Еве Ти едноставен одговор, иако сметам дека и таков, едноставен, за Тебе ќе биде пресложен за разбирање, но за да не кукаш дека не Ти одговориле, еве:
На крстот, беше распнат човекот Исус, кој ги трпеше последиците од распнувањето на крстот врз своето тело, што значи, Исус (човекот, не Синот Божји!) , во една таква ситуација на трпење болки, се обраќа до Отецот како човек кој трпи, кој страда, кој се одвојува од овој, материјалниов Свет, на кој (материјален Свет) му припаѓа(ше) и човекот Исус. Повикот „..си ме оставил...„ е очај изразен од болките, а не дека Отецот навистина Го напуштил Христа човекот.