Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Дали сум јас Самурај ако се декларирам како Самурај или сепак треба декларацијата да има некаква содржина?!
Сепак како што реков, перцепцијата на поединците по религиозна и национална основа има само еден заеднички именител а тоа е едноставна вербална декларација “јас сум тоа и тоа“ и има мала или никаква содржина и значење.

И сеа што со ова? Како и твојата декларација за Атеист се сведува само на ЈАС СУМ ТОА И ТОА и таа има речиси ништожна содржина и значење?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Сега ми текна :)
Личноста(маската) ти е од после пораџај, така да не е тоа што си ти.
Не се идентификувај со маските.
Ако немаш личност, немаш ни потреби ни барања, ниту пак можеш да се согласиш или да не се согласиш! Прашај некое дрво дали се согласува или не се согласува, и ќе видиш колку е апсурдно тоа.
Затоа нагласив дека личноста која сум денес, (како и наназад додека ме држи сеќавањето) вклучитечно и мојот карактер кој моментално го имам, никогаш не би се согласиле да бидам нечија соспственост!
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Библијата е ЕДИНСТВЕНОТО христијанско упатство. Ако некој се смета за христијанин, а (1) не ја прочитал Библијата или (2) не се сложува со БИЛО КОЈ ДЕЛ од неа, тој човек, Мики, НЕ Е ХРИСТИЈАНИН!!!

Не може нешто да прифаќаш, а нешто да одбиваш од учењето!!!

Не знам дали ме разбираш?

Ако си правиш своја комбинација од свети учења, ама ИЧ не ти вреди што се кажуваш христијанин, кога ОЧИГЛЕДНО не си!

Некои луѓе имаат потреба од вера за да си го олеснат животот. За да на полесен (неточен) начин си го објаснат светот околу себе. За да најдат утеха (лажна) во тешките моменти (кои најчесто се должат на неразбирањето на тоа како и зошто токму така функционира светот околу нив).

Од МРЗА, би рекол.
Хмм на она што не е болдирано е глупост да се одговара.
Болдот, како твое размислување и само твое, си има своја специфична тежина. Да речеме дека е така. Дека навистина е потреба вера во нешто за да с еолесни животот. Мене поприлично ми е олеснет животот со верба посебно во најтешките и најсреќните моменти, признавам. Како ти си го олеснуваш животот, во такви моменти?
-Сигурно не бараш линкови на википедија да ти се олесни.
-Ја подобјасни како вербата во нешто, НЕТОЧНО ми го објаснува светот. Дај конкретен пример.
-Мислиш ли дека во најтешки моменти (загубен човечки живот) пости лажна и вистинска утеха???? Која е вистинската утеха.
ТИ во што веруваш во таквите моменти?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Цитирај ми ги десетте заповеди од новиот завет, те молам.
...а после ќе требит да цитирам и од Новиот Завет, така? :icon_lol: Не претерувај, Заповедите се лесно достапни. Насетувам дека сакаш да се впуштиш во нивно споредување.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И сеа што со ова? Како и твојата декларација за Атеист се сведува само на ЈАС СУМ ТОА И ТОА и таа има речиси ништожна содржина и значење?
Ако јас се декларирам како атеист, содржината е јасна и конкретна.
Неверување во божанства и неприпадност кон религии...и тоа е тоа.
Не е ништо посебно.
Тоа не значи ниту верување во “потекло на видовите“, ниту биг бенг теоријата ниту во економските теории на Маркс.
Некој атеист може да е националист, друг да не е...секакви ги има.
Не ја проектирај ништожноста на мнозинското декларирање како христијани кон нечија поединечна деларација како атеист, бидејќи тоа е индивидуална перцепција. Заедничкото е само негирање на божанства и неприпадност кон религија. Ништо повеќе.

Како на пример се деклариаш како играч на карти, играш некоја игра со карти и тоа е тоа...
Неиграч на карти е оној кој не игра игри со карти.
Едноставно...:)

Trust no1.:pipi:
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
...а после ќе требит да цитирам и од Новиот Завет, така? :icon_lol: Не претерувај, Заповедите се лесно достапни. Насетувам дека сакаш да се впуштиш во нивно споредување.
Па за новиот ти викам де, незнам што не ти е јасно.Цитирај ми ги десетте заповеди кои ги има во новиот завет, нема да споредувам ништо, ветувам.
Чисто ме интересира.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ако јас се декларирам како атеист, содржината е јасна и конкретна.
Неверување во божанства и неприпадност кон религии...и тоа е тоа.
Не е ништо посебно.
Тоа не значи ниту верување во “потекло на видовите“, ниту биг бенг теоријата ниту во економските теории на Маркс.
Некој атеист може да е националист, друг да не е...секакви ги има.
Не ја проектирај ништожноста на мнозинското декларирање како христијани кон нечија поединечна деларација како атеист, бидејќи тоа е индивидуална перцепција. Заедничкото е само негирање на божанства и неприпадност кон религија. Ништо повеќе.

Како на пример се деклариаш како играч на карти, играш некоја игра со карти и тоа е тоа...
Неиграч на карти е оној кој не игра игри со карти.
Едноставно...:)
Исто ти е пријателе, само што не сакате да го видите тоа. Не одговара сега споредбата со навивањето, па ај со играње карти споредба. Колку и да се обидуваш(те) да негираш дека декларацијата атеист е различна од декларацијата христијанин, се повеќе тонеш во сопствениот свет во кој и единствено ќе има логика таквото декларирање.

Јас се декларирам Христијанин, се декларирам и Македонец и мојата декларација е еднакво значајна како и твојата дека не си Христијанин и дека не си Македонец.

Што те натерало да се декларираш како НеХристијанин, намерно не споменувам други религги бидејќи сосема е јасно зашто не би бил муслиман на пример (а ако не е јасно ќе подобјасниш), и да за себе прикачиш епитет Атеист е интересно да се знае.

Ако милуваш да кажеш за Христијаните дека по инерција с епишуваат Христијани и се декалрираат како такви за да се идентификуваат со толпата во окружувањето, тогаш која е иницијалната каписла за да се декларираш спротивно од тоа односно Атеист? Немој само да кажеш дека веруваш во науката и си осознал работи и дрн дрн... Имај на ум дека многу од НАС што се декларираат Христијани имаат многу повеќе восприемено земски знаења од некои атеисти.

БИ сакал да слушнам што те натерало да се декларираш атеист, и кога го тоа осозна дека треба да си надвор од Христијанството и сите религии? Како ја почувствува таа потреба за таква декларација?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Можеш, разбира се, со една напомена: тековно на сила е Новиот Завет, со милоста Божја и евангелска, а она кое е запишано во Стариот, тоа се одредби кои важеле своевремено.
Тековно, според христијанството на сила е БИБЛИЈАТА. Таа книга е составена од Стар и Нов Завет - не се прави глупав.

Исус, ЈАСНО И ГЛАСНО, во Новиот Завет кажува дека СТАРИОТ ЗАВЕТ Е ВО ПОТПОЛНОСТ ВО СИЛА!!! Дека ниту една буква од законите НЕМА ДА СЕ ИЗМЕНИ. Дека СЕ' што пишува во Книгата важи и дека е ВЕЧНА ВИСТИНА!!!

Инаку, „не кради“, „не се плескај со комшиката“ и „НЕ РАБОТИ ВО САБОТА“ веќе не би важеле, нели.

А ти пак се обидуваш валцер да изиграш околу јасните и гласни насоки во твојата ЕДИНСТВЕНА книга.

Тоа не е вистински верник, Мики!

--- надополнето ---

Напротив: десетте Божји се исти и во Стариот и во Новиов Завет, со тоа што во Новиов, Заповедите се потешки за исполнување, оти Христос ги подигна Заповедите на духовно-етичко ниво.
Затоа, не си прај филмој дека ѓоамити ќе сум дошол у нечиј табор...
Каде се тоа сместени 10-те божји заповеди во НОВИОТ ЗАВЕТ?

--- надополнето ---

Хмм на она што не е болдирано е глупост да се одговара.
Болдот, како твое размислување и само твое, си има своја специфична тежина. Да речеме дека е така. Дека навистина е потреба вера во нешто за да с еолесни животот. Мене поприлично ми е олеснет животот со верба посебно во најтешките и најсреќните моменти, признавам. Како ти си го олеснуваш животот, во такви моменти?
-Сигурно не бараш линкови на википедија да ти се олесни.
-Ја подобјасни како вербата во нешто, НЕТОЧНО ми го објаснува светот. Дај конкретен пример.
-Мислиш ли дека во најтешки моменти (загубен човечки живот) пости лажна и вистинска утеха???? Која е вистинската утеха.
ТИ во што веруваш во таквите моменти?
Не би се сложил дека е глупост да се одговара. Ако ти е глупаво да одговориш, тоа е друго. Само, те молам, не мисли дека со избегнувањето на одговорот си ме решил. Не си ме.

Кон прашањата:

Си го олеснувам животот обидувајќи се да разберам ЗОШТО сум се довел во таква ситуација. Дали сум можел некако поинаку да постапам. Доколку не е моја вина, се обидувам причинско-последично да ги поврзам настаните кои довеле до таа ситуација и да НАУЧАМ како повторно да не ми се случи истото.

НИКОГАШ нема да си кажам „така требало да биде“, „Господ така сакал“ или „има зошто ова ми е направено“

Сите овие се ИЗГОВОРИ и АПСОЛВИРАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ кои се типишни за религиозните луѓе. Токму затоа ваквите срања им се повторуваат, се' додека не се убедат самите себе дека навистина некоја ПОВИСОКА СИЛА раководи со нивните животи.

Христијанската вера те учи дека Земјата е рамна. Дека е центар на вселената. Дека небото е покривач со дупки низ кои светлината од небесата продира кон земјата. Христијанството (верата) не' учи да мислиме за себе дека сме ГРЕШНИ без да направиме никаков грев. Не' тера да мислиме дека НЕКОМУ СМЕ ДОЛЖНИ за нешто што не го должиме.

Христијанството не' учи ДА НЕ ОТКРИВАМЕ, ДА НЕ СЕ ПРАШУВАМЕ и ДА НЕ ПРАВИМЕ одредени нешта под ЗАКАНА ЗА ВЕЧНО СТРАДАЊЕ во езерата на пеколот.

Христијанството прикажува ЛАЖНА слика за овој, а се ЗАКАНУВА и ЛАЖНО ВЕТУВА задгробен живот кој НЕ ПОСТОИ.

Вистинска утеха е проекција на иднината онаква каква што рационално е МОЖНО да се случи. Вистинската утеха е мотивација за креирање на посакуваната иднина, затоа што иднината зависи ОД ТЕБЕ САМИОТ!

Лажна утеха е кога се залажуваш со нешто КОЕ НЕ, НИТУ НЕКОГАШ ЌЕ ПОСТОИ. Ланата утеха е демотивација за посакуваната иднина, затоа што Библијата не' учи дека планот на Јахве е направен многу одамна и НЕМА СИЛА која може да го промени тој план.

Дали ме разбираш?

Затоа, тешењето со награда во „животот потоа“ е ЛАЖНА утеха.
 
Потенцирај што треба да одговорам а сум избегнал? Не одговорам со цитати од библија тоа треба да ти е јасно.

За она другото па ти избегна одговор на се а мислиш дека си дал. Повторно ја вмеша религијата и христијанството. Убаво напишав кој е најтешкиот момент во животот на луѓето, а ти ми одговараш дека ќе се обидеш да видиш кај си погрешил за д ан епогрешиш пак. Па нема врска бе ДИбек со поставеното конкретно прашање. Твојот одговор сите го практикуваат за сопствени грешки, не ја откри Америка со тоа што го изнапиша.

Јас те прашав како сметаш дека луѓето ќе си олеснат во најтешките моменти - смрт на човечко суштество. Што во тој момент е лажна утеха. Ако мисли дека починатито ќе замине во рајот, ти ќе дојдеш и ќе му кажеш види брат не постои рај ќе го изедат црвите? Што е вистинска утеха тогаш?

Не зборувам за грешки за кои можеш да научиш да наредниот пат не ти се згреши. Зборам за вакви болни моменти.

И уште повеќе прашувам како стана Атесит и кога, што те натера на тоа? Што осозна повеќе од останатите за да бидеш атеист а да е навистина корисно во текот на животот?
Сознанието дека Господ не е во обилк на стар дедо не е објаснување.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Исто ти е пријателе, само што не сакате да го видите тоа. Не одговара сега споредбата со навивањето, па ај со играње карти споредба. Колку и да се обидуваш(те) да негираш дека декларацијата атеист е различна од декларацијата христијанин, се повеќе тонеш во сопствениот свет во кој и единствено ќе има логика таквото декларирање.

Јас се декларирам Христијанин, се декларирам и Македонец и мојата декларација е еднакво значајна како и твојата дека не си Христијанин и дека не си Македонец.

Што те натерало да се декларираш како НеХристијанин, намерно не споменувам други религги бидејќи сосема е јасно зашто не би бил муслиман на пример (а ако не е јасно ќе подобјасниш), и да за себе прикачиш епитет Атеист е интересно да се знае.

Ако милуваш да кажеш за Христијаните дека по инерција с епишуваат Христијани и се декалрираат како такви за да се идентификуваат со толпата во окружувањето, тогаш која е иницијалната каписла за да се декларираш спротивно од тоа односно Атеист? Немој само да кажеш дека веруваш во науката и си осознал работи и дрн дрн... Имај на ум дека многу од НАС што се декларираат Христијани имаат многу повеќе восприемено земски знаења од некои атеисти.

БИ сакал да слушнам што те натерало да се декларираш атеист, и кога го тоа осозна дека треба да си надвор од Христијанството и сите религии? Како ја почувствува таа потреба за
таква декларација?
Пак ќе ти кажам, атеизмот е само негирање на постоење на божанства и неприпаѓање кон религија.
Тоа е.
Иако популарната перцепција е дека имало и нешто друго - нема ништо друго.
Дали ќе се интересира за наука, дали ќе слуша народњаци или панк-рок, дали ќе штеди во банка или не, дали ќе е капиталист,комунист или анархист...тоа се сосема други категории и немаат никаква врска со атеизам.

Не прави никаква разлика дали преку наука сум осознал нешто или ништо.
На погоренаведените две едноставни премиси се базира атеизмот.

Не е исто и не може да е исто.
За да навиваш во нешто мора да постои ентитет, организација, клуб, собир на граѓани, било што и за тој ентитет ќе си навиваш, на пример МПЦ,Суни,Адвентисти,Вуду-бокори...
Ако не навиваш за Ливерпул тоа те прави не-навивач на Ливерпул.
Но ако си за Евертон, тоагаш си навивач на Евертон а си ненавивач на сите останати иљадници клубови кои виреат, вклучително и Ливерпул кого ќе го сметаш за клуб на лукавиот...:)
Ако не пратиш фудбал воопшто си не-навивач на апсолутно сите клубови кои постојат,постоеле и ќе постојат.

Не се снаоѓаш со основни поими, извини шо ќе ти кажам, ама ти се мешаат работите.
Ти сакаш да е исто но не е. И нема ни да е, сакаш да има некава содржина во декларацијата, го посакуваш тоа, но попусто.
Дефинирај ја содржината позади твојата декларација па да правиме муабет.

За да се декларираш како играч на карти треба да играш карти.
За да се декларираш како неиграч на карти или i don`t give a fuck about карти не треба да играш карти.
За да се декларираш како христијанин си има точни побарувања кои Бог ги дал за таквите.
Христијанин не е она што Мики1976 смета дека е, туку си има јасни услови,закони и прописи.
Исто како и атеист, но кај атеистите се само две. Неверување во божанства и неприпаѓање на религии.
И оној кој се перцепира како атеист треба да ги исполнува тие два услови исто како што оној кој се перцепира како христијанин мора да го исполни условите кои се наведени во Писмото. Ако ти е премногу тешко, никој не те тера да се декларираш како таков.

На пример мастурбацијата те носи надвор од богоугодноста.
За разлика од ропството кое е сосема богоугодно и на листата на работи за кои не се оди во Адот.

Освен тоа...јас сум религиозен, мојата религија е Болдриковото послание на простосмртните...Ја у Болдрика вјерујем...:)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па за новиот ти викам де, незнам што не ти е јасно.Цитирај ми ги десетте заповеди кои ги има во новиот завет, нема да споредувам ништо, ветувам.
Чисто ме интересира.
1. Јас Сум Господ Бог твој, да немаш други богови освен Мене.
2. Не прави слика или идол од она кое е горе на небото, долу на Земјата и во водата под земјата, немој да им се поклонуваш и немој да им служиш.
3. Не изговарај го напразно името на Господ Бог твој.
4. Сеќавај се на денот за одмор за да го празнуваш: 6 дена работи и сврши ги сите работи а 7-от посвети му го на Господа Бог твој.
5. Почитувај ги татко ти и мајка ти, за да ти биде добро и за да поживееш долго на Земјата.
6. Не убивај!
7. Не прави прељуба!
8. Не кради!
9. Не сведочи лажно против својот ближен.
10. Не посакувај ништо што е туѓо.

--- надополнето ---

Каде се тоа сместени 10-те божји заповеди во НОВИОТ ЗАВЕТ?

Матеј, 19.18/19.

--- надополнето ---

Тековно, според христијанството на сила е БИБЛИЈАТА. Таа книга е составена од Стар и Нов Завет - не се прави глупав.
Не бе, во ниту еден свој пост, немам напишано дека сум глупав, но имам напишано дека не е само Писмото извор на црковните вистини.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Дефинирај ја содржината позади твојата декларација па да правиме муабет.

За да се декларираш како играч на карти треба да играш карти.
За да се декларираш како неиграч на карти или i don`t give a fuck about карти не треба да играш карти.
За да се декларираш како христијанин си има точни побарувања кои Бог ги дал за таквите.
Христијанин не е она што Мики1976 смета дека е, туку си има јасни услови,закони и прописи.
Исто како и атеист, но кај атеистите се само две. Неверување во божанства и неприпаѓање на религии.
И оној кој се перцепира како атеист треба да ги исполнува тие два услови исто како што оној кој се перцепира како христијанин мора да го исполни условите кои се наведени во Писмото. Ако ти е премногу тешко, никој не те тера да се декларираш како таков.

На пример мастурбацијата те носи надвор од богоугодноста.
За разлика од ропството кое е сосема богоугодно и на листата на работи за кои не се оди во Адот.

Освен тоа...јас сум религиозен, мојата религија е Болдриковото послание на простосмртните...Ја у Болдрика вјерујем...:)

Единствената разлика веројатно меѓу деклариран Атеист (како тебе) и нешто како мене (незаинтересиран воопшто за постоењето на бог или непостоењето, дали сум скептик, деист, атеист, верник појма немам и не ми е битна која категорија е мојата) е што работите кои се случуваат во денешно време а се сеушто необјасниви за науката, ти апропо ја отфрлаш веројатноста за т.н виша сила или случајност, и имаш уверување дека еден ден науката ќе го одговри тоа (и јас го почитувам тоа мислење) , а јас не ја отфрлам веројатноста дека е тоа случајност и едноставно ако науката понуди решение секако ќе го прифатам. Впрочем и во мојот потпис стојат основите на теоријата на хаосот (случајноста) сублимирани во 2 реченици.

Еве тоа горе е нешто како дефиниција. Ако не ме најдеш како Христијанин не ми смета. ЈАс себе си си ја припишав таа декларација.
Ете ја декларацијата, каква таква, сеа обиди се д аодговориш како и кога си станал атеист?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Матеј, 19.18/19.
Матеј 19
18 А раѓањето на Исуса Христа стана вака: кога Неговата мајка Марија беше свршена за Јосифа, пред да се состанат, се најде забременета од Светиот Дух.
19 А нејзиниот маж Јосиф, бидејќи беше праведен и не сакаше јавно да ја засрами, намисли да ја остави тајно.

Јок. Нема заповеди. Оти така нехристијански лажеш, бре, Мики еден низаеден!

КАДЕ ВО НОВИОТ ЗАВЕТ СЕ ЗАПИШАНИ 10-ТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ?!?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Евангелие по Матеј, 19.18/19:
„...Тој Му рече: „Кои?„. А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај...„ (и тн.).

Глава 19, стихови 18 и 19.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Евангелие по Матеј, 19.18/19:
„...Тој Му рече: „Кои?„. А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај...„ (и тн.).

Глава 19, стихови 18 и 19.
Поточно:

18 Му рече: „Кои?” А Исус рече: (1) „Не убивај, (2) не прељубодејствувај, (3) не кради, (4) не сведочи лажно,
19 (5) почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себеси!”

Дека се останатите, бре, Мики?

Каде се:

Јас сум љубоморен Бог и ќе тибам пиперот ако имаш други?

Не работи у сабота?

Не ме збори напразно?

Не прави слики од она што е на небото?

Иначе, да не се заебаваме, пошто ти е Матеј фаворит, во ИСТОТО ЕВАНГЕЛИЕ од кое цитираш, Матеј вика, во име на Исус:

Матеј: 5:18 Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.

Зошто викаш дека Законот НЕ ВАЖИ кога Исус, еве, вика дека СВЕ ВАЖИ?!?

Оти, бре, Мики?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom