Грција во хаос

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Наполнете си го резервоарот со гориво, па потоа патувајте во Грција. Ваква препорака упати македонското министерство за надворешни поради кризата со дистрибуцијата на гориво на бензинските станици кај јужниот сосед, предизвикана од штрајкот на транспортерите.

Се апелира граѓаните да внимаваат и на количеството на гориво неопходно за враќање во Македонија. Во соопштението на МНР се вели дека ситуацијата посебно е влошена во туристичките места, каде воопшто нема гориво и веќе има случаи туристи да останат на отворен пат.

Поради ваквата состојба грчката влада објави наредбата за граѓанска мобилизација, која инаку се воведува во време на војна. Им даде рок на сопствениците на товарни камиони и цистерни до полноќ да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа.

Во спротивно тие ќе бидат апсени и осудени на пет години затвор. Ситуацијата ескалираше утрово кога возачите на камиони се судрија со полицијата во Атина при обид да влезат во министерството за транспорт.

„Леонидас со своите војници рекол: дојдете да го земете тоа што го сакате. И ние го велиме истото. Но, тоа сигурно нема да се случи. Плативме за дозволите за работа и владата мора тоа да ни го плати“, вели Спирос Капетаниос, синдикален лидер.

Последиците од тридневната блокада веќе почнаа да се чувствуваат. Освен што се затвораат бензиски пумпи, истото веќе го направија и многу продавници кои не можат да ги добијат потребните намирници. Туристите исто така почнаа да ги откажуваат аранжманите во страв да не останат низ патиштата во Грција.

-----

Преговорите на возачите на цистерни со гориво во Грција и грчката влада во среда пропаднаа, штрајкувачите ќе продолжат со протестите кои доведоа недостиг на гориво ширум земјата, јавува Асошиејтед прес.

Петдневните штрајкови предизвикаа паника кај деловните луѓе, а особено превозниците кои се борат да преживеат во тешката економска криза.

Лидерот на синдикатот на возачите, Гиоргиос Ѕорѕатос изјави дека владата по едночасовниот состанок одбила да ги исполни клучните барања на штрајкувачите.

Владата се уште нема наредено граѓанска мобилизација , што значи дека ќе бидат употребени државните службеници за да ги заменат штрајкувачите и да продолжи дотурот на гориво.

Возачите протестираат против реформите во правилата за добивање на лиценца, кои се дел од мерките за штедење кои Грција ги прифати за да добие помош и заеми од европските држави и од Меѓународниот монетарен фонд.


Гледаме секојдневно недостаток на гориво, владата дури прогласила мобилизација при што овие што штрајкуваат морат да престанат до прават тоа во спротивно им се заканува и затвор до 5 години. Инаку мобилизација се прави претежно само во време на војна, и плус во последно време се повеќе гледаме како терористичките групи во Грција земаат поголем замав.. многу од спомениците се затворени и не можат да се посетатат баш во текот на туристичката сезона поради штрајкови, голем број на бродови не може да испловат повторно поради штрајкови на островите како и редовно барем еднаш неделно штрајкуваат таксистите и градскиот сообраќај. А да ги оставиме на страна големите пожари кои може да се каже дека се појавуваат секој втор ден кај нив ..

Едноставно речено Грција пропаѓа ..
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Додека не видам да се пукаат не им верувам. Кога станува збор за Грција и немири јас сум неверни Тома. :toe:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ништо ново под слонцето... грците си штраjкуват,керванот си оди...
За нивното обштество това си е нормално-штраjкове,судири со полициja...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Нема гориво ебате беља луѓево на магариња ќе си идат оттаму :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Мене смешно ми е ама тие што отидоа по одмори таму и на сезонска работа не им е смешно ич.
Замисли заглавуваш во Миконос кај педерите и да не можеш да си дојдиш освен со пливање и пешки или на магаре :icon_lol:.
 
М

Мартин`

Гостин
Грчката полиција употреби солзавец против камионџиите

Грчката полиција во четвртокот употреби солзавец за да ја растера групата од околу 500 камионџии, кои жестоко протестираа во центарот на Атина.

Немирите избија изутрината, кога камионџиите се собраа пред просториите на министерството за транспорт за да го искажат револтот по синоќешната владина одлука, со која е издадена наредба за цивилна мобилизација.

Оваа владина мерка ги принудува камионџиите да ја вршат својата работа и помеѓу другото да ги снабдуваат бензинските пумпи со гориво.

Неколкудневниот штрајк на камионџиите во полн ек на туристичката сезона предизвика големи пореметувања во целата држава и заглави неколку илјади туристи.

Истовремено, поради штрајкот голем број на самопослуги и продавници останаа без продукти.

Причина за штрајкот е владината најава за либерализација на превозот на стоки, со која многу полесно и поевтино ќе може да се извади лиценца, што ќе придонесе до зголемување на конкуренцијата.


Во екот на туристичка сезона они да немаат продукти, оф леле :pos2:
 
P

PewDiePie

Гостин
Нема гориво ебате беља луѓево на магариња ќе си идат оттаму :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Мене смешно ми е ама тие што отидоа по одмори таму и на сезонска работа не им е смешно ич.

Пак нека одат :tv:
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Малце офтопик

Б'лгари запалили пожар на гр'цки остров

Б'лгарите празнували на борда на јахта в залива между острова и курорта Вурвуру, те стрелјали с'с сигнални ракети и така запалили гората на о-в Диапорос
:pos:

Палете момци, не се плашете, целата га запалете

 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Малце офтопик

Б'лгари запалили пожар на гр'цки остров

Б'лгарите празнували на борда на јахта в залива между острова и курорта Вурвуру, те стрелјали с'с сигнални ракети и така запалили гората на о-в Диапорос
:pos:

Палете момци, не се плашете, целата га запалете
Тоа е сјајно- но штета ги уапсиле :( и можно е да ги осудат на 10 години

http://www.bnews.bg/article-13305
 
М

Мартин`

Гостин
ГРЦИЈА, ХАОС, ЗДРАВО

Грчката Влада воведе вонредни мерки за мобилизација, цената за литар бензин се качи до 5 евра, стотина илјади туристи се заробени во земјата, оние од западна Европа ги откажуваат аранжманите а 4-дневниот штрајк на камионџиите, кои практично парализираа сè, кулминираше со судир со полицијата.

Српските медиуми јавуваат дека поради штрајкот на возачите на цистерни, кои не доставуваат бензин до пумпите, преку 100.000 туристи од Србија не можат да заминат од Грција.

Редовната цена на бензинот во Грција се движи меѓу 1,25 и 1,40 евра, но прекинатата дистрибуција на улиците ги изнесе шверцерите, кои за литар гориво бараат и по 5 евра.

Камионџиите протестираат против владиниот предлог за либерализација на нивната строго регулирана професија, што практично значи дека ги губат 150-те илјади евра кои ги дале за дозвола за работа. До сега, шоферите овие дозволи ги препродавале приватно.

Реформата е дел од одредниците кои на Грците им ги постави Меѓународниот монетарен фонд, како услов за издавање на втората рата од заемот, во висина од 110 милијарди евра.

Околу 500 камионџии протестирале пред министерството за транспорт на Грција во Атина, откако властите им порачаа дека ќе ги гонат кривично доколку не се вратат на работа.

За да го среди хаосот, Владата прогласи вонредна состојба на мобилизација, мерка која се воведува во време на природна катастрофа или војна.

По краткиот судир со полицијата, возачите соопштиле дека директно нема да и пркосат на вонредната состојба и ќе користат поинакви форми на непослушност.

Во меѓувреме, групата "Секта на револуционери," ја презеде одговорноста за убиството на новинарот, Сикратис Гиолиас и вети дека Грција ќе ја претвори во воена зона.

"Ќе напаѓаме полицајци, бизнисмени, новинари и затворски чувари. И објавуваме војна на вашата демократија. Туристите мораат да научат дека Грција повеќе не е безбеден рај на капитализмот," стои во соопштението издадено од организацијата.


Филмови се ова Грциве ама ако господ гледа и враќа ..:smir:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Само да доинформирам - владата воведе граганска мобилизациja,но штраjкуваштите одбиват да се подчинат. Казната за това било 5 години затвор. :)
 
М

Мартин`

Гостин
Само да доинформирам - владата воведе граганска мобилизациja,но штраjкуваштите одбиват да се подчинат. Казната за това било 5 години затвор. :)
Џабе е пиши пропала работа ако нејкат они самите они нека кажуваат и 5 и 10 години тоа ти е грчки синдикат нема остапки, и сигурно нема да притворат и да ги пикнат во затвор 600+ луѓе кои штрајкуваат само со камиони што се. Инаку погоре за терористиве уште подобро нека им ја раздрмаат државата.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Џабе е пиши пропала работа ако нејкат они самите они нека кажуваат и 5 и 10 години тоа ти е грчки синдикат нема остапки, и сигурно нема да притворат и да ги пикнат во затвор 600+ луѓе кои штрајкуваат само со камиони што се. Инаку погоре за терористиве уште подобро нека им ја раздрмаат државата.
Не,повеке от убеден сум дека нема да ги стават во затвор,но кажувам каков им е закона просто.
Да видиме след граганска мобилизациja што следува :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom