Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
I

Iblis

Гостин
Дај помогнете ми малку
1. Бог го создал светот и се во него
2. Божјата волја се исполнува
3.Ѓаволот(сатана, луцифер....) не дупи во глава како му одговара ?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Јахве Е tribal God и он тоа самиот ЈАСНО И ГЛАСНО си го кажува: Немој у другиве Богови /на другиве племиња/ да си се крстел (посебно на егиетскиве гејој), оти маф ти е работата!“ Не е тоа негов бош-муабет уз кафе во некој забатален стих од Книгата, него е ЗАПОВЕД!!!

Не ми е јасно како може возрасен, разумен човек да помине преку оваа заповед и сеуште да тврди дека НЕГОВИОТБОГ е еден и единствен.

ПА, САМИОТ ТИ ВИКА ДЕКА НЕ Е!!! Вика дека е ЉУБОМОРЕН и дека те сака само за себе (љубомора, нели). И ако го оставиш за друг, очи ќе ти ископа!

Нели?
Не. Не зборува за вистински богови како Него, него за измислени богови од човекот. На многу места кажува дека само Он е бог на светот, а другите не се стварни, измислени се од човек.

--- надополнето ---

А од друга страна уште на почетокот во битие покажува загриженост од можноста Адам да стане како него, па му го спречува пристапот до дрвото на животот!
За останатото ставрно немам што да ти кажам, вакви муабети не ми се прават. А за ова цитираното, Бог не се плаши од Адам, него го видел како недостоен за вечен живот, откога ја послушал сатаната, а не Него. Затоа го тргнал од рајот, но оној кој што ќе се покаже достоен (кој ќе врши добри дела) ќе му биде дадено вечен живот покрај бога, останатите ќе погинат.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дај помогнете ми малку
1. Бог го создал светот и се во него
2. Божјата волја се исполнува
3.Ѓаволот(сатана, луцифер....) не дупи во глава како му одговара ?
Божјата воља совршено се исполнува на Небото. На Земјата е поинаку, заради тоа што Бог им ја даде Земјата на владеење на луѓето т.е. на ковладеење заедно со Бог. Бог исто така им даде и слободна воља на луѓето кои тие ја злоупотребија на сопствена штета и на штета на целата Земја. Заради тоа Земјата е проколната, а мнозинството од луѓето во светот несвесно се под контролата на ѓаволот, затоа и тој ги онади како му одговара, но не за долго.
Доказ дека на Земјата не се исполнува совршено Божјата воља е следниов стих од Исусовата модел молитва:

„Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на Земјата...“ (Исус, ев. Матеј 6:10, Библијата)

Доколку на Земјата се исполнуваше совршено Божјата воља, тогаш Исус немаше да ги поучи своите ученици да го молат тоа нели.
Поздрав!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Мислиш дека римската империја го прифатила христијанството ...
додека го прифатила крвавите прогони, колежи и распнувања од отприлика 300 години биле секојдневни и континуирани. Угнетувања, збегови...кои не ни очекувам други да го разберат (посебно оние во потрага по моќ, богатства) тој ранохристијански дух и верба во пожртвуваноста за својата вера. Заради тоа и ги прашувам христијаните.
 
ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Во која деноминација да се исповедам?
Кој го создаде Ѓаоло?
Која е причината за постоењето на Госпо како последица?
Зошто Госпо го создал човекот и го создал гревот ако знаел дека човекот ќе греши?
Зошто Исус не ги излекувал ампутираните?
Зошто Исус не го дал лекот за рак?
Зошто Исус не донел вечен мир, а инаку рекол : Матеј 10:
34 „Немојте да мислите дека дојдов да воспоставам мир на Земјата! Не дојдов да донесам мир, туку меч!
35 Зашто, Јас дојдов да противставам син против татко, ќерка против мајка и снаа против свекрва;
36 на човекот ќе му произлезат непријатели од сопственото семејство!“
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
додека го прифатила крвавите прогони, колежи и распнувања од отприлика 300 години биле секојдневни и континуирани. Угнетувања, збегови...кои не ни очекувам други да го разберат (посебно оние во потрага по моќ, богатства) тој ранохристијански дух и верба во пожртвуваноста за својата вера. Заради тоа и ги прашувам христијаните.
Тоа било политичка одлука, наложена од римскиот император.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
додека го прифатила крвавите прогони, колежи и распнувања од отприлика 300 години биле секојдневни и континуирани. Угнетувања, збегови...кои не ни очекувам други да го разберат (посебно оние во потрага по моќ, богатства) тој ранохристијански дух и верба во пожртвуваноста за својата вера. Заради тоа и ги прашувам христијаните.
Тогаш постоеле десетици разни христијанства кои се разликувале и по рутуали и по верувања и по ставови а разликите биле дури и кај основните догми како на пример околу божанската/човечката природа на Исус...
 
Со еден голем заеднички проблем -вели заклале 50-60 христијани, цело тогашно село. Поштедените ги носеле во арена или како робови. Колку вредело верувањето за да се даде својот живот за него, а немале никаква полза од некојаси нова религиозна група ниту им била дедовина, наследена вера од претците. Непојмливо за нас "модерните" суштества закачени за материјалните добра и ползата, ќарот, моќта како најголеми вредности во животот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Всушност тој прогон на христијаните беше всушност прогон на Евреите. Првите христијани воглавном биле Евреи и раното христијанство се ширело по еврејските заедници низ Римското царство. Евреите биле најголеми неприатели на Рим а нарочно по 60 сетата година од нова ера по бројните востанија, војни Рим конечно му става крај на тоа прашање со тоа што по тешки битки и со големи загуби го разурнува ерусалем и храмот во него и ги прогонува Евреите. Тешко дека некој римјанин тогаш се впуштал во тоа да вели “Овие се есени, ови се назарени овие се ебонити овие се фарисеи, садукеи, терапевти, христијани....“ за нив се тоа бил еден неприател - евреи, така да низ арените на секој 100 ортодоксен евреин гинел по еден христијанин и на сакој 100 распнати евреи имало можеби по еден кој верувал дека Исус е син божји но не бил распнат ради тоа туку ради тоа што евреите со години давале отпор кревале востаниа и во очите на Римјанин биле сите редум неприатели та верувале та не верувале во Исус.
Славата на тоа мачеништво на еврејскиот народ после си го приграбија нееврејските христијани.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
додека го прифатила крвавите прогони, колежи и распнувања од отприлика 300 години биле секојдневни и континуирани. Угнетувања, збегови...кои не ни очекувам други да го разберат (посебно оние во потрага по моќ, богатства) тој ранохристијански дух и верба во пожртвуваноста за својата вера. Заради тоа и ги прашувам христијаните.
Ајде да видиме какво е расположението кај луѓето, чии души Го препознале својот Творец:
„...И си река еден на дргуг: „Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?„ (Лука, 24.32).

Тоа е настанот кога Христос им се јавува на Апостолите Лука и Клеопа, кога овие се упатиле кон селото Емаус, блиску до Ерусалим.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ајде да видиме какво е расположението кај луѓето, чија душа Го препознала својот Творец:
„...И си река еден на дргуг: „Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?„ (Лука, 24.32).

Тоа е настанот кога Христос им се јавува на Апостолите Лука и Клеопа, кога овие се упатиле кон селото Емаус, блиску до Ерусалим.
Miki, Miki, denes zadocni za na rabota, ke ti namalat na platata...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Дали Адаму, креацијата Енкиева и прв човек на земјата према Сумерите и Адам, креацијата Негова и исто така прв човек (повторно :)) на земјата према Библијата се роднини !?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.356
Дали Адаму, креацијата Енкиева и прв човек на земјата према Сумерите и Адам, креацијата Негова и исто така прв човек (повторно :)) на земјата према Библијата се роднини !?
Да, преку сестра од прва братучедка.

Next!
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Дали Адаму, креацијата Енкиева и прв човек на земјата према Сумерите и Адам, креацијата Негова и исто така прв човек (повторно :)) на земјата према Библијата се роднини !?
Мислам дека не се.Сумерскиот Адаму е постар од библискиот Адам.Ако прифатиме дека библискиот мит за првите луѓе е преземен од постариот сумерски мит следува:Според сумерскиот мит Енки го створил човекот во Долниот Свет (Абзу).Према митот божиците на раѓањето ги раѓале луѓето 7х7 (7 машки,7 девојчиња).Што значи пред да се створи библискиов Адам пред тоа имало веќе створено луѓе да копаат руда (према сумерскиот мит човекот е створен да им биде роб на боговите).Во Библијата пишува дека Бог го зел Адама (од некаде) и го поставил во градината да ја обработува и чува.Тоа некаде би требало да е Долниот Свет.Се претпоставува дека тој ’’долен свет’’ е Африка бидејќи гледано на карта или одозгора е подолу од Месопотамија,а нели и Хомо Сапиенсот потекнува од Африка.Со Абзу владеел Енки,со Сумер Енлил.Енлил си зел еден од луѓето во Абзу (Адам) и си го однел во Еденската градина да му ја обработува и чува....
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Прашање до христијаните од сите деноминации:

- Ако Јахве всушност е Исус тогаш зошто има голема разлика во неговото Божјо однесување во Стариот и Новиот Завет? Дали тоа Бог од време на време мутира или нешто друго е во прашање?*

---------------------------
* За да нема забуни кај номиналните христијански верници, поупатените се должни да им објаснат дека Исус всушност е Јахве и обратно, и дека целата таа кантер страјк игра со Тројството , три во еден, еден во три, го имплицира Божјото Едноштво.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom