NBA Сезона 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата D-Wade
  • Време на започнување Време на започнување
Милвоки - Мајами ноќеска гореше.
Судииве во најмала рака беа мизерни. Глупости од фаули му свиреа на Вејд, после промашеното слободно на Вејд, Бош порано влезе во рекет и даде кош за 89-87. Бојкинс од херој во трагичар на крај кога промаши два обиди за тројка на крајот од продолжението, а Богут мислам дека имаше 25 скока најмногу во неговата кариера.
 
Синока го изгледав Орландо против Хјустон.
Можам да кажам дека Орландо се врака на победничките патеки.Повторно составија одличен тим.
Можам слободно да кажам дека овој Орландо е посилен од Орландо пред 2сезони.
Имаат фантастичен центар Хауард(плус солиден back-up Андерсон).
Одлични плејмејкери(Нелсон и Аренас).
Феноменални шутери Ричардсон и Туркоглу(плус Редик).
И овде е Бас.
Орландо во плејофот ке го видите колку е моќен.
 
Па со овој ростер сега, не смеат да бидат ништо друго освен победници.

По звучноста на Мајами, мислам дека Орландо сега дојде на 2ро место.

Флорида мора да има прекрасна клима. :)
 
Ах бе не можеа Феникс/Кливленд да дадат уште еден ебан кош!?!? Ми требаа 210 поени, тие 208 :(
 
Блејк Грифин, постојат граници за дечково :O ?
Не ми е сигурен некако.Млад е.Слично однесување има како Балотели.Делува како не 30 дена него цел живот да бил на Сарвајвер изолиран од свет и сега да е пуштен на теренот.Ако се стабилизира малку ќе биде можеби работа.Во целост значи збориме во целост да ги извадиме оние топ тен данкс Грифин нема некои огромни квалитети.Цела игра на ЛАК е како да одат овој да куца.Мислење примено со резерва бидејќи е видување по првите 35 утакмици.Бројките негови во руки сезоната немале никој во помедерната НБА.Би бил идеален наследник на Денис Родман
 
Не ми е сигурен некако.Млад е.Слично однесување има како Балотели.Делува како не 30 дена него цел живот да бил на Сарвајвер изолиран од свет и сега да е пуштен на теренот.Ако се стабилизира малку ќе биде можеби работа.Во целост значи збориме во целост да ги извадиме оние топ тен данкс Грифин нема некои огромни квалитети.Цела игра на ЛАК е како да одат овој да куца.Мислење примено со резерва бидејќи е видување по првите 35 утакмици.Бројките негови во руки сезоната немале никој во помедерната НБА.Би бил идеален наследник на Денис Родман
Балотели? Дечкото е еден од најдисциплинираните момци во НБА... Наследник на Денис Родман? Ти знајш кој беше Родман? хахахах. Тотално спротивен од Родман е, единствено што ги спојува е одличниот скок, Родман е катастрофа во напад, а еден од најдобрите во одбрана, а на Грифин единствената слаба точка му е одбраната/дефанзива

Друг пат размисли пред да пишиш глупости, дечкото не за џабе е првиот Руки после Данкан кој заслужено ке се најди на Ол Стар

--- надополнето ---

Леброн ги растури овие ...44 коша :) ...интересна утакмица во секој случај.
Не ми се верува овие да изгубат повеќе од 5 натпревари до крајот во темпото во кое играат. Го чуваш Вејд, Џејмс ке те растури, ги чуваш двајцата Бош ке те растури, ги чуваш сите ке останат слободни Аројо и Јонс на 3 и тие ке те растурат
 
Од каде та информација дека ќе биде избран за ол стар ?
 
Блејк Грифин чудото до дете.Според мене најатрактивниот кошаркар моментално во НБА(барем за мене).
И сосема ке ми биде очекувано ако се најде во All star тимот на западот најверојатно нема да биде во почетната петорка но барем ке учествува на натпреварот.Во нападот Блејк е фантастичен,но во одбрана не е најсјаен(но има време пред него сигурно ке го поправи тој дел од неговата игра).И не би ме чудело доколку победи на овогодишниот натпревар во забивање.
 
На Slam Dunk Contest ке му го кренат кошот на плафон :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom