Сан Антонио продолжува да победува. Се потсетив на старите добри времиња кога бевме шампиони

. Неверојатен камбек од - 21 против Минесота за победа после продолжение. Серијата стигна до 12 победи по ред. Најдобар Ману со 26 поени од кои 14 во последната четвртина. Стандардно солидни Џеферсон (19) и Паркер (18). Уште да проработи Данкан во нападот и ќе биде одлично. Следат два тешки меча по кои ќе се види дали Спарси се способни за титула. Напрво со Далас во петок а потоа и со Њу Орлеанс во недела. Кај Минесота најдобар Кевин Лав со 32 поени и 22 скокови. Миличиќ е пријатно изненадување сезонава. Трет меч по ред оди на 20+ поени. Овој пат 22.
Од другите мечеви треба да се издвои новиот пораз на Мајами од Орландо. Лошо отворање на сезоната за "Жешките" од Флорида. Со ваква игра тешко дека ќе ги остварат шампионските амбиции.