Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
НЕ!!! Свештеници немаме. Имаме ПРОПОВЕДНИЦИ кои што се повикани од Бога да го проповедаат Словото Божјо. А службата на Свештениците во Стариот завет беше да колат животни и да ги жртвуваат за покривање на гревовите од луѓето.

Само тоа беше? Ами што кадеа со кадилници, што пееја песни (псалми), што се молеа, што разговараа со верниците и им помагаа, што му служеа на Бог, што доаѓаа верниците да исповедаат гревовите и слично. Спореди ги задолженијата на свештениците во стариот завет со оние денес и ќе ги најдеш сличностите.

--- надополнето ---

Што мислиш? ....дали Новозаветната служба на Пастирите по црквите е да колат и жртвуваат животни, или да го проповедаат Словото Божјо, за спасение на луѓето?

Мислиш дека православните свештеници не го проповедаат Словото? Си присустувал на една литургија да видиш што правиме и колку го проповедаме словото?

--- надополнето ---

....а јас вака ќе ти кажам: Ако Христијанството беше РС (компјутер) па да можеше да се надградува, да можеа да му се заменуваат делови и да се надополнува од Пентиум 2 во Пентиум 3 или Пентиум 4....ќе беше одлична работа.....но нажалост не е компјутер за да можите како сакате да си играте со него ( да го надоградувате, заменувате и надополнувате) !!!!!!

Слаба паралела.
 
А зошто ме ни посочиш барем едно единствено име на Свештеник во Новиот завет кое се спомнува или кое е запишано???????

Еве јас ќе ти посочам име на Проповедник:
(1 тимотеј 2:7) и (2 Тимотеј 1:11). Станува збор за апостол павле кој што е поставен за Проповедник, а не за свештеник. На оваа Проповедничка служба се повикани и сите останати апостоли, бидејќи сите до еден го проповедаа словото. Не држеа литургии, туку одеа и проповедаа!!! А зошто не се повикани за свештеници? И ако требало да има свештеници, кој се по име кои се запишани во Новиот завет?

И немој на моите прашања да ми одговараш со против-прашања!! Важи??
 
А зошто ме ни посочиш барем едно единствено име на Свештеник во Новиот завет кое се спомнува или кое е запишано???????

Еве јас ќе ти посочам име на Проповедник: 1 тимотеј 2:7. Станува збор за апостол павле кој што е поставен за Проповедник, а не за свештеник. На оваа Проповедничка служба се повикани и сите останати апостоли, бидејќи сите до еден го проповедаа словото. Не држеа литургии, туку одеа и проповедаа!!! А зошто не се повикани за свештеници? И ако требало да има свештеници, кој се по име кои се запишани во Новиот завет?

И немој на моите прашања да ми одговараш со против-прашања!! Важи??
Што е свештеник, а што проповедник? Која им е улогата и по што се разликуваат?
 
Што е свештеник, а што проповедник? Која им е улогата и по што се разликуваат?

Читај погоре, напишано е. Неколку поста наназад ја објаснив нивната улога.
 
Имаме ПРОПОВЕДНИЦИ кои што се повикани од Бога да го проповедаат Словото Божјо, а не да си играат „ дрн-дупка “ со народот.

Шо збориш бе чоек, Бог ги повикал?
Каде, како, кога, зашто?
...Или напраи грешка па сакаше да речеш дека проповедниците самите себе се повикале да проповедаат?...
 
Само тоа беше? Ами што кадеа со кадилници, што пееја песни (псалми), што се молеа, што разговараа со верниците и им помагаа, што му служеа на Бог, што доаѓаа верниците да исповедаат гревовите и слично. Спореди ги задолженијата на свештениците во стариот завет со оние денес и ќе ги најдеш сличностите.

Според ова твоја логика, вие уште го држите „ СТАРОТО“ бидејќи немате појма од „ НОВОТО “. На жалост!!!

Мислиш дека православните свештеници не го проповедаат Словото?

Не!!!

Ако проповедаа ќе научевте нешто. Вака останавте „ слепи при очите“. Затоа што имате уши - но не слушнавте; имате очи - но не видовте. Слепи водачи - слепци водат.

Си присустувал на една литургија да видиш што правиме и колку го проповедаме словото?

Да сум присуствувал !!! ЦИРКУЗИ правите по црквите. Наместо да им проповедате на луѓето, ги држите во духовно мртвило; така да ни поповите влегуваат во царството Божјо - па ниту на луѓето им дозволуваат да влезат, држејќи ги во суеверие и во непознавање на Христијанската вера проповедана од Исус и апостолите.
 
Шо збориш бе чоек, Бог ги повикал?
Каде, како, кога, зашто?
...Или напраи грешка па сакаше да речеш дека проповедниците самите себе се повикале да проповедаат?...

(1 тимотеј 2:7) и (2 Тимотеј 1:11).

Ако ова не можиш да го видиш и разбериш, и ангел да слези од небото да ти проповеда - нема да разбериш.
 
Читај погоре, напишано е. Неколку поста наназад ја објаснив нивната улога.
Не ми е јасен поимот и улогата -кој што работи.
Што му е функција на проповедникот (како што велиш во протестантските цркви), а што на свештеникот (во православните)?
 
Почни со Сила и Тимотеј....

Можеби со кандилата мафтаја и во одежди беа облечени? Можеби со крстена вода ги прскаа верниците и крст им даваа да целиваат? Можеби ги тераа верниците со „ ОТЕЦ“ да им се обрајќаат? Можеби и литургии држеа?

Алал да ви е како можите совеста да си ја смирите со овие глупости кои што ги верувате!! Алал да ви е!!!
 
Ќе сакаш да одговориш на претходното?
Плус да подобјасниш како е протестантскиот проповедник облечен?
 
Не ми е јасен поимот и улогата -кој што работи.
Што му е функција на проповедникот (како што велиш во протестантските цркви), а што на свештеникот (во православните)?

ПРОПОВЕДНИЦИ кои што се повикани од Бога да го проповедаат Словото Божјо, а не да си играат „ дрн-дупка “ со народот. А службата на Свештениците во Стариот завет беше да колат животни и да ги жртвуваат за покривање на гревовите од луѓето.
 
Можеби со кандилата мафтаја и во одежди беа облечени? Можеби со крстена вода ги прскаа верниците и крст им даваа да целиваат? Можеби ги тераа верниците со „ ОТЕЦ“ да им се обрајќаат? Можеби и литургии држеа?

Изразот „можеби„ одсекогаш ми била омилена вистина.

Но добро, како и обично, кога бараш одговор-го добиваш. И сеа? Пак инаетење?
 
Ќе сакаш да одговориш на претходното?
Плус да подобјасниш како е протестантскиот проповедник облечен?

Абе Ти си бил изгорен само да поставуваш прашања, а не да одговараш! Јас поставив еден куп прашања, но на жалост на ниту едно не ми е одговорено, а одговор дадов скоро на секое ваше поставено.

--- надополнето ---

Изразот „можеби„ одсекогаш ми била омилена вистина.

Но добро, како и обично, кога бараш одговор-го добиваш. И сеа? Пак инаетење?

На ниту едно не добив одговор, затоа што го немате одговорот. Со против-прашања и со „ гмечење“ та вака било- та така било, вера не браните, пријателче.
Ниту Ти, па ниту твоите претпоставени авторитети ќе ја одбраните.
 
goslep, едно прашање и од мене: наведи ми еден преставник од твојата маалска зедница, кој живеел (било каде на Земјава) од 14-от век, разбираш...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom