Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Имам јас едно прашање:

Дали кога ќе се докаже дека има живот надвор од Земјата би прифатиле конечно дека "Светите Книги" се збирка раскази од типот на Браќата Грим и Марко Цепенков или само ќе речат сите цркви дека и тие се деца господови и пак ќе продолжиме со истиве расправии исполнети со анегдоти и "цитати" од некои ЛЕГЕНДАРНИ измамници и мотиватори на масите како Павле, Јован, Мојсеј, Исус и Мухамед.
Не сфаќам каква врска има вонземскиот живот со „прифаќањето“ што го образложуваш во продолжение? Каква врска има вонземскиот живот со светоста на Библијата, со нејзината реалност и сл?
 
JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
Не сфаќам каква врска има вонземскиот живот со „прифаќањето“ што го образложуваш во продолжение? Каква врска има вонземскиот живот со светоста на Библијата, со нејзината реалност и сл?
Можда сум грешка ама нели Бог ја создаде Земјата, па човекот па жената па животните да му служат па го избрка од Eden.... Според оваа логика би требало само кај нас да има живот и се друго што не е ангел или демон да не постои надвор од земјава....
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Можда сум грешка ама нели Бог ја создаде Земјата, па човекот па жената па животните да му служат па го избрка од Eden.... Според оваа логика би требало само кај нас да има живот и се друго што не е ангел или демон да не постои надвор од земјава....
Во Библијата никаде не пишува дека само на планетата Земја има живот. Библијата е наменска и целисходна објава до човекот и затоа во неа се објавува создавањето на Земјата и животот на неа. Едноставно животот на некои други планети не е тема во Библијата и затоа не пишува ништо околу тоа. Ова не е случај само со Библијата, туку и со секоја друга книга која е напишана за конкретна публика, со одредена цел, предмет, содржина и сл.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
И затоа „господ“ ни кажува дека земјата е рамна, дека е 6000 години стара, дека луѓето живееле заедно со диносаурусите.

Тоа за животот на другите планети во третиот дел ќе го пишува. Изненаџење е тоа.
 
JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
Во Библијата никаде не пишува дека само на планетата Земја има живот. Библијата е наменска и целисходна објава до човекот и затоа во неа се објавува создавањето на Земјата и животот на неа. Едноставно животот на некои други планети не е тема во Библијата и затоа не пишува ништо околу тоа. Ова не е случај само со Библијата, туку и со секоја друга книга која е напишана за конкретна публика, со одредена цел, предмет, содржина и сл.
Во библијата НЕМА друга планета освен ЗЕМЈАТА .... во библијата сонцето и месечината се the lights in the sky, а звездите ги создал Бог ради да не биди досадно небото... Си имав правило даено пред некој ден да не влегувам во дискусија со тебе ама ај еве уште сега :).
А за останатиов дел си скроз во право - ама случајно.
Библијата е напишана за конкретна публика - За СЛАБИТЕ, Угнетените и болните (ова е од павле напишано не го измислив јас)
Одредена цел предмет и содржина - да се кренат и да го заебат општеството да го стават во лер некои 1500 години и да им овозможат на некои самопрогласени свети луѓе од типот на свештеници да владеат со помош на истите тие маси од беспомошни луѓе против оние помалкуте кои го движеле општеството напред, да палат научници, мислители, иноватори, доктори и сл.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
JohnWayne, имаш крајно извртена слика за Библијата и христијанството, најверојатно затоа што за репер си ги земал институционализираните ткн. „цркви“ од типот на Римокатоличката и православните, кои се се освен Христови цркви.
Кога самостојно би ја прочитал Библијата не верувам дека би ги пишувал тие работи што ги пишуваш. Нема поента и да ти реплицирам, затоа што од една тема веднаш рипаш на 10 други и постојано неаргументирано клеветиш. Тоа е твојот избор. Се надевам дека си задоволен со него.
 
JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
Не рипам на други теми баш тоа ти што ми го напиша го опишав како што ми е мене разбрано... Христијанството почнало од добра идеа но ја разбрал само Исус, тие кои ја ширеле не ја разбрале, а тезата во која верувам е дека е застарено и како и секоја друга застарена работа со тек на време ќе исчезне. А изворното христијанство е исто така грдо и глупаво ради својата пасивност и нихилизам. Ако верувам во некоја религија би одбрал некоја која би ме терала да се усовршувам, напредувам и творам, наспроти христијанството кое за секој проблем како решение нуди неакција и светот во кој живееме го претставува како небитна илузија... Тоа можеби овозможува некој душевен(читај внатрешен) мир но според мене избегнување на проблемот не е никакво решение.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
JohnWayne, слободно верувај си во тезата во која што си веруваш, но јас само би реагирал дека тоа не е христијанство, барем не изворно христијанство. Прочитај ја Библијата внимателно и студиозно и верувам дека ќе сфатиш зошто ти го велам ова. Секое добро!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Вчера запрашав, но ниту еден христијанин не ми одговори, се чуствувам запоставено...:cry:

Дали може да ми одговорите на следново.

Јас никогаш не побарав да бидам створен. Со кое право некој ме извадил од ништавилото и ме ставил во ситуација да бидам наградуван и казнуван? Нели Бог е љубов и добрина?

Одбивам да ја играм играта на награди и казни, дали поради тоа ќе одам во пеколот?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не рипам на други теми баш тоа ти што ми го напиша го опишав како што ми е мене разбрано... Христијанството почнало од добра идеа но ја разбрал само Исус, тие кои ја ширеле не ја разбрале, а тезата во која верувам е дека е застарено и како и секоја друга застарена работа со тек на време ќе исчезне. А изворното христијанство е исто така грдо и глупаво ради својата пасивност и нихилизам. Ако верувам во некоја религија би одбрал некоја која би ме терала да се усовршувам, напредувам и творам, наспроти христијанството кое за секој проблем како решение нуди неакција и светот во кој живееме го претставува како небитна илузија... Тоа можеби овозможува некој душевен(читај внатрешен) мир но според мене избегнување на проблемот не е никакво решение.

Eve osven Isus i ti si ja razbral dobrata ideja na Hrisitjanstvoto. Odlicno, Isus ne e sam.
Odam prifakaj Islam - toa e religijata koja napolno kje ti odgovara.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Eve osven Isus i ti si ja razbral dobrata ideja na Hrisitjanstvoto. Odlicno, Isus ne e sam.
Odam prifakaj Islam - toa e religijata koja napolno kje ti odgovara.
А зошто мора некој да прифати било која?

Зошто повторно дуализам? Никогаш изборот не се сведува на 2 опции.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Eve osven Isus i ti si ja razbral dobrata ideja na Hrisitjanstvoto. Odlicno, Isus ne e sam.
Odam prifakaj Islam - toa e religijata koja napolno kje ti odgovara.
Ако гледаш хронолошки или еволутивно, исламот е посовремена, подотерана религија од христијанството. Богот е не-толку-антропоморфен, филозофијата помирољубива и потолерантна.

Тоа како се користи религијата политички и така не зависи од учењето, туку од жедта за моќ, нели.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас никогаш не побарав да бидам створен. Со кое право некој ме извадил од ништавилото и ме ставил во ситуација да бидам наградуван и казнуван? Нели Бог е љубов и добрина?

Одбивам да ја играм играта на награди и казни, дали поради тоа ќе одам во пеколот?
Пеколот = Ништавилото. Ткн. „огнено езеро“ во Библијата е место на неповратна анхилација, вечно уништување. Доколку го одбиеш вечниот живот ќе ти се исполни твојата желба и ќе бидеш вратен во ништавилото. Во твојот случај не мора да го гледаш тоа како казна, ете гледај го како награда, бидејќи нели ќе се исполни твојата желба.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Пеколот = Ништавилото. Ткн. „огнено езеро“ во Библијата е место на неповратна анхилација, вечно уништување. Доколку го одбиеш вечниот живот ќе ти се исполни твојата желба и ќе бидеш вратен во ништавилото. Во твојот случај не мора да го гледаш тоа како казна, ете гледај го како награда, бидејќи нели ќе се исполни твојата желба.
Хмм, прв пат слушам дека пеколот се изедначува со непостоње, со ништавило. Да не подлажнуваш малку тука?

Може некое цитатче, колку за уметнички впечаток?

--- надополнето ---

Ако пеколот е ништавило, тогаш тоа и не е некоја казна за некои луѓе. Еве Сталин на пример, направи помор, а јас само не сакам да си играм награди и казни, никого не сум убил. За мене ништавило, и за Сталин истото?

Многу фер, од Бог кој е љубов и добрина...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Хмм, прв пат слушам дека пеколот се изедначува со непостоње, со ништавило. Да не подлажнуваш малку тука?

Може некое цитатче, колку за уметнички впечаток?
Пеколот како место каде што ѓаволот те вари во некој казан и повремено те замешува со греблото е човечка измислица, како и чистилиштето во Римокатоличката црква, како и митарствата во православните цркви.

„Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината, но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!”
(Битие 2:16-17, Библијата)

Бог не му рекол на човекот дека ако направи грев дека ќе биде вечно мачен, туку дека ќе умре. Смртта е нешто спротивно од животот. Ако животот е постоење, смртта е непостоење.

Заслуженото (платата) за гревот е смрт, а дарот Божји е вечен живот во Исус Христос, нашиот Господ.“ (Римјаните 6:23, Библијата)

„И смртта и Подземјето беа фрлени во огненото езеро. Тоа е втората смрт, огненото езеро. И кој не беше запишан во Книгата на Животот, беше фрлен во огненото езеро.“ (Откровение 20:14-15, Библијата)
„А на плашливците и неверните, на поганите и убијците, на блудниците и магесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото, што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт“ (Откровение 21:8, Библијата)

Затоа и Христос кога дошол да ја плати казната за нашиот грев, тој не ја платил со тоа што отишол вечно да гори и вечно да се измачува во некој казан, туку само со смрт (смртта на Голготскиот крст - временски конечно страдање.)

Кога Христос зборувал за пеколот го користел зборот „геена“. Геената била една депонија надвор од градот (Ерусалим) каде што речиси постојано се одржувал запален оган и каде што се фрлало ѓубрето, мршата, алиштата на лепрозните (за да не се заразат) и сл. Се што ќе се фрлело таму се сметало за уништено.

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. “ (Исус, ев. Јован 3:16, Библијата)

Не вели „да не се мачи вечно“, туку „да не загине“.

„Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно.” (Исус, ев. Јован 10:10, Библијата)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom