Незнам зашто волку галама кога ништо спектакуларно не е брзинава. Вчера се вратив од хрватска т.е. се враќавме од словенија па го идевме тој автопат, од Загреб до Макарска е направен. Ние со Е класа возевме 180, па ќе се десеше од време на време да не пролета некој... Среќа имаше мнооооооогу гужва, па неможеш баш да се опуштиш со брзини поголеми од 200. Да е полупразен, со брза кола, комотно можеш 250 да возиш без да ти е страв. Можам да замислам германците колку подобри автопати имаат со по 4-5 ленти.
Кај нас за 135 ќе ти пишат 300 евра. Мерцедесот го купивме од словенец и прво нешто што не предупреди е дека дозволено е 130 да се вози, ама до 160-170 толерирале. Ако веќе си возел над тоа, казните биле неверојатно многу скапи. Дури 100 евра ако возиш скоро 200км/н. Кога му кажавме дека кај нас на 110 дозволено ако те фатат да возиш 135 мислам дека му се слоши
Кај е само разликата во стандардот...
Така да пак ќе речам, незнам зашто волку фама околу брзинава. Казната му е висока зашто им бегал на полицијата, а не ради разликата во брзината. Да си застанел поштено (што не верувам дека е лесно на толкава брзина
) сигурно не би платил повеќе од 2-300 евра.
И уште нешто. Со пасат со моите кога се враќавме од Кушадаси, не ми текнува дали пред или после Измир, имаше исто 300км автопат, ама патот беше прав како писта и немаше ама буквално ниедна кола. Го провозевме 240 чисто колку да видиме дали иде колку што викаа