Позната е и како „Источна православна Црква„, која го задржа Христовото и Апостолското учење до ден-денес во неизменета состојба.
Напротив, православните цркви толку го изменија Христовото и апостолско учење што тоа денес речиси и не се препознава во учењето и праксата на православните цркви.
Ако сметаш дека не е така, ајде да збориме аргументирано.
Покажи ми каде Христос или апостолите осветувале вода?
Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на покојни верници?
Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на Мојсеј, Авраам, Исак, Јаков, Ное, Лот, Илија, Еремија, Исаија, Јован Крстител итн?
Покажи ми каде Христос или апостолите користеле икона од некој од горенаведениве?
Покажи ми каде Христос или апостолите цртале икони, се клањале пред нив, ги осветувале, палеле кандила и сл?
Покажи ми каде Христос или апостолите се поклонувале на лешевите од верниците (мошти)?
Покажи ми каде Христос или апостолите принесувале свеќи за живи, за мртви, за здравје и сл?
Покажи ми каде Христос или апостолите и се молеле на Марија?
Покажи ми каде Христос или апостолите или кој било друг Божји човек се молеле на светци?
Покажи ми каде Христос или апостолите ја нарекле блажената Марија најголема, пресвета, преблагословена, владичица?
Покажи ми каде апостолите дозволиле да им се поклонуваат? (А од друга страна има јасен цитат каде што апостол Петар одбива поклонување
Дела 10:26)
Покажи ми каде Христос или апостолите забранувале брак на епископи? (наспроти јасната заповед во Библијата секој епископ да биде маж на една жена
1 Тимотеј 3:2)
Покажи ми каде на понизните апостоли им бацувале раце?
Покажи ми каде апостолите носеле свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив?
Покажи ми каде Христос или апостолите проповедале етнофилетизам?
Покажи ми каде Христос или апостолите се прекрстувале со рацете?
Покажи ми каде Христос или апостолите мафтале со кадила?
Покажи ми каде Христос или апостолите се мешале во политика?
Покажи ми каде Христос или апостолите се побратимувале со власта?
Итн.