Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Јас може да се декларирам како Самурај, ама џабе е сето тоа, бидејќи не сум, према условите кои треба да се исполнат за станување Самурај. Може и да инсистирам дека сум Самурај ама на крај ќе дојде комбето по мене.Единствената разлика веројатно меѓу деклариран Атеист (како тебе) и нешто како мене (незаинтересиран воопшто за постоењето на бог или непостоењето, дали сум скептик, деист, атеист, верник појма немам и не ми е битна која категорија е мојата) е што работите кои се случуваат во денешно време а се сеушто необјасниви за науката, ти апропо ја отфрлаш веројатноста за т.н виша сила или случајност, и имаш уверување дека еден ден науката ќе го одговри тоа (и јас го почитувам тоа мислење) , а јас не ја отфрлам веројатноста дека е тоа случајност и едноставно ако науката понуди решение секако ќе го прифатам. Впрочем и во мојот потпис стојат основите на теоријата на хаосот (случајноста) сублимирани во 2 реченици.
Еве тоа горе е нешто како дефиниција. Ако не ме најдеш како Христијанин не ми смета. ЈАс себе си си ја припишав таа декларација.
Ете ја декларацијата, каква таква, сеа обиди се д аодговориш како и кога си станал атеист?
Од друга страна ти може да се декларираш како христијанин иако...
Како мислиш тоа кога сум станал атеист?!нешто како мене (незаинтересиран воопшто за постоењето на бог или непостоењето, дали сум скептик, деист, атеист, верник појма немам и не ми е битна која категорија е мојата)
Никогаш не сум верувал во божанства ниту сум припаѓал на религија.
ок, последниве денови освен во Болдрик оооооо слава ти пресвети Болдиче, спасителу наш, да се свети името твое и да се остварат сите твои лукави (cunning) планови ...
Ова делува подеднакво забегано и нелогично како и нечија евентуална перцепција за себе како Самурај, а живее во Мариово, не знае јапонски ниту нешто живее по Бушидо кодексот, ниту катаната му е “втора душа“ а при евентуален пораз секако нема да си направи Сепуку. Ама да го прашаш Шогун е чоеко...ебаго...
Јас ги исполнувам сите можни услови за декларирање како атеист, иако не сум нешто посебно по декларации, некако ми делуваат како орудие на рогатиот...
Додека ти не ги исполнуваш условите Негови за да се декларираш како христијанин (што ако барем површно ја прочиташ Неговата објава) но ги исполнуваш условите кои заедницата со консензус ги донела за да ти можеш да се деклариаш како таков, а тоа е...“јас сум рисјанин бе...шо ми мојш...„
Но разликата меѓу таквиот поенцијален штитеник на специјалната болница во Бардовци и некој кој не бил воопшто заинтересиран дали постоел бог или не... ама сепак се декларирал како православен христијанин е во социјалната прифатливост и масовност за самоизмамата наречена религиозна припадност.
Едното лудило е конзенсус-реалност, другото не е и тоа е тоа. Едното е индивидуално, а другото wholesale lunacy, approved by the authorities.
Јас не ја отфрлам можноста за постоење работи кои науката денешна не може да ги дефинира, само ја отфрлам можноста за божанства и не припаѓам на ниедна религија (ако се исклучи Болдриковата, но и така е нова, нерегистрирана во списокот верски заедници)...
Најприфатлива теорија сега засега ми е онаа околу холограмската парадигма која ја објаснува природата на реалноста, но таа е сеуште на почеток, треба време за да се дефинира како и останатите теории.
Но дали универзумот функционира на принцип на тешко сфатлив за нас вид на холограмска проекција и дали флуктуацијата во јадрото на атомот е силата која “држи све скупа заједно“ не го исклучува непостоењето на разно-разни божанства опишувани во иљадници религиски списи и митови...
А како дуалист, прифаќам и случајност и намера во иста мера и не ги ставам како антагонистички ентитети туку како две страни на иста монета...
Немам намера да навредам наведувајќи компаративно лудило, само целосно да ја објаснам ситуацијата...:smir: