Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Лео, во Светото Писмо не се напишани многу нешта, па ако се повикуваме само на „суви „цитати„, тогаш многу прашања ќе ни останат не одговорени, „сувото„ толкување на цитатите, ќе не одведе во логички апсурди.

..а за да простодушната елементарна логига не не' одведе настрана од вистината, потребни се специјални, посебни форми на логика, достапни само на избрани функционери (на оваа, една од 39.000-те деноминации на христијанството) за да се објаснат елементарно логичните, но недоволно подобните заклучоци до кои лесно би можел да дојде секој разумен верник.

Наводниците намерно ги избришав, пошто стварно ги имаше премногу.
 
Дали Исусовото „Дајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога” значи дека верата мора да биде одвоена од политиката?
 
Не.

„Дајте му го на царевото на царот...„ значи дајте му данок на царот (или било која власт) кој граѓанинот е должен да го плати.
„...а Божјото на Бога„ значи дека целиот наш живот треба да го прилагодиме на волјата Божја и со тоа, секој од нас како поединец, станува близок до Бога, секој од нас станува Христов и сличен на Христа Богочовекот.

--- надополнето ---

..а за да простодушната елементарна логига не не' одведе настрана од вистината, потребни се специјални, посебни форми на логика, достапни само на избрани функционери (на оваа, една од 39.000-те деноминации на христијанството) за да се објаснат елементарно логичните, но недоволно подобните заклучоци до кои лесно би можел да дојде секој разумен верник.

Наводниците намерно ги избришав, пошто стварно ги имаше премногу.

Црквата Христова е „....една, Света, соборна и Апостолска...„ а се што е надвор од Црквата, може самото себе да се именува како му е волја. Така, Црквата е една, ама затоа имаш многу здруженија на пензионери, заштитници на човековите права и правата на животните и сл.
 
Поточно која од 39.000-те христијански цркви во светов е онаа ЕДНА, света, соборна....

Која поточно?
 
Која поточно?

Позната е и како „Источна православна Црква„, која го задржа Христовото и Апостолското учење до ден-денес во неизменета состојба.
 
Зошто мислиш дека токму таа е вистинската, а не некоја од останатите 38.999 христијански цркви на светов?
 
Затоа што само таа (Црква) има контунитет од 2 000 г. и има колективно сеќавање во целиот тој период и што е најбитно, само таа Црква е од Христа Богочовекот зачната а сите други (цркви) се формирани од луѓе, со точно и познато име и презиме, кои (цркви) зад себе немаат колективно сеќавање подолго од 150 г. со исклучок на изворниот германски протестантизам, кој во меѓувреме се „раскупуса„ на вакви и такви деноминации.
 
Не е точно. католичката црква го има континуитетот. Вие сте испадени сираци од 10-11 век, кога ли беше. Срамота е вака да лажеш Мики, пошто лесно се проверува. Сега уште и Аце да искочи па да каже дека онаа Виснинската НајновоПравославноПрилепска е највистинската и да се потепаме од смеење.

39.000 различни христијански цркви. Како ли, како, да ја одберам ВИСТИНСКАТА?!?!
 
Позната е и како „Источна православна Црква„, која го задржа Христовото и Апостолското учење до ден-денес во неизменета состојба.

Напротив, православните цркви толку го изменија Христовото и апостолско учење што тоа денес речиси и не се препознава во учењето и праксата на православните цркви.
Ако сметаш дека не е така, ајде да збориме аргументирано.

Покажи ми каде Христос или апостолите осветувале вода?
Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на покојни верници?
Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на Мојсеј, Авраам, Исак, Јаков, Ное, Лот, Илија, Еремија, Исаија, Јован Крстител итн?
Покажи ми каде Христос или апостолите користеле икона од некој од горенаведениве?
Покажи ми каде Христос или апостолите цртале икони, се клањале пред нив, ги осветувале, палеле кандила и сл?
Покажи ми каде Христос или апостолите се поклонувале на лешевите од верниците (мошти)?
Покажи ми каде Христос или апостолите принесувале свеќи за живи, за мртви, за здравје и сл?
Покажи ми каде Христос или апостолите и се молеле на Марија?
Покажи ми каде Христос или апостолите или кој било друг Божји човек се молеле на светци?
Покажи ми каде Христос или апостолите ја нарекле блажената Марија најголема, пресвета, преблагословена, владичица?
Покажи ми каде апостолите дозволиле да им се поклонуваат? (А од друга страна има јасен цитат каде што апостол Петар одбива поклонување Дела 10:26)
Покажи ми каде Христос или апостолите забранувале брак на епископи? (наспроти јасната заповед во Библијата секој епископ да биде маж на една жена 1 Тимотеј 3:2)
Покажи ми каде на понизните апостоли им бацувале раце?
Покажи ми каде апостолите носеле свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив?
Покажи ми каде Христос или апостолите проповедале етнофилетизам?
Покажи ми каде Христос или апостолите се прекрстувале со рацете?
Покажи ми каде Христос или апостолите мафтале со кадила?
Покажи ми каде Христос или апостолите се мешале во политика?
Покажи ми каде Христос или апостолите се побратимувале со власта?
Итн.
 
Претпоставувам никаде.
 
Не е точно. католичката црква го има континуитетот.

Го има, не негирам. Православната Црква и го признава апостолското преемство на Римската (римокатоличката).

--- надополнето ---

Вие сте испадени сираци од 10-11 век, кога ли беше.

Не, ние испаднавме доследни и на Христа и на Апостолите.

--- надополнето ---

39.000 различни христијански цркви. Како ли, како, да ја одберам ВИСТИНСКАТА?!?!

Е па имаш 39 000 можности, а имаш и демократско право на избор, нели? Лично, немам таков проблем, оти мојот избор го сторив пред 10 г.

Но, ајде да не бидам злобен. Еве го правилото: најпрво, барај Го Бога, а не Црквата, а Бог ќе те одведе во Неговата Црква. Ти текнува?

--- надополнето ---

Покажи ми каде Христос или апостолите осветувале вода?
Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на покојни верници?
Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на Мојсеј, Авраам, Исак, Јаков, Ное, Лот, Илија, Еремија, Исаија, Јован Крстител итн?
Покажи ми каде Христос или апостолите користеле икона од некој од горенаведениве?
Покажи ми каде Христос или апостолите цртале икони, се клањале пред нив, ги осветувале, палеле кандила и сл?
Покажи ми каде Христос или апостолите се поклонувале на лешевите од верниците (мошти)?
Покажи ми каде Христос или апостолите принесувале свеќи за живи, за мртви, за здравје и сл?
Покажи ми каде Христос или апостолите и се молеле на Марија?
Покажи ми каде Христос или апостолите или кој било друг Божји човек се молеле на светци?
Покажи ми каде Христос или апостолите ја нарекле блажената Марија најголема, пресвета, преблагословена, владичица?
Покажи ми каде апостолите дозволиле да им се поклонуваат? (А од друга страна има јасен цитат каде што апостол Петар одбива поклонување Дела 10:26)
Покажи ми каде Христос или апостолите забранувале брак на епископи? (наспроти јасната заповед во Библијата секој епископ да биде маж на една жена 1 Тимотеј 3:2)
Покажи ми каде на понизните апостоли им бацувале раце?
Покажи ми каде апостолите носеле свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив?
Покажи ми каде Христос или апостолите проповедале етнофилетизам?
Покажи ми каде Христос или апостолите се прекрстувале со рацете?
Покажи ми каде Христос или апостолите мафтале со кадила?
Покажи ми каде Христос или апостолите се мешале во политика?
Покажи ми каде Христос или апостолите се побратимувале со власта?

Во Црквата Христова се сите овие нешта кои ги наброја...

А пошто Вие немате ништо од нештата и атрибутите од листава, значи, затоа и не сте Црква, туку маалска заедница од Дебар Маало (Буњаковец).
 
Е па имаш 39 000 можности, а имаш и демократско право на избор, нели? Лично, немам таков проблем, оти мојот избор го сторив пред 10 г.
Но, ајде да не бидам злобен. Еве го правилото: најпрво, барај Го Бога, а не Црквата, а Бог ќе те одведе во Неговата Црква. Ти текнува?
Колку си ти среќен, Мики, што ти се потрефило да ја одбереш ВИСТИНСКАТА од 39.000-те варијанти... и... оп, замисли, баш таа во која се родени твоите родители!!!

Кажи која луда коинциденција, а?
 
Колку си ти среќен, Мики, што ти се потрефило да ја одбереш ВИСТИНСКАТА од 39.000-те варијанти..

Ја имаш мојата согласнот по прашањето на мојот избор.

--- надополнето ---

Кажи која луда коинциденција, а?

Ц, каква луда коинциденција...Божја промисла е тоа, фала и слава на Бога во Висините.
 
Ја имаш мојата согласнот по прашањето на мојот избор.

--- надополнето ---

Ц, каква луда коинциденција...Божја промисла е тоа, фала и слава на Бога во Висините.

Fuck yeah! Баш ти се погодило да се паднеш у тие 5% што ја имаат НАЈВИСТИНСКАТА ОД СИТЕ 39.000 ВИСТИНСКИ религии. Блазе ти тебе!
 
Мене една работа ме интересира, зошто поповите не работат?
Апостол Павле глуп ли бил што шиел шатори?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom