Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ептен е конкретно, но симтоматично е тоа што таа прикаска за „вонземјаните„ се провлекува низ целата историја човекова, само во модифицирани верзии, зависно од тековните интереси од човекто или од потребата од некоја власт, која сака да го „забавља„ својот народ со такви тематики.
УУУУУУУУ бе :) 50 години се вика Розвел, Розвел шо беше во Розвел, 150 теории на заговори излегоа од тоа и од Кенеди говорот и еве сега кога веќе е сето извадено на виделина опет теории на заговор :pos2: Тебе сиво човече со прст в око да те боцни ќе речеш бегај демону :) А ја би ти рекол и дека таа прикаска за Семоќниот се провлекува низ целата историја човекова, само во модифицирани верзии, зависно од тековните интереси на човекот или потребата на некоја власт, која сака да го забавља својот народ со такви тематики.....

остана уште Owned да ти пишам ама би било премногу :D
 
Ако продолжиж да праиш ваквија произволни комбинации од стихови, извадени од различни поглавја/контексти, може ќе дојдеш до „мудриот„ заклучок дека Светото Писмо е збирка од контрадикции...

Зошто произволни, тоа ти е исто како да најдеш два или повеќе пасуси за Јагнето или Синот човечки и да извршиш јасна идентификација.
Тука имаме идентификација на Исус со звездата Деница која паднала од небото во старозаветни времиња како што ни кажува Исаија...нема контрадикција, јасно си е...прашањето е што го натерало Исус на таква идентификација...прашав и на темата за Сатанисти ми рекоа на некаков крал вавилонски се однесувало тоа “светлоносецот“ што не е точно туку тоа е нечестивиот...
 
Знам дека знаеш само така ти чини
Ете, глеаш како звучи
кога ќе имам спектрален анализатор ќе видам, без него само ќе слушнам
ивадено од контекст?
Твојот омилен метод. Со кој аршин ќе мериш, со тој и ќе ти мерат.
 
УУУУУУУУ бе :) 50 години се вика Розвел, Розвел шо беше во Розвел, 150 теории на заговори излегоа од тоа и од Кенеди говорот и еве сега кога веќе е сето извадено на виделина опет теории на заговор :pos2: Тебе сиво човече со прст в око да те боцни ќе речеш бегај демону :) А ја би ти рекол и дека таа прикаска за Семоќниот се провлекува низ целата историја човекова, само во модифицирани верзии, зависно од тековните интереси на човекот или потребата на некоја власт, која сака да го забавља својот народ со такви тематики.....

остана уште Owned да ти пишам ама би било премногу :D

Звучи ненероватно, ама чак и мене ми е позната прикаската за наводно најденото тело од „вонземјанин„ ...Прашањето кое самото се наметнува е: кој и зашто (вујкото Сем?...) ја крие таа сторија од јавноста, па наместо докази, имаме саде шпекулации.

Но за возврат, ако Ти е од интерес, најди ја/прочитај ја книгата „Луѓе и демони„ и верувај, многу нешта ќе станат појасни....Немам линк при рака за книгата па ако го најдам, ќе го поставам на форумов.

--- надополнето ---

Ја го линко:
http://www.prijateljboziji.com/index.php?p=Knjige

Барај под:

LjUDI I DEMONI - Sveštenik Rodion Petrogradski
 
Звучи ненероватно, ама чак и мене ми е позната прикаската за наводно најденото тело од „вонземјанин„ ...Прашањето кое самото се наметнува е: кој и зашто (вујкото Сем?...) ја крие таа сторија од јавноста, па наместо докази, имаме саде шпекулации.

Зарем не ти е јасно Кој (ФК Ватикан) и зошто? За да не ја урнат соствената шпекулација.
 
2.Законот на природната креација е закон на умот, закон на здравиот човеков ум, кој (ум) е неоптеретен од идеолошки предрасуди, а кој (закон) ни вели дека „...се што е створено, има свој Ствроител...„, или накратко, Законот на природната креација ни вели дека Светот е створен од Бога, дека Бог постои.

Леле...

Нема ваков закон Мики, верувај ми...
 
Леле...

Нема ваков закон Мики, верувај ми...

Затоа и велам: Светов е полн со фаци, кои сметаат дека Светот постои од нивното раѓање....

Еве шти вели Аристотел (кој сигруно не бил воцрковен рисјанин...) за постоењето Божјо: „...Се што е движено, има свој двигател...почетен двигател е Бог, кој самиот е неподвижен..„

Но Ти, разбира се, ќе го “побиеш“ и ова Аристотелово тврдење, со тоа што ќе напишеш: „..Неееее, Аристотел бил во криво....„.
 
Се движи и Опелот на комшијата, значи дека господ го стартува и му дава почетно движење на сабајле или ко ќе тргне на семафор на зелено? (а после ко ќе клаи во втора веќе си продолжува да оди на бензин (или плин))??
А ако неќи да запали и да се задвижи тогаш ваљда комшијата има некој грев напраено и сатаната само вергла.
 
Затоа и велам: Светов е полн со фаци, кои сметаат дека Светот постои од нивното раѓање....

Еве шти вели Аристотел (кој сигруно не бил воцрковен рисјанин...) за постоењето Божјо: „...Се што е движено, има свој двигател...почетен двигател е Бог, кој самиот е неподвижен..„

Но Ти, разбира се, ќе го “побиеш“ и ова Аристотелово тврдење, со тоа што ќе напишеш: „..Неееее, Аристотел бил во криво....„.
Не бил ни Аристотел безгрешен. Верувал дека мислењето се одвивало во просторот околу срцето, дека жените се недоразвиени споредено со мажите и верувал во спонтано создавање за кое како пример имал наведено дека во мртво животно ларвите на муви се создавале сами по себе бидеќи не видел мува кој ги ставила таму, а не му текнало дека јајца од муви можело да има во абдоменот пред да умри животното (и од кај би му текнало :) )
 
Таквите народи и/или поединци, кои „никад„ не слушнале или нема да слушнат за Христа Богочовекот и за Неговото учење од оправдани причини, ќе бидат судени според Законот на совеста и Законот на природната креација.

Оооо, со големо З се и двата.

1. Еми дека се запишани Законот на совеста и Законот на природната креација?

2. Зошто тие што имале теоретска шанса да знаат, а не дознале, дали и нив според овие 2 закони или чим има ТЕОРЕТСКА шанса да знаеле - одма у салами ќе бидат стаени?

--- надополнето ---

Навистина, самоубиството е грев за кој нема простување.

А дали и Брус Вилис во Армагедон, откога со своето самоубиство го спаси целиот жив свет на планетава, исто така, вечно ќе гори во пеколот, без можност за помилување?
 
Прво и основно, ич не ми е гајле за таквија шо се самоубиват-нивни проблем. Навистина, самоубиството е грев за кој нема простување.

Чекај бе Мики, полека, не оди тоа така лесно. Самоубиството во неговата култура е оправдан чин. Тој знае дека тоа е високоморално и исправно. Од друга страна никогаш не слушнал за христијанството. Со кое право него ќе му биде судено, кога никој не го информирал што е исправно а што не?
 
Е ај прочитај ме уше еднашка: убо напишав дека Божјите зададености и човечките одредби не се на исто ниво...Божјата волја има предимство над човечките будалаштини, во облик од ритуални самоубиства, со ѓоамити вакви и такви „етички„ оправдувања.

--- надополнето ---

1. Еми дека се запишани Законот на совеста и Законот на природната креација?

Во здравиот човеков (раз)ум.

--- надополнето ---

2. Зошто тие што имале теоретска шанса да знаат, а не дознале, дали и нив според овие 2 закони или чим има ТЕОРЕТСКА шанса да знаеле - одма у салами ќе бидат стаени?

Повеќе пати имам напишано како Бог (Христос) ќе ни суди на сите генерации, зависно од тоа дали живееле во предрисјанските или во рисјанксите времиња.
 
Е ај прочитај ме уше еднашка: убо напишав дека Божјите зададености и човечките одредби не се на исто ниво...Божјата волја има предимство над човечките будалаштини, во облик од ритуални самоубиства, со ѓоамити вакви и такви „етички„ оправдувања.

Де бре Мики, не си до толку тупав. Тој НЕ ЗНАЕ за твојот Бог и неговите зададености (зададености е злосторство против Македонскиот јазик, но нема врска), затоа што твојот Бог и неговите пророци не се погрижиле Неговата Објава да стигне до кутриот Јапонец. Што ќе правиме сега со човекот? Ќе си го јаде стапот, а ни лук јал, ни лук мирисал...
 
А дали и Брус Вилис во Армагедон, откога со своето самоубиство го спаси целиот жив свет на планетава, исто така, вечно ќе гори во пеколот, без можност за помилување?

Воа сос Брус ќе го земам принципиелно, не како ликот од филмот. Имено, Христос умре за нас на крстот, ради нашите гревови, па затоа Он и вели дека нема поголема жртва од давањето на душата своја за своите пријатели...

--- надополнето ---

Де бре Мики, не си до толку тупав. Тој НЕ ЗНАЕ за твојот Бог и неговите зададености (зададености е злосторство против Македонскиот јазик, но нема врска), затоа што твојот Бог и неговите пророци не се погрижиле Неговата Објава да стигне до кутриот Јапонец. Што ќе правиме сега со човекот? Ќе си го јаде стапот, а ни лук јал, ни лук мирисал...

„Жутиот„ не мора неизбежно да „оди„ во пеколот, ако во текот од својот живот се раководел барем според совеста и според здравиот разум, а не според ритуалните „етички„ принципи на самоубивање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom