Како може змијата во градината еденска да е лукавиот, кога во тоа време лукавиот бил во божја милост и негов ангел, а тек покасно паднал од небесата, како што ни кажува Исаија...
Кој бил тој “лукав“ кој постоел пред ѓаоло?
Исаија: 14:12
Како падна од небото Деницо (Светлоносецу), сине Зорин? Како ли си симнат на земјата ти, угнетувачу на народите?
Битие 3-1
Змијата беше полукава од сите полски животни, што Господ, Бог, ги направи. Таа и рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?”
И дали Рајот, т.е. градината Еденска се наоѓа во денешен Ирак, бидејќи Бог многу јасно ни дава географски координати...и по страшниот суд душите на праведните ќе одат во Багдад, Басра или Тикрит?
Битие 2-10
Река извираше од Еден за да ја натопува градината; оттаму беше раздвоена, и настанаа четири главни реки.
2-11
Името на првата е Фисон, а ја обиколува целата Евилска Земја, во која има злато.
2-12
Златото на таа земја е добро, а има таму и бделиј и ониксов камен.
2-13
Името на втората река е Гион, а ја обиколува целата земја Хус.
2-14
Третата река е Тигар, а тече на исток од Асирија; четвртата река е Еуфрат