Исто ти е пријателе, само што не сакате да го видите тоа. Не одговара сега споредбата со навивањето, па ај со играње карти споредба. Колку и да се обидуваш(те) да негираш дека декларацијата атеист е различна од декларацијата христијанин, се повеќе тонеш во сопствениот свет во кој и единствено ќе има логика таквото декларирање.
Јас се декларирам Христијанин, се декларирам и Македонец и мојата декларација е еднакво значајна како и твојата дека не си Христијанин и дека не си Македонец.
Што те натерало да се декларираш како НеХристијанин, намерно не споменувам други религги бидејќи сосема е јасно зашто не би бил муслиман на пример (а ако не е јасно ќе подобјасниш), и да за себе прикачиш епитет Атеист е интересно да се знае.
Ако милуваш да кажеш за Христијаните дека по инерција с епишуваат Христијани и се декалрираат како такви за да се идентификуваат со толпата во окружувањето, тогаш која е иницијалната каписла за да се декларираш спротивно од тоа односно Атеист? Немој само да кажеш дека веруваш во науката и си осознал работи и дрн дрн... Имај на ум дека многу од НАС што се декларираат Христијани имаат многу повеќе восприемено земски знаења од некои атеисти.
БИ сакал да слушнам што те натерало да се декларираш атеист, и кога го тоа осозна дека треба да си надвор од Христијанството и сите религии? Како ја почувствува таа потреба за
таква декларација?
Пак ќе ти кажам, атеизмот е само негирање на постоење на божанства и неприпаѓање кон религија.
Тоа е.
Иако популарната перцепција е дека имало и нешто друго - нема ништо друго.
Дали ќе се интересира за наука, дали ќе слуша народњаци или панк-рок, дали ќе штеди во банка или не, дали ќе е капиталист,комунист или анархист...тоа се сосема други категории и немаат никаква врска со атеизам.
Не прави никаква разлика дали преку наука сум осознал нешто или ништо.
На погоренаведените две едноставни премиси се базира атеизмот.
Не е исто и не може да е исто.
За да навиваш во нешто мора да постои ентитет, организација, клуб, собир на граѓани, било што и за тој ентитет ќе си навиваш, на пример МПЦ,Суни,Адвентисти,Вуду-бокори...
Ако не навиваш за Ливерпул тоа те прави не-навивач на Ливерпул.
Но ако си за Евертон, тоагаш си навивач на Евертон а си ненавивач на сите останати иљадници клубови кои виреат, вклучително и Ливерпул кого ќе го сметаш за клуб на лукавиот...
Ако не пратиш фудбал воопшто си не-навивач на апсолутно сите клубови кои постојат,постоеле и ќе постојат.
Не се снаоѓаш со основни поими, извини шо ќе ти кажам, ама ти се мешаат работите.
Ти сакаш да е исто но не е. И нема ни да е, сакаш да има некава содржина во декларацијата, го посакуваш тоа, но попусто.
Дефинирај ја содржината позади твојата декларација па да правиме муабет.
За да се декларираш како играч на карти треба да играш карти.
За да се декларираш како неиграч на карти или i don`t give a fuck about карти не треба да играш карти.
За да се декларираш како христијанин си има точни побарувања кои Бог ги дал за таквите.
Христијанин не е она што Мики1976 смета дека е, туку си има јасни услови,закони и прописи.
Исто како и атеист, но кај атеистите се само две. Неверување во божанства и неприпаѓање на религии.
И оној кој се перцепира како атеист треба да ги исполнува тие два услови исто како што оној кој се перцепира како христијанин мора да го исполни условите кои се наведени во Писмото. Ако ти е премногу тешко, никој не те тера да се декларираш како таков.
На пример мастурбацијата те носи надвор од богоугодноста.
За разлика од ропството кое е сосема богоугодно и на листата на работи за кои не се оди во Адот.
Освен тоа...јас сум религиозен, мојата религија е Болдриковото послание на простосмртните...Ја у Болдрика вјерујем...