М
Мартин`
Гостин
Наполнете си го резервоарот со гориво, па потоа патувајте во Грција. Ваква препорака упати македонското министерство за надворешни поради кризата со дистрибуцијата на гориво на бензинските станици кај јужниот сосед, предизвикана од штрајкот на транспортерите.
Се апелира граѓаните да внимаваат и на количеството на гориво неопходно за враќање во Македонија. Во соопштението на МНР се вели дека ситуацијата посебно е влошена во туристичките места, каде воопшто нема гориво и веќе има случаи туристи да останат на отворен пат.
Поради ваквата состојба грчката влада објави наредбата за граѓанска мобилизација, која инаку се воведува во време на војна. Им даде рок на сопствениците на товарни камиони и цистерни до полноќ да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа.
Во спротивно тие ќе бидат апсени и осудени на пет години затвор. Ситуацијата ескалираше утрово кога возачите на камиони се судрија со полицијата во Атина при обид да влезат во министерството за транспорт.
„Леонидас со своите војници рекол: дојдете да го земете тоа што го сакате. И ние го велиме истото. Но, тоа сигурно нема да се случи. Плативме за дозволите за работа и владата мора тоа да ни го плати“, вели Спирос Капетаниос, синдикален лидер.
Последиците од тридневната блокада веќе почнаа да се чувствуваат. Освен што се затвораат бензиски пумпи, истото веќе го направија и многу продавници кои не можат да ги добијат потребните намирници. Туристите исто така почнаа да ги откажуваат аранжманите во страв да не останат низ патиштата во Грција.
-----
Преговорите на возачите на цистерни со гориво во Грција и грчката влада во среда пропаднаа, штрајкувачите ќе продолжат со протестите кои доведоа недостиг на гориво ширум земјата, јавува Асошиејтед прес.
Петдневните штрајкови предизвикаа паника кај деловните луѓе, а особено превозниците кои се борат да преживеат во тешката економска криза.
Лидерот на синдикатот на возачите, Гиоргиос Ѕорѕатос изјави дека владата по едночасовниот состанок одбила да ги исполни клучните барања на штрајкувачите.
Владата се уште нема наредено граѓанска мобилизација , што значи дека ќе бидат употребени државните службеници за да ги заменат штрајкувачите и да продолжи дотурот на гориво.
Возачите протестираат против реформите во правилата за добивање на лиценца, кои се дел од мерките за штедење кои Грција ги прифати за да добие помош и заеми од европските држави и од Меѓународниот монетарен фонд.
Гледаме секојдневно недостаток на гориво, владата дури прогласила мобилизација при што овие што штрајкуваат морат да престанат до прават тоа во спротивно им се заканува и затвор до 5 години. Инаку мобилизација се прави претежно само во време на војна, и плус во последно време се повеќе гледаме како терористичките групи во Грција земаат поголем замав.. многу од спомениците се затворени и не можат да се посетатат баш во текот на туристичката сезона поради штрајкови, голем број на бродови не може да испловат повторно поради штрајкови на островите како и редовно барем еднаш неделно штрајкуваат таксистите и градскиот сообраќај. А да ги оставиме на страна големите пожари кои може да се каже дека се појавуваат секој втор ден кај нив ..
Едноставно речено Грција пропаѓа ..