Пиволенд 2010 @ Тврдина Кале - 15-19.09.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата GrouchoMarx
  • Време на започнување Време на започнување
Ердингер и Дувел многу скапи по 150 односно 250 денари. Инаку вечерва беше послаба од вчера што беше за очекување...
 
На пиволенд да штедиш на пиво. Дали ја имам слаб буџет дали шо е работава
 
Бев вчера, дојдов на половина од Суперхикс и го ислушав комплет Гоце. Интересно беше, Гоце нормално со своите најголеми хитови и неколку плус песни направи добра забава, иако имаа проблеми со миксетата неколку пати.

Цените немаат смисла, на фестивал на пиво треба да бидат промотивни, а не 70 денари да биде Скопското. Сакав Корона ама не ми се дава 150 денари, па си земав црно Лашко.

Премногу гужва, тесен простор меѓу штандовите, така што веројатно и во сабота ќе поминам и доста ми е за годинава.
 
Вечерва пробав Пауланер светло, и ме бендиса, планирам да ги пробам и матното и темното, ем нема бонови, ем убаво е пивото и чини 100че.

Од музика, КУД Идијоти биле арен бенд бе, јас мислев сите панк бендови се чкартоини :) И за жал морав да си отидам веднаш откако заминаа трибјут ту АББА. Бре што убави србинките од бендот, уриѓинал швеѓанки :) Ај утре коа ќе станам од спиење фотки ќе споделам.
 
Вечерва пробав Пауланер светло, и ме бендиса, планирам да ги пробам и матното и темното, ем нема бонови, ем убаво е пивото и чини 100че...

Темното е одлиЌно. =)

Него малце зезнале работа со цениве. :/


Ја искрено се извинувам за клоцата на дечкото што пишуваше во песокот, едноставно беше посилно од мене. :pos:
 
Ако Лупус уште еднаш рогаат 22 спрема 2ца, сериозно ќе се размислам дали ќе идам. Срамота!
 
Со еден збор скапо,идам ама си зиам лименки од продавница па ќе си испијам три а не за едно пиво да давам 150.
Си седам на долниот стејџ не се ни бутам во гужвата горе.Има добри рок свирки и Војче:))
 
Синоќа открив дека сум 14% Келт :vozbud:


Ненормална атмосфера направија Православните Келти, а и Гинисот беше екстра! Штета што буџетот не ми дозволи да испијам повеќе од едно... па морав да се префрлам на Скопско. А после Guinness, скопското има вкус на мочка... :toe:

Наскоро следи видео од синоќешната изведба на The Celts Strike Again, ако успеам да го закачам на YouTube.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom