Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали Адаму, креацијата Енкиева и прв човек на земјата према Сумерите и Адам, креацијата Негова и исто така прв човек (повторно :)) на земјата према Библијата се роднини !?
Да, први братучеди по мајкина линија...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не очекував :( но и Исус знаел да подлаже по малку...

Лука 23-43
А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.”

Јован 20-17
Исус и рече: „Не допирај Ме, зашто уште не отидов горе при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и речи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.’

Зошто Исус го излагал зелотот на крстот кој се сожалил на Исуса велејќи му дека уште истиот ден ќе биде со него во рајот а на Марија му вели по три дена дека сеуште не отишол горе, дали ова значи дека бил на две места истовремено, незнаејќи дека е на две места истовремено !?
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Да прашав и јас нешто.

Како тоа крстот може да биде свет симбол за христијаните - справата за мачење на која е распнат нивниот спасител е свет предмет и симбол на нивната религија,а апостол Јуда да не биде светец и да не биде славен од христијаните,туку да биде прикажан во црно светло.Па нели да не бил апостол Јуда Исус немало да биде уапсен,осуден,распнат за да на крај воскресне,што значи немало да се исполни пророштвото за неговото распнување и воскреснување.Јуда треба да биде централна личност во христијанската религија после Исуса.Штом може направа за измачување да биде свет симбол оти апостол Јуда да не биде светец кој ќе се слави и да си има свој ден на календаро?

--- надополнето ---

А,да.И Исус знаел дека Јуда ќе го предаде но не презел ништо.Така морало да биде ваљда за да се исполни пророштвото.Што значи Јуда е најважен од сите апостоли.Слава му!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не. Не зборува за вистински богови како Него, него за измислени богови од човекот. На многу места кажува дека само Он е бог на светот, а другите не се стварни, измислени се од човек.
Не, зборува за невистински богови, како него. Јахве зборува за Баал и за Ашера. Тоа се боговите-другари од политеистичкиот јудеизам.

Научи си ги корените, друже. Срам голем е сам да се нееее знаееееш.
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
52
Поени од реакции
9
Не очекував :( но и Исус знаел да подлаже по малку...

Лука 23-43
А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.”

Јован 20-17
Исус и рече: „Не допирај Ме, зашто уште не отидов горе при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и речи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.’

Зошто Исус го излагал зелотот на крстот кој се сожалил на Исуса велејќи му дека уште истиот ден ќе биде со него во рајот а на Марија му вели по три дена дека сеуште не отишол горе, дали ова значи дека бил на две места истовремено, незнаејќи дека е на две места истовремено !?
Изгледа како контрадикција, ама не е така. Во оригиналните грчки списи го немало интерпункцискиот знак „запирка“, па затоа ова може да е и вака „Вистина ти велам денес, ќе бидеш со Мене во рајот“. Запирката е откриена во 9 век н.е. и можеби под влијание на небиблиското учење дека кога умираш веднаш одиш во рајот преведувачите ја ставиле запирката пред „денес“.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто Исус го излагал зелотот на крстот кој се сожалил на Исуса велејќи му дека уште истиот ден ќе биде со него во рајот а на Марија му вели по три дена дека сеуште не отишол горе, дали ова значи дека бил на две места истовремено, незнаејќи дека е на две места истовремено !?
- Исус не излагал: Црквата и ден-денес исповеда дека прв смртник кој влегол во Рајот е токму разбојникот од крстот!
- напротив: Христос на Велики Петок беше во Рајот, на Велика Сабота беше во пеколот, а во неделата изутрина, воскресна. Она кое го вели Христос, кажано е пред Неговото вознесение и Неговото седнување оддесно на Отецот, кое (вознесение) се случило 40 дена по Неговото воскресение.

Така, некој овде лажит, ама не се викат „Исус„, разбираш...

--- надополнето ---

Да прашав и јас нешто.

Како тоа крстот може да биде свет симбол за христијаните - справата за мачење на која е распнат нивниот спасител е свет предмет и симбол на нивната религија,а апостол Јуда да не биде светец и да не биде славен од христијаните,туку да биде прикажан во црно светло.Па нели да не бил апостол Јуда Исус немало да биде уапсен,осуден,распнат за да на крај воскресне,што значи немало да се исполни пророштвото за неговото распнување и воскреснување.Јуда треба да биде централна личност во христијанската религија после Исуса.Штом може направа за измачување да биде свет симбол оти апостол Јуда да не биде светец кој ќе се слави и да си има свој ден на календаро?


- Христос ја победи смртта токму на крстот-затоа крстот е рисјански симбол.
- Јуда предавникот никако не може да биде пофален-никој не ги сака предавниците.
- Јуда можел да се покае за стореното предавство а Христос можел да му проси на Јуда, но Јуда самиот на себе си пресудил, со бесење. Во Црквата, самоубијците не се фалат.


--- надополнето ---

А,да.И Исус знаел дека Јуда ќе го предаде но не презел ништо.Така морало да биде ваљда за да се исполни пророштвото.Што значи Јуда е најважен од сите апостоли.Слава му!
Христос и тоа како знаел дека Јуда ќе Го предаде, и привидно, не превзел ништо, но пред сите Апостоли, Христос најавил(л) дека еден од нив, еден од Апостолите, ќе Го предаде. На прв поглед се чини дека ако Христос нешто превзел, пророштвото не би се исполнило, што е делумно точно. Јуда не е најважен, затоа што Јуда беше заменет со Ап. Матиј.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Јуда ми изгледа како потрагичен лик и од самиот Исус, вечно осуден како предавник, иако морал тоа да го направи.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
- Христос ја победи смртта токму на крстот-затоа крстот е рисјански симбол.
- Јуда предавникот никако не може да биде пофален-никој не ги сака предавниците.
- Јуда можел да се покае за стореното предавство а Христос можел да му проси на Јуда, но Јуда самиот на себе си пресудил, со бесење. Во Црквата, самоубијците не се фалат.


--- надополнето ---

[/COLOR]

Христос и тоа како знаел дека Јуда ќе Го предаде, и привидно, не превзел ништо, но пред сите Апостоли, Христос најавил(л) дека еден од нив, еден од Апостолите, ќе Го предаде. На прв поглед се чини дека ако Христос нешто превзел, пророштвото не би се исполнило, што е делумно точно. Јуда не е најважен, затоа што Јуда беше заменет со Ап. Матиј.
Во библијата онба на МПЦ стои во првото послание до Коринтјаните 15:

3 Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата;

4 дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата,

5 и дека му се јави на Кифа и потоа на Дванаесетте

Исус воскреснат му се јавил на дванаесетмината апостоли. Ако Јуда се обесил, треба да бидат единаесет а не дванаесет. Од каде и јуда меѓу апостолите на кои Исус им се покажал по воскреснувањето ако во тоа време Јуда би требало да биде мртов а дванаесети апостол не беше избран се додека Исус не се вознел на небото??
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јуда ми изгледа како потрагичен лик и од самиот Исус, вечно осуден како предавник, иако морал тоа да го направи.
Јуда „...не морал...„ да Го предаде/продаде Христа: Јуда бил под јако демонско влијание, кога ја донел таа одлука, но и претходно, Јуда се покажал како среброљубец, склон кон парите, бидејќи бил задолжен за касата со прилози од верните кон Црквата. Јуда имал слободна волја: можел но и не морал да Го предаде својот Бог.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Јуда „...не морал...„ да Го предаде/продаде Христа: Јуда бил под јако демонско влијание, кога ја донел таа одлука, но и претходно, Јуда се покажал како среброљубец, склон кон парите, бидејќи бил за должен а касата со прилози од верните кон Црквата. Јуда имал слободна волја: можел но и не морал да Го предаде својот Бог.

Ама некој морал да го предаде, макар тоа и да небил Јуда, за да Исус биде распнат и воскресне, нели?
Исус пател едно попладне на крстот, а Јуда е осуден на вечно измачување, за нешто што некој морал да го направи, тој ја презел таа казна на себеси.
Најверојатно Јуда е измислен лик(Павле не го спомнува во своите посланија, а исто и најстарите христијански записи), ама сепак многу трагичен.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Исус воскреснат му се јавил на дванаесетмината апостоли. Ако Јуда се обесил, треба да бидат единаесет а не дванаесет. Од каде и јуда меѓу апостолите на кои Исус им се покажал по воскреснувањето ако во тоа време Јуда би требало да биде мртов а дванаесети апостол не беше избран се додека Исус не се вознел на небото??
Што е контретното прашање?

Јуда се обесил пред Христовото распетие, така да Јуда не можел да биде 12-ти Апостол. Јуда е заменет со Матиј, одбран со ждрепка, која се случила некаде по вознесението Христово а пред Педесетница.

Изразот „...и потоа на дванесетте..„ нема временска одредница, колку забележувам. 15-то поглавје содржи неколку кратно повторување на изразот „..потоа..„, каде се опфатени сите Апостоли на кои Он им се јавил, а во кои се вклучува и Св. Ап. Павле.

--- надополнето ---

Најверојатно Јуда е измислен лик(Павле не го спомнува во своите посланија, а исто и најстарите христијански записи), ама сепак многу трагичен.
Св. Ап. Павле не го наведува Јуда оти Павле се придружува кон Апостолите 3 г. после Христовото воскресение, која Јуда веќе бил покоен. А Јуда ионака не бил лик вреден за споменување.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Што е контретното прашање?

Јуда се обесил пред Христовото распетие, така да Јуда не можел да биде 12-ти Апостол. Јуда е заменет со Матиј, одбран со ждрепка, која се случила некаде по вознесението Христово а пред Педесетница.

Изразот „...и потоа на дванесетте..„ нема временска одредница, колку забележувам. 15-то поглавје содржи неколку кратно повторување на изразот „..потоа..„, каде се опфатени сите Апостоли на кои Он им се јавил, а во кои се вклучува и Св. Ап. Павле.

--- надополнето ---



Св. Ап. Павле не го наведува Јуда оти Павле се придружува кон Апостолите 3 г. после Христовото воскресение, која Јуда веќе бил покоен. А Јуда ионака не бил лик вреден за споменување.
Како бе не бил вреден за спомнување ?
Ова укажува на фактот да апостолите сами не биле сигурни дали Исус е Бог.
Ако бил сигурен Јуда во божјата природа на Исус немало да го предаде.
Тогаш се поставува прашањето ако Јуда пред 2000 г. не бил убеден дека Исус е Бог, како сега некој да поверува?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
[/COLOR]

Св. Ап. Павле не го наведува Јуда оти Павле се придружува кон Апостолите 3 г. после Христовото воскресение, која Јуда веќе бил покоен. А Јуда ионака не бил лик вреден за споменување.
Павле никаде не ја споменува Марија, мајката на Исус и безгрешното зачнување.
И тоа Павле не го знаеше или не беше “вредно за споменување“
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Јуда „...не морал...„ да Го предаде/продаде Христа: Јуда бил под јако демонско влијание, кога ја донел таа одлука, но и претходно, Јуда се покажал како среброљубец, склон кон парите, бидејќи бил задолжен за касата со прилози од верните кон Црквата. Јуда имал слободна волја: можел но и не морал да Го предаде својот Бог.
Да бе демонско влијание.Како ви одговара така толкувате.Не случајно на Јуда му текнало да го предаде Исуса за неколку сребреници.Нема ништо случајно.Никој друг туку самиот Бог(Исус,нели) одредил Јуда да го предаде за да самиот тој Исус биде распнат и воскресне за да го спаси човештвото.Тада да Јуда е нај свет од сите апостоли бидејќи бидејќи преку него е исполнето пророштвото за Христовото воскресение.Слава му!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Павле никаде не ја споменува Марија, мајката на Исус и безгрешното зачнување.
И тоа Павле не го знаеше или не беше “вредно за споменување“
Веќе напишав: Св. Ап. Павле се придружува кон Апостолите 3 г. по Христовото воскресение, што значи дека и не морал да ј спомене Богородица. А што се однесува до Мајката Божја, сосема е доволно тоа што за Неа и за Христовото зачнување напишаа евангелистите, или она кое е напишано во Преданието. По воскресението Христово, Богородица живеела повлечен живот, во подвиг, а по Нејзиното успение, Богордица е наш застапник пред Христа, чинејќи чуда, кои се забележани и прославени од Црквата.

--- надополнето ---

Лесна му земја...

--- надополнето ---

Ова укажува на фактот да апостолите сами не биле сигурни дали Исус е Бог.
Некои не биле, како Св. Ап. Тома, ама некои биле, како Св. Ап. Петар, дека Христос Е Син на живиот Бог.

--- надополнето ---

Ако бил сигурен Јуда во божјата природа на Исус немало да го предаде.
Тоа е само Твоја шпекулација...

--- надополнето ---

Тогаш се поставува прашањето ако Јуда пред 2000 г. не бил убеден дека Исус е Бог, како сега некој да поверува?
Прашањево е од Тебе поставено, а Црквата веќе 2 000 г. исповеда дека Христос Е „...Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден...„, согласно Симболот до верата.
Лично, во Христа Бог поверував ради Неговите реченици во евангелијата, така да за мене, Он Е Богочовекот, без сомнение.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom