Пиволенд 2010 @ Тврдина Кале - 15-19.09.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата GrouchoMarx
  • Време на започнување Време на започнување
Знаев дека Рамбо е будала, ама сепак...не очекував дека до толку :cuc:

Од позади мене фрлија прслук, али штета што не го фрлија на сцена туку падна пред бината, па не го ни виде. Ќе си отидеше со убав сувенир у Црна Гора. А јебига... Нареден пат, во некој клуб покрај каминот...:)

Од другото, ТБ Трачери ме разочараа. Не свиреа скоро ништо од поголемите хитови, односот на бендот со публиката беше никаков. Као да му беше скурчено на вокалот па сакаше побрзо да ја напушти сцената.

Лашко Темно сеа 100че и на шанкот горе. Срамота. Беше 70, па вчера 80, денес 100 за 0,4л. Ќе видиме како ќе биде утре... :raz:
 
Интересно, посебно тие старите блузери на стејџот кај пивница што свиреа џими и компанија...пивце & џоинт атмосфера.
Рамбо Амадеус беше лејм, па не го слушав многу, на рејв стејџот беше лабавкич, а тие кошин мошин што и да беа ако беа...fat boy slim :icon_lol:
Заглавив на Paulaner, владее! Ja спаси вечерта...бравос!
 
Трачери ги фатив на крај и баш ми беше криво за тоа. Рамбо беше супер, иако искрено не го слушам баш, ама направи атмосфера алал вера. Абе треба да знаеш како да имаш „однос“ со публика ;) После него кошин диџеиве ја убија атмосферата... во секоја смисла. Некако не ти иде дигната раја, изнасмеана, разиграна на заебанциите на Рамбо и одеднаш дупцис дупцис... само басови... не ми иде баш. Може требале тоа од организација некако да го средат или пак ... намерно ги ставија за да го растераат народот...хммм.... :raz:
Како и да е..премногу прашина и премногу шетачи кои како да си го бараа долго изгубениот роднина во гужвата. Вецињата беа страва, ама тоа до народот е. Како може да утнеш толкава дупка и да се испосереш во цел „тоифор“ не ми е јасно. Ќе повратев кога ја отворив вратата... :pov:
Али ганја се гаѓаше низ цело кале. Искористи ја гужвата работава. ;)
 
Вчера се шлаев ко будала по Кале, отидов до Денс стејџот, се киксаше некој момак од Полукс и вриеше сељачишта, па се упатив на главната сцена за да ги чујам Кошин ДЈс. Момците РА-ЗВА-ЛИ-ЈА. Само на крај малце го отупеа, али затоа пред тоа направија партал! :) Секоја чест, се надевам дека наскоро пак ќе ги видиме. :)

Вечер можно е пак да идам само днб-то на денс стејџ, а можно е и да бојкотирам. :)
 
Ја вчера си отидов чисто за дегустација и некако убаво ми испадна. Пиев Corona, Guiness, Paulaner, Carlsberg, Heineken & Union. Од сите овие Paulaner-от ми беше најубаво, некако најспецифичен вкус. Короната беше како сок, не се ни осеќаше дека е пиво иако е 4.6%. Guiness ми дојде како алкохолно кафе, а другиве 3 ми беа исти горе доле. Carlsberg-от малце ме разочара. Очекував повеќе од тоа пиво.
За програмата, dance-stage rules 2 вечери по ред :). Музиката - мераци. Бев малце и на Рамбо и од тоа што го слушнав ми дојде како бенд за хумор. Се изназборе глупости тој типот. Особено моментот: "Ајмо сви кренете руке горе за новине" :pos:. Kosheen DJ's имаа добар сет, мада морам да кажам дека на dance stage-от пуштаа боље музика.
У план ми е и вечер да идам, па за да надополнам дегустацииве, ќе пробам Erdinger. Ај и вие препорачајте некое пиво што е до 100 денари а да е посебно pls.
 
Трачери имаа супер настап. А јасно е зошто немаа однос со публиката. зошто публиката ја немаше нигде. се повеќе и повеќе ми звучат како најдоабар македонски бенд.а кој не ги сака, нека си отиде, немора да праи гужва, или да се дере уа..имаше и такви бтв
 
duvel.jpg


8,5 алкохол, за мерак. Вечер да попиеме уште некое ко за крај, али ипак после Гоце некако излишно беше присуството. :)
 
За програмата, dance-stage rules 2 вечери по ред :). Музиката - мераци. Kosheen DJ's имаа добар сет, мада морам да кажам дека на dance stage-от пуштаа боље музика.

Денс стејџот е добар??? Не зезај бе, два дена по ред идам и нон-стоп некој има очајни обиди за да напраи добар прелаз, го тупи со намалување на бас и со френгл. Тоа ако е добро ондак ...
 
Трачери имаа супер настап. А јасно е зошто немаа однос со публиката. зошто публиката ја немаше нигде. се повеќе и повеќе ми звучат како најдоабар македонски бенд.а кој не ги сака, нека си отиде, немора да праи гужва, или да се дере уа..имаше и такви бтв

На Таксират лани беа одлични. Тука поладни беа пошо да, немаше публика, имаше сељаци кои чекаа повторен настап на Селимова/Желчески или некој друг по нивни избор. Џабе гужва правеа.
 
Што знам Рамбо може си е ОК ама онака генерално освен на некои моменти беше доста досадно и не баш за ваква манифестација. Во однос на изведувачи мислам дека до сега најдобро беше во среда и четврток. Тоа може е и така за да се напуни кога се работни денови а преку петок и сабота и така и така е пуно. Мислев дека барем до сабота ќе има некоја промоција со попуст или едно за две ама како што видов уште нигде нема нешто такво.

--- надополнето ---

Grolsch - медовача за 100че ;)

Grolsch медовача со поминат рок.....завчера продаваа пиво со поминат рок така да пазете.
 
Grolsch медовача со поминат рок.....завчера продаваа пиво со поминат рок така да пазете.

Ц ц ц срамота...среќа што не фрлив пари, зошто ќе ги фрлев од мост после тие кретените.
 
Денс стејџот е добар??? Не зезај бе, два дена по ред идам и нон-стоп некој има очајни обиди за да напраи добар прелаз, го тупи со намалување на бас и со френгл. Тоа ако е добро ондак ...
Епа јас бев петокот од 12 ипол до 3.15 и цело време си фураа tech-progressive без очајни обиди за прелаз (топ си беа прелазите), покачување bass во вистински момент итн итн. Со еден збор супер миксаа. Вчера исто така беше супер. Имаа 2 лаптопа така да грешки во прелаз немаше. Не знам ти што повеќе очекуваш од стејџ со релативно анонимни диџеи :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom