Пиволенд 2010 @ Тврдина Кале - 15-19.09.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата GrouchoMarx
  • Време на започнување Време на започнување
прво не се анонимни.. второ flanger a не frengl, трето за фленџерот и басот се слагам дека го тупеше дечкото нешо глумеше ко да врти техно у старите 90ти али тоа е тоа.. секој со свој стил си пушта музика
 
Жи - Ва = Жито Вардар :) Си јадел од истата плескавица, еднаш ти била ОК другпат не. Се дешава. :)

Ок. Се здркав. Беа два различни штандови едниот имаше Жи-Ва продаваа гирици такви ствари другиот пишуваше Жито Вардар и продаваа стекови, плескавици такви ствари. На крај памет не ми текна дека се истите... -.-
 
Само Суперхикс, Гоце (незнам како ќе ја погледне Македонија во очи :) ) и Ѓорѓи Шаревски (Big fan) ми направија ќеиф...
Инаку сум многу многу разочаран од пиволенд.
 
Ја заеба малку дождов работата баш на крај... ама забрањено пушење беа стварно добри.
Добар крај како и да е, беше добро додека траеше. :)
 
Не бев оваа година, како што се ближеше почетокот на Пиволендот, така и мојата желба да одам се намалуваше. Ич, ама ич желба немав да одам, а башка и ко шо ми збореа, не ни било нешто посебно. :toe:
 
Епа јас бев петокот од 12 ипол до 3.15 и цело време си фураа tech-progressive без очајни обиди за прелаз (топ си беа прелазите), покачување bass во вистински момент итн итн. Со еден збор супер миксаа. Вчера исто така беше супер. Имаа 2 лаптопа така да грешки во прелаз немаше. Не знам ти што повеќе очекуваш од стејџ со релативно анонимни диџеи :toe:

ДЈите на Полукс и Баланс ако се анонимни тогаш не знам шо ќе кажеш за Скелетфор. Иначе ја бев и петокот и саботата по саат време и ќе ти кажам дека впечатокот што ми го оставија е ептен лош. Толку лошо преклапање на бас-линија сум чул само од ДЈ Бизи (момакот што беше пред УМЕК у Колосеум).

прво не се анонимни.. второ flanger a не frengl, трето за фленџерот и басот се слагам дека го тупеше дечкото нешо глумеше ко да врти техно у старите 90ти али тоа е тоа.. секој со свој стил си пушта музика

Фала на исправката. Не се ни потрудив да го напишам правилно пошо знаев дека сите ќе сфатат. :)
 
Не бев оваа година, како што се ближеше почетокот на Пиволендот, така и мојата желба да одам се намалуваше. Ич, ама ич желба немав да одам, а башка и ко шо ми збореа, не ни било нешто посебно. :toe:
Не е работата од слушање да одлучуваш,но јас ќе речам убаво беше освен цените.
Кога ќе се прецени некој тоа е многу гадно,а баш сакав кога го видов организаторот да го прашам дали има шанси он да влијае на тоа кои цени се.
 
Секоја чашка пиво ми беше се погорка и погорка. Најверојатно поради мојот револт кон цените... Скопско 70 ден... бре бре бре
 
Секоја чашка пиво ми беше се погорка и погорка. Најверојатно поради мојот револт кон цените... Скопско 70 ден... бре бре бре
Ондак зошто пиеше македонски пива? :toe: За 100 денари имаше странски пива што нашиве никад нема да ги стигнат во вкус, и тоа 0.5 л.

Иначе, може некој што бил вчера да каже дали имаше нешто намалување на пивата?
 
Ондак зошто пиеше македонски пива? :toe: За 100 денари имаше странски пива што нашиве никад нема да ги стигнат во вкус, и тоа 0.5 л.

Па кој рече дека пиев Скопско?! Не пиев Скопско само бев изреволтиран од неговата цена. Пиев Стела, Бекс, Пауланер и Лашко. Па и Стела лани беше 70 а сега 100. Лани јас не мрдав од Стела штандот... ама сега не беше така.
 
Иначе, може некој што бил вчера да каже дали имаше нешто намалување на пивата?

Имаше. На Скопско штандот што е горе кај Играчницата за возрасни (или како и да се викаше тој дел) го намалија точеното на 50 денари (нели беше 70 цело време). Али саат време пред да заврши Пиволендот.:icon_excl

Коа завршија Zabranjeno Pusenje и почнаа луѓето да си идат, на штандот на Grolsch почнаа без пари да ги делат преостанатите пива. Бевме 15тина дечки, али шанкерите (и згодната шанкерка) на тој штанд ни дадоа на сите по неколку. Најдобриот момент од цел Пиволенд - гага пиво и мокри девојки.:vozbud::cug:
 
Некои да не дојдовте до информација колкава била посетеноста...бројчано???
 
Некои да не дојдовте до информација колкава била посетеноста...бројчано???
Толку беше добра организацијата, што сигурно некој броел. Никој не може да каже колкава беше посетеноста, но очекувај да лупнат некоја луда бројка.
 
Бев 3 дена, во средата, петокот, и саботата... искрено најубаво си поминав во средата и тоа на ГОЦЕ најлуда атмосфера направи, и во петокот убаво беше ама саботата ептен тапа ми беше.. како и да е не беше лошо.. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom