Навуходоносор - вавилонскиот цар.



Немаме доволно информации за тоа каде се наоѓала Едемската градина, а исто така и по глобалниот потоп топологијата на Земјата е променета и веројатно делови од таа градина се некаде под денешната Земјина површина (почва).
Душите на покајаните верници по судниот ден ќе ги наследат новото небо и новата Земја.

„И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа“ (Откровение 21:1, Библијата)
Нели во католичката и православната теологија, лукавиот се поврзува со тој цитат од Исаија?
За протестантите не знам...:)
Но и без тоа, во времето на еденската градина и настаните од Битие, лукавиот уште не бил надвор од милоста Негова, туку ангел, подоцна паднал...

Езекиел 28-13
Во Едом во Божјата градина, живееше ти, твоето облекло беше украсено со секаков сард, топаз и дијамант, хрисолит, оникс и јаспис, сафир, смарагд и злато. Беа направени тапани и кавали, на денот на твоето раѓање беа подготвени.

Лука 10-18
А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото, како молња!

Пак не е јасно кој ѓаол е ѓаоло што ги измами Адам и Ева...

Бог ни дава сосема прецизни координати, така да нема потреба од незнаење во време на атласи и прецизни карти на светот, прочитај што кажува во Битие.
За каква нова земја и небо станува збор, бидејќи рајот е веќе лоциран од Бог и се наоѓа во денешен Ирак...?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Но и без тоа, во времето на еденската градина и настаните од Битие, лукавиот уште не бил надвор од милоста Негова, туку ангел, подоцна паднал...

Езекиел 28-13
Во Едом во Божјата градина, живееше ти, твоето облекло беше украсено со секаков сард, топаз и дијамант, хрисолит, оникс и јаспис, сафир, смарагд и злато. Беа направени тапани и кавали, на денот на твоето раѓање беа подготвени.

Лука 10-18
А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото, како молња!
И во двата случаи се работи за минато свршено време. Не пишува никаде дека тоа било по падот на Адам и Ева во гревот.

Пак не е јасно кој ѓаол е ѓаоло што ги измами Адам и Ева...
За христијаните е јасно, исти ѓаол е - рогатиот :devil2:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
На Адам и Ева им било кристално јасно дека ако јадат од забранетото дрво ќе умрат. Во Битие 2:17 читаме дека Бог тоа јасно и децидно им го кажал:
„Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината, но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!“ (Битие 2:17, Библијата)

Уште една потврда дека Адам и Ева го разбрале јасно Бог е нивната дискусија со Бог откако тие згрешиле. Тие не се изговарале дека не го разбрале Бог или дека нешто им било нејасно со таа заповед, туку само се обидувале да ја префрлат вината на друг:

Адам: „Жената, која Ти ми ја даде со мене, таа ми даде од дрвото, па јадев.“ (Битие 3:12, Библијата)
Ева: „Змијата ме измами, па јадев“ (Битие 3:13, Библијата)
Човече, како може да им било кристално јасно кога немале сознание за добро и зло?! Што се правиш со сила мутав?
Што ги измамила змијата? Им рекла дека ќе им се отворат очите, и очите им се отвориле! За првпат почуствувале срам, почнале да распознаваат добро и зло! Каде е тука измамата?
Неможе да се товари за одговорност и да се казнува некој од страна на истиот кој ги создал без способност да распознаваат добро и зло!
Каков човек си ти кога негираш толку очигледен факт?!
Тие биле бесмртни пред да го направат гревот. Со извршувањето на гревот, смртта влегла во нив и потоа тие биле смрттни.
Епа тогаш зошто не ми одговори на прашањето? Ако биле бесмртни, зошто бог се грижи да не станат бесмртни?
Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно! Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Епа тогаш зошто не ми одговори на прашањето? Ако биле бесмртни, зошто бог се грижи да не станат бесмртни?
Ако Адам и Ева, со сторениот грев, останеле бесмртни и останеле во Рајот, тоа би значело дека и гревот но и смртта, како казна за гревот, би станале дел од Рајот и би биле вечни Рајски категории...Тоа би начело дека смртта би била во близината Божја, што за Бога е неприфатливо. Вечниот живот и смртта се исклучуваат.

Така?

Преку изгонувањето Адамово и Евино од Рајот, заедно со нив, изгонети се и гревот и смртта.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Човече, како може да им било кристално јасно кога немале сознание за добро и зло?!
Немале спознание за доброто и злото, ама имале спознание дека ако јадат од забранетото дрво дека ќе умрат. Јаделе и умреле. Нема тука ништо нејасно.

Епа тогаш зошто не ми одговори на прашањето? Ако биле бесмртни, зошто бог се грижи да не станат бесмртни?
Ти одговорив. Види на предходната страна.

Чорбаџија напиша:
Тие биле бесмртни пред да го направат гревот. Со извршувањето на гревот, смртта влегла во нив и потоа тие биле смрттни.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако Адам и Ева, со сторениот грев, останеле бесмртни и останеле во Рајот, тоа би значело дека и гревот но и смртта, како казна за гревот, би станале дел од Рајот и би биле вечни Рајски категории...Тоа би начело дека смртта би била во близината Божја, што за Бога е неприфатливо. Вечниот живот и смртта се исклучуваат.

Така?

Преку изгонувањето Адамово и Евино од Рајот, заедно со нив, изгонети се и гревот и смртта.
Ако биле бесмртни, зошто вели: "но сега да не посегнат по дрвото на животот па да заживеат вечно"! Значи кога го констатира ова, јахве сеуште не ги изгонил ниту казнил! А сепак се плаши да не заживеат вечно! Нема смисла да се грижиш дали некој што е бесмртен би пробал од дрвото на животот и би заживеал вечно.
Единствен кој тука прави грев е самобендисаниот лик на јахве! Затоа што ги создава без капацитет да распознаваат добро и зло, а потоа ги казнува!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398


Ако биле бесмртни, зошто вели: "но сега да не посегнат по дрвото на животот па да заживеат вечно"! Значи кога го констатира ова, јахве сеуште не ги изгонил ниту казнил! А сепак се плаши да не заживеат вечно! Нема смисла да се грижиш дали некој што е бесмртен би пробал од дрвото на животот и би заживеал вечно.
Единствен кој тука прави грев е самобендисаниот лик на јахве! Затоа што ги создава без капацитет да распознаваат добро и зло, а потоа ги казнува!
На поставено прашање, се дава/се добива одговор.

Даден одговор, или се прифаќа или не се прифаќа, а ако одговорот е даден а Ти си даваш свој одговор на даден одговор, мислим, сеа, види овака.....Останувам без текст.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Немале спознание за доброто и злото, ама имале спознание дека ако јадат од забранетото дрво дека ќе умрат. Јаделе и умреле. Нема тука ништо нејасно.
Ова што го кажа нема никаква логика! Немале сознание за добро и зло, ама имале дека ќе умрат?!?
1. Ако немаш сознание за добро и зло, од каде ќе знаеш дали одредена последица од твоите постапки е добро или зло?
2. Како тоа умреле, кога јасно самиот јахве констатира дека:
"Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно!Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен." Невели ете јадеа и сега ќе умрат!:toe:

--- надополнето ---





На поставено прашање, се дава/се добива одговор.

Даден одговор, или се прифаќа или не се прифаѓа, а ако одговорот е даден а Ти си даваш свој одговор на даден одговор, мислим, сеа, види овака.....Останувам без текст.
Во право си! И немањето одговор е одговор сам по себе.
Благодарам, што ми помогна да укажам на вистината.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ова што го кажа нема никаква логика! Немале сознание за добро и зло, ама имале дека ќе умрат?!?
Да затоа што Бог јасно и децидно им кажал дека ако јадат од забранетото дрво, ќе умрат:

„Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината, но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!“ (Битие 2:17, Библијата)

Во денот кога Адам и Ева јаделе од забранетото дрво тие умреле во смисла дека биле отстранети од изворот на животот (значи прво духовно), почнале да стареат (умирање на одредени клетки, органите полека откажуваат, телото се суши) и најпосле и телото им умрело и се вратило во земјата од каде што било и земено - токму онака како што рекол Бог.

„Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен - прав си, и во прав ќе се вратиш“ (Битие 3:19, Библијата)

Зборовите „денот“ и „умреш“ не значат исто во 21 век во Македонија и во староеврејскиот јазик. На пример зборот „денот“ не мора секогаш да означува еден 24 часовен ден. На пример во Битие 2:4 периодот од седумте денови на создавањето се наречени со еден збор „ден“ (во еднина)

„Тоа се раѓањата на небото и земјата, кога беа создавани. Во денот кога Господ, Бог, ги правеше земјата и небото,“ (Битие 2:4, Библијата)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom